Јас опцув како кочијаш. Спојлер Мислам дека некој друг е убиен, со цел овој стариов да ја спаси Сара. Нели некој ја имаше нападнато кога го даваа тој кадар? Бар јас така разбрав. И ич ама ич не ми се свиѓа тоа што ќе исцедат уште една сезона, па сега Сара ќе ја прават нестабилна, што ти ја знам. Смешно ми стана и се изнервирав зашто толку добро ми течеше целата серија и на крај ваков глупав крај... Некои работи ми немаа логика, баш си зборевме кога заврши, ама и покрај тоа уживав. Мислам, самиот факт што отиде серијава на едно седнување кажува дека ми била интересна за гледање и навистина беше. Да @JuLleE, латиноамериканска е, јас си ги викам шпански, сите ми се исти. Сè што е на шпански, германски, каков било јазик освен англиски ми е освеж. Еве сега и се мислам на La reina del sur, кај и да е ќе ја почнам. Ми ја пофалија па да видам како ќе ми се допадне.
Не читај, уживај додека трае. Неа ја планирам инаку, од лани ми стои маркирана на листата и никако да ја почнам. Ја имаш гледано?
Не, али и ова е латино американска, а јас од дете сум си фан на сериите. Гледам ја фалат, може после ова да ја гледам, иако сакам кратки серии веќе. Се што е во повеќе сезони, ми е недогледано во последно време.
Загледај и чекам коментари Јас ја изгледав првата сезона за 48 саати Втората з 4 дена, сега третата ја чекам. Ја почнав La Venganza de Analia Денес 6 епизоди изгледав. Машала, заразна. Иако нема некој лик што ми фаќа око
@malerozna да земам слободен ден и да удрам на бинџање. Жива зараза им се сериите, не ми е јасно како им успева. Или јас сум им ептен у таргет-групата па кликаме со серииве на прва. @JuLleE и јас некако немам волја да гледам долги серии што имаат повеќе сезони. Баш зборевме за ова некаде низ темиве, може и тука да беше. До трпението ли е, немам поим, ама во последно време и предолги сезони ме нервираат па ајде ќе видиме со оваа. Мислам дека ќе ми се погоди зашто расположениево ептен ми е за нешто вакво, па ќе и опростам што е долга. Ќе видиме утре, ќе ја почнам дури трае желбата.
Не се надевав дека ќе има трета сезона од La reina del sur, изненадија. Омилена серија ми е, во еден здив се гледа првата сезона. @Mishela Ќе бараш уште од La reina del sur, така да биди среќна што имаат и втора сезона, кога ја гледав јас немаше.
Јас ја гледам на вечер Сара дури ја заспивам малава, на 6та епизода сум, колку се сите 10? Интересна заразна содржина, со доста познати глумци ( познати во светот на мексиканските сапуници ) имам некои претпоставки како ќе заврши ама ај ќе видам дали сум во право. Ако ви се гледа нешто латино-американско ама интересно, гледајте ја The Queen of flow ( после 4та епизода жива зараза е) @malerozna по илјадити пат ти ја препорачувам серијава
Готово, после Сара, La reina del sur оди на гледање @malerozna јас мислев некоја постара шпанска серија репризираш
Ме заразивте и мене. Ginny and Georgia ја завршив денес. Интересна. Behind her eyes исто ја изгледав, ме држеше до крај и не очекував така да заврши. Dark Desire ми е почната одамна, уште не можам да ја догледам. Не ме влече некако. Првите епизоди ми беа интересни, сега мех... Сега по ваша препорака почнувам со Who killed Sarah?
Што е со крајот? А си мислев типична шпанска серија и крајот, ете го Убава и заразна серијата, туку сега што да се гледа
Сара ќе ја гледаме на 19ти мај, пак бинџање ќе има. Младиот Алекс ми е многу антипатичен. Го гледав во La Doña, ич не ми е под ќеиф. Другите ми се ок. Овој дечкото на едниот син, Лорензо, го гледам, познат ми. Ама никако да ми текне од каде. За да испадне грофот од Алборада @JuLleE Сега ќе си пуштиш La Reina Del Sur Неа нема шанси во 2 дена да ја изгледаш La Venganza de Analia До 16та епизода стигнав. Главниот пар ми имаат многу хемија Едвај чекам да се згусне работата
И јас ја гледам Сара. Почнав пред неколку саати и ми останаа уште две епизоди.Серијава е многу заразна,кратки епизоди ама ептен држи внимание и секоја епизода ме остава со прашања. Утре планирам да ги догледам последните две. Родолфо и Алекс во двете верзии се богами убави за гледање. Баш ме интересира како ќе се поклопи крајот со моето мислење за како ќе заврши.
Јас ја изгледав Сара по ваша препорака. Супер и непредвидлива се до самиот крај кога се заплетка се уште повеќе Ја изгледав во еден ден. Сега се чека втора сезона. Сега и La reina del sur ја гледам, баш е од оние шпански серии што ги гледавме на времето,ме врати во тој период.
Ги изгледав Who killed Sara, Behind her eyes, Emily in Paris и сите ми се допаднаа. Во последно време сакам такви кратки серии, со малку епизоди за да ми го задржат вниманието. Сега ја почнав Made for love, втора епизода сум па ќе видиме...
Од мене топла препорака за Anne with an E. Не е многу динамична, има малку побавен расплет, ама има толку убави пораки, прекрасни карактери, кои постојано растат и созреваат. Мислам дека на сите што сакате нешто такво многу ќе ви се допадне.
Јас ја почнав ама не ми легна. Нереални некако настаните, многу пати можеше да биде фатен ама сепак среќата на негова страна, во секоја ситуација. Малку вештачки. Ми заликуваше на La Casa de Papel, но таму стварно врвно беше сé скоцкано. Тука баш и не, некои сцени како од science fiction серија ми беа.
Јуле гледај ја Good girls и сите што се мислите што да пуштите. Многу е добра серијата, интересна е цело време, брзо се одвива дејството и нема да ви здосади. Глумата и карактерите исто одлични. А и кратка е 3 сезони по 10 епизоди. И Лупан ми се многу допадна, едвај чекам да излезе нова сезона.
Најдов две Вечер ја почнувам El embarcadero и нормално La Reina del sur Фала на препораката, и овие ќе се изгледаат секако