Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.096
    Допаѓања:
    26.943
    @Stephen Amell Мене па ми се допаѓа, не сум обожавател инаку на ваков жанр. Но, супер ми е сега за сега. Има некои прости моменти, ама некогаш е стварно напнато. Потешка ми е за разлика од Госип Грл, Емили ин Париз ама океј е. Јас мислев многу покатастрофа ќе е. Може ради Томи замижувам на се :D
    @inception Ќе сакаш да ме тагнеш кога ќе почне новата сезона? Јас ќе ставам и римајндер на Нетфликс, ама ретко го гледам тоа. :D
    @Mishela ја почнав трета сезона. Океј е, ако имаш време погледни ја. Некако Грејс чудна ми е тука, а и веќе како приказната да почнува постепено да измумира, како да нема смисла веќе. Ама ајде, на почетокот сум, ќе видеме :D
     
    На inception, Mishela и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  2. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    @GirlRose Мене Peaky Blinders ми е е во топ 3 серии што сум ги гледала, значи пре-ја-ка!! Вреди да се изгледа до крај, па чекаме и нова сезона. :D А дека замижуваш на се ради Томи, same girl, same. Како да му замериш нешто само, како? Хахах :D:D:inlove:
     
    На Celltica и GirlRose им се допаѓа ова.
  3. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Screenshot_20210217_151315.jpg
    Ќе ја гледа некој?^_^
    Добивам Dark и The 100 vibes, од трилерот.
     
    На Mencia, Lella, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Машки
  5. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Дај предложете добри серии со кратка рецензија ако не ве мрзи :)
    И друго сакав да ве прашам riverdale ја почнав стасав во 5 епизода на сила некако да и давам шанса?
     
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Дечки, предлог за лесна серија, по можност комедија, нешто налик Brooklyn nine nine, New girl?
     
  7. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Modern Family :)
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.694
    Допаѓања:
    168.253
    Пол:
    Женски
    Не! :rofl:
    Ако ја преживејш прва сезона после не е досадна туку е shitshow и можиш сеир да фаќаш. Ама ако ја гледаш за сериозно - не.
     
    На Flower27, Hellobeautiful, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Гледана и супер серија :D Сепак фала ти.
    Тешко да се најди нешто слично.
     
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    The Mindy project
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Леле ја имаш ли догледано да ми кажеш што се деси? I WANNA KNOW, but I don't wanna waste the time watching it! :rofl:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.694
    Допаѓања:
    168.253
    Пол:
    Женски
    Па денешната епизода еве сега се договараме кога да ја гледаме на телепарти. Имам само да речам, it can and it will get worse. :D
     
    На crimson и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  13. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    45.082
    Пол:
    Женски
    Не ми текнува дали имам пишувано до сега, ама за секој случај, ви ја препорачувам How to get away with murder.
    Првите 2-3 епизоди мислев е досадна тинејџерска серија што нема да ми го задржи вниманието.
    Среќа продолжив да гледам, и искрено се навлеков.:wasntme:
    Не сакам да раскажувам за што се работи, само ќе ви кажам, ако сакате трилер, драма, возбудлива серија што го држи вниманието, задолжително да ја погледнете.
     
    На LiliBoz, smooch и Antolinaa им се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.903
    Пол:
    Машки
    Моментално ја следам втора сезона на Snowpiercer.
    Научна фантастика, пост апокалиптична серија. Добри глумци (иако само еден двајца по познати). Добар буџет, добра приказна. Малку даркерски е инаку...
    Ако некој сака да ја почне, прво гледајте го филмот Snowpiercer со Chris Evans.
     
    На Nausicaa, theowndemon и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    81.321
    Пол:
    Женски
    Па како тргнало, јас ќе ја завршам. :|
    Во позадина ми оди додека работам, не знам зошто едноставно не ја баталам, ама ме нервираат недовршени работи па ќе си сркам сега тоа што си надробив.

    Ништо нема смисла повеќе, едноставно премногу се оптерети приказнава со секакви глупости и немам поим што всушност гледам.

    Ама ја почнав оваа синоќа, и ептен ми е забавна.
    Behind her eyes
    [​IMG]

    Според книга од Сара Пинбороу е снимена, книгата не ми се допадна и не ја дочитав, ама серијава ќе ја голтнам во еден залак денес. :D
    Драма-мистерија, доместик трилер, во која се вмешани еден брачен пар и една мајка со мало синче.

    Лу е разведена млада жена, полека се охрабрува да почне да излегува и да се дружи, да си го негува и социјалниот живот покрај се друго нели...
    Но баш кога ќе се договори со пријателка да излезат на пијачка, оваа ќе ѝ откаже и ќе сретне еден мистериозен тип.
    Ќе испадне дека ова е нејзиниот нов шеф кој е оженет. И ќе ѝ се разбуди љубопитноста уште повеќе кога ќе ја сретне и сопругата и ќе станат друшки. :wasntme:

    Немам поим што кликнав, го испратив мислењево дури пишував :D, ама засега серијава ептен ми е погодена, 3 епизоди изгледав вчера и да не ми се спиеше толку ќе ја завршев.
    Ќе видиме каков ќе биде крајот, ќе пишам.
     
    На Nefertiti., Nausicaa, x.Daisy.x и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Ја изгледав во еден ден, жртвував спиење :tmi:
    Супер е, ко за мене, сакам лимитирани серии, ама за ова посакав уште една сезона.

    Фино се одвиваше, точно колку да те држи во неизвесност, да не ти здосади и да посакуваш да го видиш расплетот, кој ми беше тотално неочекуван.
    (Ни емотикон не можам да ставам да не откријам некоја емоција за крајот :doh:)
     
    На Traveler91, MarijaMi90, Nefertiti. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    81.321
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив вчера, ме бендиса ептен. Со мали исклучоци, ми имаше некои работи кои беа претеризам, ама солидна серија и покрај тоа. Ќе барам сега некоја слична, ако постои таква што не ми е гледана. :D
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Да, овака кога размислувам наназад имаше некои нелогичности ама па барем ми се генерално допадна серијава во морето други неинтересни.
    Ако најдеш друга слична, сподели. Фала и за ова ;)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ко себе си да си се читам :D:D:D

    6 епизоди? Топ! Одлично! Супер! 8 епизоди? Ај ок, не е многу. Десет епизоди? Хммм, па што знам, ама ај интересна делува приказната... 13 епизоди? Ауууу, не, не, многу е тоа, ај да видам има ли нешто пократко...

    Катастрофа сум периодов :D:D:D

    Equinox ја изгледав, не беше лоша. Мене па крајот ми се допадна. Да имаше само повеќе митологија, ептен ќе беше мој тип на серија :)

    Сега ќе ја симнам Invisible City.

    Инаку, периодов се изнагледав серии од неанглиско говорно подрајче- 30 Coins, Zone Blanche, La Mante, Le Chalet, Tabula Rasa, Sweet Home, Jordskott (не се сите на нетфликс) и иако се забележува поскромниот буџет, морам да признаам дека беа супер промена :)
     
    Последна измена: 21 февруари 2021
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    81.321
    Пол:
    Женски
    И јас сакам вакви серии @Nausicaa, здосадени ми се овие од англиско говорно подрачје и сè друго ми е поинтересно.
    Вчера ја загледав Tribes of Europa, таа е германска.
    Многу насилство и крвови има, а така ко детска и невина ми личеше. :D
    Не е нешто што би одбрала да гледам, ама ми држеше внимание.
    Денес ќе ја гледам Caliphate, таа мислам дека е шведска серија и другарка ептен ми ја пофали па ќе гледам.

    Сериозно ми оди на нерви ова со концентрацијата, мозоков ко да одбива да соработува со мене кога ќе видам дека се работи за серија која има повеќе од 1 сезона, за филм кој трае +2 саати, за книги над 400 страници...некој аларм ми се вклучува, некој panic mode, одма во секунда бирам друго. :worried:
    Ќе биде забавно кога ќе снема нешто за гледање. (lalala)
     
    На НаталиЛили и Avery им се допаѓа ова.