Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.504
    Допаѓања:
    42.763
    Пол:
    Женски
    Јас изгледав се што е интересно ма Нетфликс, додека мијам садови или готвам, веќе не можаж да го правам ова без нетфлик у позадина.

    Последно време излегуваат интересни сериички, така забавни ама не многу сериозни. Моментално ја гледам Behind her eyes, мене пак нешто не ми е многу интересна, може оти случајно дознав што е финтата( ако ми е штом пребарувам серии) па немам желба сега да ја догледам.

    Инаку Prison Break не ја гледав на времето и сега ми е милина, си ја гледам, се опседнав.
     
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Машки
    The rain, данска, одлична.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    оф-топик.

    Веќе некое време сум на мисла да отворам нова тема за серии од неанглиско јазично подрајче, само ептен да не се раштракаат мислењата меѓу таа тема, потоа оваа за Нетфликс што е, општата за дискусија за серии што е и плус „Препорачајте интересна серија“. А баш би било убаво да си има засебна тема за сите кои сакаат малку да одморат од англискиот јазик :)
     
    На 1209, dayla, Stephen Amell и 2 други им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Даа, do it! Ќе прават уште многу серии од туѓо потекло затоа што добиваат поголемо внимание и гледаност. Стварно има и што да се коментира.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    81.321
    Пол:
    Женски
    Слободно отвори ја темата, ќе пишуваме и таму. Кога веќе има теми како филмови на Германски, зошто да не би имало и некоја за сите серии кои не се на Англиски јазик.
    Јас најчесто пишувам тука, затоа што во последно време сите серии и филмови кои ги гледам се на Нетфликс. Најлесно ми е така на готово, без да симнувам, па во темава си се наместив.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Отвори ја темата.:hug: Јас последно гледам серии што не се на англиски јазик. Последно ја почнав новата на Нетфликс "Tribes of Europa". Интересна серија, го држи вниманието. Изгледав две епизоди, за викенд ќе ја изгледам цела. Ќе пишам кратка рецензија кога ќе ја изгледам. Серијата е на германски јазик. Има и актер од Дарк серијата.
     
    На Kitten и Nausicaa им се допаѓа ова.
  7. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Јас последно се заразив со Selling Sunset. Агенти за недвижности продаваат прекрасни куќи во Лос Анџелес. Полна е со сплетки. Ретко гледам вакви реални шоуа, но оваа баш убаво ми легна, супер е за опуштање.
     
  8. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Behind her eyes
    Ја изгледав и јас, ми се допадна иако имаше на моменти малку исфорсирани сцени каде преметкав очи, ама у главно, ми држеше внимание скрос.
    Дури и мажот ја бендиса а последните две епизоди само ги изгледа он.:D

    Tiny pretty things
    Едвај ја изгледав, се мачев со серијата.
    Може е добра замисла целата приказна, ама лоша реализација и лоши глумци.

    The Walking dead
    Ја обожавам. Ја гледав дење-ноќе, и скрос се приврзав со серијата.
    Барам нешто слично, не мора со мртви, зомбиња да е, туку слична тематика.
    Глумата беше на ниво на сите ликови, и секој лик беше разработен и приказна сам за себе.

    Dark
    Ја гледам моментално. Ми задржува внимание сега за сега.

    Anne with an E
    Ја гледам и оваа наизменично. Малку ми е досадна, развлечена, ама сепак е одлична. Глумата е буквално перфект и ликовите се добро одбрани, посебно во главната улога што е младата госпоѓица, има посебен шарм и е интересна за слушање и гледање.

    Queen of the south
    Првите сезони беа добри и скрос бев опседната, ама малце а претераа на крајот веќе, Тереза а претера, мачка да беше ќе загинеше.
    Се тоа па тоа, последната сезона до пола и ја оставив, мачење ми беше веќе.

    Firefly Lane
    Едвај 2 3 епизоди ми одеа у позадина, очекував многу повеќе посебно од Катерин, машала остарела од Грејс Анатоми ама пак си е јака мачка, а серијата е досадна со еден збор.

    Workin moms
    Ги изгледав брзо сите сезони, интересна е, брзо дејство, лајт, лесно сварлива серија.

    Sons of anarchy
    Оти не можам да ја прифатам серијата?
    4 епизоди изгледав и ја прекинав, со сила гледав, не можам да се приврзам, ликовите сите ми се мех.

    Ве читам дека не сакате долги серии, а јас па обожавам, баш затоа и ја почнав walking dead, 10 сезони за помалце од месец ги изгледав, кога лежиш на паталошка и немаш друга работа така оде тоа.:)
    Таман ќе се поврзам со ликовите и да ми прекине серијата, ич не го сакам тоа.
    Затоа сакам предлог за серија со повеќе сезони, да си уживам во неа и да имам во секој момент што да гледам.
     
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Ја гледал ли некој Crashing? Почнав една епизода, ептен кратки се, но ништо не ми се допадна. Хуморот ептен вештачки.
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.218
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Излезе и официјалниот трејлер за серијата "Shadow and bone" која е адаптирана според серијалот на книги Grishaverse - Bone and shadow и Six of crows од Leigh Bardugo.

    Има и некој друг што е заинтересиран за оваа серија?? Јас со душа чекам да ја гледам.
    Излегува на 23ти Април.
     
    На Nausicaa и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Машки
    Може да и се даде шанса.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Mishela , Invisible City е одлична! Таман како што ги сакам периодов- кратка, лесна за гледање и интересна од почеток до крај.
     
    На 1209 и Mishela им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    81.321
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што ти се допаднала. Ептен уникатна тема имаше, фактот што отскокнуваше од шаблонот ми ја направи серијава интересна. Си читав легенди и преданија за ликовиве, обожавам вакви работи.

    @ane.bella книгите добри се? Толку се големи, па и серијали, ме плаши помислата да се нафатам да ги читам. :sweat:
     
    На 1209, Nausicaa и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    Добро, и како го разбравте крајот на Equinox? Само јас ли останав во прашалници? Како да ми фалеше уште една епизода :?:
     
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.218
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    5 knigi se, 3 od Bone and Shadow i 2 od Six of crows, vo prosek od po 450 do 500 strani.
    E sega mene ne mi se procitani, ustvari pocnav da ja citam Six of Crows i ne mozev nikako da se vklopsm, iako ne e eden ist serijal dejstvoto e vo ist svet, preporaclivo e da se pocne so B&S a ne ko mene od nazad na napred. Dosta popularni se i ako si ljubitel na fantasy books sigurno ke ti se bendisaat :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Онака лабаво ја гледав серијата, така да ништо чудно и ништо да не сум сватила.

    Мајката направила договор со богот за да и даде дете, но потоа се обидела да го прекрши со тоа што во замена за ќерка и, го понудила внучето. Но кога Ида ќе абортира, богот ќе ја земе и неа и останатите млади, како казна. Кога Астрид самата ќе се понуди како жртва, богот ќе ги пушти останатите деца.
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    А како таа ги добила двете деца? Ова некако нејасно остана, а цело време татко ѝ како да не беше умешан во ова. И многу други нејасни моменти имаше, како песната на касетата што ја слушаше наопачки, сектата во местото Маракеш...
    Штознам, некако недообјаснети беа работите. Затоа реков како да фалеше бар уште една епизода. Не ме бендиса баш.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    81.321
    Пол:
    Женски
    И мене ми фалеше бар уште една епизода плус, нешто ко да остана да ми лебди, а не знам што.
    Добра ми беше серијава, вистинско освежување ама еве крајот ми зезна впечаток.
    Од една страна сосем заокружена приказна, но од друга - нешто недостигаше.

    Ќе видам сега што ќе гледам следно, пак ги загледав Gilmore Girls и не ми се оставаат иако напамет ги знам некои од дијалозите. :tmi:
     
    На Nefertiti. и Kitten им се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.367
    Пол:
    Женски
    Едно листиче на изгледани серии за февруари

    1. Virgin River s01, s02
    О боже, не знам зошто ја гледав серијава. Прво и оваа ми беше ко копија на Hart of Dixie, дури и истиот доктор е :?: Медицинска сестра пробувајќи да избега од нејзиниот живот и трагедијата што и се случила доаѓа да работи во мало градче каде што нели сите се знаат, ко фамилија се, со сплетки и драми. Ја гледав у позадина дур правев работи, и отидоа некако 2 сезони. И главната глумица многу лошо ми глуми. Не ја препорачувам.

    2. Modern family s11
    Си ја догледав последната сезона конечно. Иако последните неколку сезони веќе ептен затупеа со хуморот и приказните, ќе ми фалат лудите моменти на Кам и Фил. Имаше онака просечен завршеток, очекував нешто поинаку.

    3. Firefly lane s01
    Ја немам читано книгата на која е базирана, баш пред некој ден мајка ми ја зела од библиотека, па баш ме интересира како ќе се спореди. Животот на две најдобри другарки низ текот на годините почнувајќи од нивните тинејџ години, првите моменти на факултет, првата работа, покажува како им се развиваат испреплетените приказни. Сакам вакви серии каде што има навраќање во минатото, многу како this is us ми имаше вајб и мене како целост ми се допадна серијава.

    4. Equinox s01
    Данската серија ја видов препорачана тука и немав што да гледам па ја пуштив и искрено се до крајот бев пријатно изненадена. Испреплетена митологија, мистерија, култ, ова се вообичаено ствари што ми задржуваат внимание и едвај чекав да видам што всушност се случило. На крајот имаше многу некако небојаснети работи па дури гуглав да видам дали убаво сум протолкувала.

    https://www.distractify.com/p/equinox-netflix-ending-explained
    https://www.republicworld.com/enter...ally-happened-to-ida-and-astrid-find-out.html
    Наводно крајот кај што учениците се враќаат и се чудни и се движат ко зомбиња некако бил ставен како можност за втора сезона.

    5. Behind her eyes s01
    Видов и оваа дека била базирана врз книга, ама и таа не ми е читана. Воглавно солидно трилер/мистери серииче. Луис се вплеткува во бракот на Давид и Адел. Меѓутоа нешто чудно се случува меѓу нив, а Луис се повеќе и повеќе навлегува во мистеријата. Некаде на пола сфатив што ќе биде расплетот и бев мнoгу мех, нејќам кога можам да предвидам краеви :D А да и некако споро ми се движеа дејствијата ко за 6 епизоди.

    6. Are you the one? s01, s02
    Уште едно реално шоу каде што пушташ мозок на пасење. Ги имам веќе гледано сите сезони морам да признаам, ама имав потреба за нешто лабаво и не ги памтев првиве сезони. Инаку шоуво има прилично интересен концепт. После многу различни психолошки тестови 10 машки и 10 женски се сретнуваат во куќа каде на секој од нив му е најдена сродната/компатабилна душа. Поентата на шоуто е дали би можеле да си ја препознаете својата сродна душа кога знаете дека е со вас во таа куќа и дали е толку лесно? Имаат 10 недели и 10 обиди и доколку успеат добиваат милион долари и љубов :D

    А да ја почнав и Valeria шпанска серија, типична женска драма, ама искрено ми беше крајно досадна и после 3 изгледани епизоди ја прекинав.

    Моментално не знам што да гледам. Имам некои сериички ставени во листа ама некако ништо не ми прави мерак. Чекам да излезе The one, базиран на книгата од Џон Марс, треба да е интересно серииче.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав Ginny and Georgia. Ви ја препорачувам! Драма, има 10 епизоди и актерите се врв :inlove: Ginny&Georgia_Season1_Episode1_00_06_38_14R.jpg
     
    На BubbleBum94, Anie93, Brooklyn и 10 други им се допаѓа ова.