Изгледав само две епизоди од серијава но навистина ме заинтересира. Нема некој преголем рејтинг, но ми се допаднаа актерите, глумата, некако е мистична, те тера да гледаш и дознаеш што се случило, причините и што ќе се случи понатака. Тин драма е акцентот, лесна серија но сепак држи внимание. На моменти потсеќа на Sex Education, можеби некое ниво подолу. Georgia е дефинитивно многу интересен лик, итра, млада, кул мајка. Едит: сега гледам дека веќе се пишувало за серијава.
Ја изгледав и јас Ginny&Georgia, мене ми беше океј. Јас само ќе нагласам дека за серијава треба да стават trigger warnings. И веќе има драма околу серијава. Тејлор Свифт објави ваков твит: Hey Ginny & Georgia, 2010 called and it wants its lazy, deeply sexist joke back. How about we stop degrading hard working women by defining this horse shit as FuNnY. Also, @netflix after Miss Americana this outfit doesn't look cute on you Happy Women's History Month i guess.
И јас ја изгледав, задржува внимание, не е до толку да со сила се гледа туку ми беше баш релакс и убаво ми дојде. А Тејлор не е интересна одамна, се е у некои драми она, се и смета и се е жртва грејната, аман жено. Итс а џоук, океј е.
Како бе за Behind her eyes некаде на пола сфати што ќе биде расплетот? Јас до последните 5 минути не можев да претпоставам како ќе заврши. Ти изгледа имаш добар стаж со серии Добро, некои работи се наговестуваа и нив ги скопчав претходно, ама баш на крај тоа што испадна никако немаше да ми текне, барем не до последната епизода. И дејството мене ептен тамам ми се одвиваше, ни пребрзо, ни пребавно. Ја препорачувам дефинитивно. Сега сакам да ја гледам The mess u leave behind. Си ја гледала? Спојлер: Крај А крајот мн ме разочара, толку ми беше жал за Дејвид, за детето па да не правам муабет колку многу, што не знам ни дали би имала живци да ја изгледам втората сезона. И јас знаев дека Адел има некои тајни и натприродни моќи, ама дека ќе испадне дека тоа е Роб, никако не помислив. Плус Роб и Дејвид се запознаваат во 5 епизода или како беше?
Јас изгледав 5 епизоди од Ginny and Georgia, прејака серија! И Taylor не знам што толку тешко и паднало, кога во серијата се збореше за Billie Eillish и Lana Del Rey. Маркус ми е преубав.
Сеуште ја гледаме The Crown. Дека со мм па ја развлековме, сега сме до 3 сезона. Ама ја препорачувам. Знам дека некои нешта се фиктивни, ама јас од серијата ептен со приврзав со ликот кој ја глуми кралицата, гледам преку нејзините очила. Многу ми е мила. Спојлер Принцот Филип, сопругот на кралицата, ми е најиритантниот лик да кажам. Не го можам никако. На него животот му е само забава, а тој па само драми нешто
Ја изгледав Bridgetоn во два дена, баш релакс ми дојде. Некако прелабава серија од Шонда, чудно за неа. Сега ја почнав What if, 2 епизоди изгледав и дојдов да ви ја препорачам, нешто во стилот на Behind her eyes, полајт мистерија е, баш задржува внимание, и една сезона е само 10 епизоди.
Ме смори The One. Не знам зошто воопшто ја спомнувале книгата, кога измениле сè од неа, од имиња до дејствија. Не беше до толку лоша, имаше мистерија, интрига, ама само на тоа остана. Ми немаа хемија баш ликовиве и така ја изгледав колку да се рече.
Ја почнав и јас. 2 епизоди изгледав. Сега за сега е океј, држи внимание. Малку ми смета што претерале со yellow tint и shaky cam во некои сцени.
Искрено, ми се здосади Нетфликост... овој нашиот. Едно време 'на диво' имавме АјПи од САД и тој беше навистина со добар избор.
Like и од мене Уште 2 епизоди имам. Баш е релакс Сакам да сум кул мама ко Georgia Не родив на 15 иначе 100% ќе бев толку кул
Јас се заразив со The crown уште 4тата сезона ми остана. Во два дена една сезона гледам Наредна ма листатс за гледање ми е the one
Уште една епизода од The one ми остана, кратка е, лесна за гледање, ама... што знам. Баш пиши ми како е ти се допадне. Или некој друг ако ја има гледано. Ја почнав и Firefly Lane, со мачење изгледав 3 епизоди и се откажав. Кажете предлог за секоја лесна серија ко за пред спиење?