Who killed Sara- мене ми беше океј, не знам. Може од што читав тука и имав големи очекувања. Просечна серија, не можев никако крајот да и го најдам. Ќе ставам во спојлер што мислам за главните ликови, ако не сте ја гледале, не читајте. Спојлер: Алекс Ликов ми е суспектен. Цели 18 години планира нешто и го кажува се тоа на Елиса која е дел од семејството на кое сака да му наштети. Дали е толку наивен не знам, многу ми е нестабилен искрено. Прави работи за кои не е ни сигурен. Ама, не би ме чудело да е тој убиецот. Спојлер: Хозе Марија Хозе Марија кога е помлад ми е одвратен. Додека пак, кога е постар ми е еден од поомилените ликови. Ми се допаѓа неговата сталоженост и размислувањето. Кјут пар ми се со Лоренцо. Спојлер: Родофло Ликов кога е постар многу смешно оди, некаков фазон хаха. Малку е припрост, емотивен. Не знам, ништо чудно на крај да е изигран. И делот со вазектомијата ми е многу чуден. Спојлер: Маријана Мислам дека Маријана е убиецот. Одвратна ми е со она понашање и она што му го прави и како го манипулира Елрој. Женава е чиста патетика. Спојлер: Елиса Премногу ми е драма куин. Типичен нарцис кој сака да е во центар на настаните и после два дена да го засакаш оној кој сака да ти ја уништи фамилијата. Боже. Спојлер: Цезар Можеби и најантипатичниот лик во цела серија. Толку досаден лик, толку во некој филм и со замисла дека тој е крал на светот. Толку е замешан во црни бизниси и бесови. Мислам дека не е убиецот, но дефинитивно има замешано прсти. Не дека е баш невин. Спојлер: Лоренцо Типов уште кога го видов знаев дека е убиецот. А, кога го видов во продoлжетокот бев посигурна. Многу е смирен и сталожен, ама па некогаш и за ситници се запалува. Спојлер: Сара Девојкава ми изгледа дека ќе легне со сите глумци во серијата. Сите се заљубени во неа.Чудна ми е многу, на моменти и пренаивна. Мислам дека со пролжетокот многу работи ќе се уништат ама ајде. Најверојатно ја прогласиле за мртва и ја однеле во психијатриска болница додека брат и го пратија во затвор. Праќањето во затвор ваљда е било отргнување на Алекс од главните дејства. Ништо чудно Сара да е жива. Се на се океј серија, од мене за првата сезона 5/10. Ако сте фан на шпанска серија со доста жешки сцени, ви ја препорачувам Good girls- мене серијата во првите две сезони ми беше екстра ама третата скроз ја оплескаа. Спојлер Рио е толку совршен, ау какво маќе . Симпатија ми е страшна. Ама не можам да ги замислам со Бет. Омилен лик дефинитивно ми е Ани, со синот и со бившиот ми се пар снова. И Ненси ми е симпатична. Во трета сезона толку се одовлече дејството и толку е очекувано Рио да не го убијат, пошто тој е мачка и има 9 животи. Некои сцени се скроз досадни искрено. И она со Стен и Руби во трета сезона ми е чисто ср*ње. Серијава нема толку дејство за да се продолжува во 90 илјади сезони ама ајде. Перат пари и се е тоа во круг, постојано му должат пари на Рио. Рио сите ги убива освен овие три иако Бет го стрелаше и го предаде и што уште не. Гледам во 4та сезона Бет ќе е со оние од тајната служба што се во последните епизоди од 3та сезона. Може добро ќе заврши, кој знае.
Предлог на некоја во стилот на Insatiable, ginny and georgia ??? Valeria ја почнав вчера ... ништо посебно не ми е .
Who killed Sara. Одлична, на сите ја препорачувам. Спојлер Многу ми се допадна што Сара не беше претставена како невино јагненце, жртва на лошите богаташи. Баш напротив. Сексање со „свекорот“, лажење за татковство, одбивање да и помогне на најдобрата другарка која со плачење моли за помош, раскажувањето наоколу за сексуалноста на „деверот“, свесна како тоа ќе биде доченано од неговите родители... Совршена „снаа“ за тоа семејство Колку беше смешно одењето на Родолфо после кавгите со татко му, со рамениците нанапред. Не знам дали требаше тоа да покажува дека е скршен, или револтиран, ама повеќе личеше на комична сцена од цртан филм отколку на сериозна серија. Таткото пак ми беше дури комичен колку беше претставен како негативец. Како пародија да беше на негативците од теле новелите. Снаф филмовите. Леле, снаф филмовите. Не е за смеење ама- Убијците веројатно се Елрој и мајката, но ние никогаш не видовме како Елрој го сече јажето од падобранот. Можеби се пресмислил и некој друг всушност е кривецот. Ќе дознаеме Ако ви се допаѓаат ваков тип на серии, зирнете ја American Gothic. https://www.imdb.com/title/tt5257744/?ref_=nm_flmg_act_5 Тајни од минатото, дисфункционално семејство, сериски убиец... 14 епизоди, исто брзо се гледаат, исто „спектакуларен“ крај
Ја изгледав и јас Who killed Sara и искрено, не го сфаќам хајпот. Ми се смачи веќе од истава шема на серии, поготово шпанскиве како заредија, со flashbacks, со поврзување и сомневање во сите можни ликови, нелогични сцени, дејство кое може да трае многу пократко од 10 епизоди. Спојлер @GirlRose како мислиш Лоренцо е убиецот? Да не си помешала име нешто или? Прво воопшто не ми беше логично Алекс после цели 18 години затвор, првиот ден од искачање да стане хакер скилз Анонимус и одма да се стаи во акција. Тој и Елиса, кринџ, после 5 дена се заљубуваат, мистери солвинг капл. Одењето на Родолфо гледам повеќето сте го приметиле, за греота беше, ко да гледам Wreck it Ralph, скроз ист. Врвот на глупоста, Марифеј што уствари е анонимусот што му праќа пораки на Алекс. Логика НУЛА. Како и зошто би имала видеа од денот кога Сара "умрела"? Како го знае убиецот ако убиец тој ден немало. Како на Алекс не му текна некако повеќе да истражи низ дома за clues? Јеботе откорнатиот ѕид до него беше. Како цели 18 години Родолфо ВЕРУВАЛ дека он го пресекол јажето ако немал допирна точка со тоа? Како значи како веруваш дека си убиец цели 18 години не се преиспитуваш?? Додуша ова важи и за Хозе Марија и Елрој, лабават 18 години и сега одеднаш проблемот се јавува кога искача Алекс. И ми нема логика Цезар да ја спасува Сара (тоа во дворот) кога освен што имаше секс со неа воопшто не покажа некаква емоција, напротив. Ништо чудно у следнава сезона, или во следните неколку (секако ради хајпот сеа ќе штанцаат сезони без потреба) да се избаци Сара жива, ама Алекс да умре. А да, и во ниеден момент не проба Алекс да ја одмазди мајка си, нити имаше било каков разговор за тоа, зошто не добила пари и трансплантација, а на кој стигна се пожали за тоа. Аа да и уште ова и идам да спијам, ме изнервира. Како бе полицијата не се ангажирала повеќе да ги прочита дневниците на Сара или да пребара низ куќата? Океј знам дека многу барам ама, смучено ми е изгледа веќе од вакви серии од калибар на Elite, 13rw, Toy Boy и сигурно уште минимум 2 што ги имам гледано а се вакви.
Јас дојдов да пишам за The Bold Type. Уште една епиода ми остана, толкy ја штедев дека не сакав да ја завршам, но изгледа денес ќе ја догледам. "A glimpse into the outrageous lives and loves of those responsible for a global women's magazine." Сакам вакви лесни серии, реални, каде што било која девојка барем за момент може да се пронајде во некој од ликовите. На прв поглед изледа лесна и забавна, но всушност опфаќа и доста теми и проблеми со кои млада девојка би можела да се соочи во 20-30тите. Можеби е само до мене, но ептен сакам ваков тип на серии. А, и сакам и јас такво другарство како нив! Доколку имате препорака за некоја слична, кажувајте!
Многу лесна и интересна серија, слична на The bold Type, со малку повеќе хумор. Деновиве треба да излезе 7ма и последна сезона. Хилари Даф е кралица на модата во серијава топла препорака.
Ти благодарам, но ја имам гледано и ептен ми се допадна. Ја има ли на Нетфликс? Ако да, би ја гледала пак.
Ама чекајте малку. Темава е само за серии кои се призведени од нетфликс, значи серии кои излегуваат веднаш по цела сезона. Последниве не припаѓаат во оваа тема, за нив има посебна, серии - општа дискусија, тие се посебно производство и излегуваат епизода по епизода, а не цела сезона. Ве молам не ги мешајте темите. Плус, има и посебни теми за неколку од сериите. Оставете ја темава само за серии произведени од нетфликс.
Ја има, ама не беше тоа поентата, ете прочитај го воведното мислење. Инаку темава ќе е дупла на другите.
Shadow and Bone ја ставија на Netflix вчера, само 8 епизоди се и јас веќе ги изгледав некој друг заинтересиран да ја гледа има? Малце е конфузна на почеток, ( сега ми е криво што не ги прочитав книгите пред да ја гледам серијата, но се надевам до наредната сезона ќе ги прочитам) но со секоја наредна епизода се си иде на место и секоја епизода е се по интересна. Ако сте љубител на фантазија серии од стилот на Game of thrones (оваа е way по Mild ) верувам дека и оваа ќе ви се допадне. Плус Бен Барнс е една од главните улоги
Ја гледа некој The innocent? Видов дека е мистерија - трилер и со Марио Касас, па се мислам да ја почнам... Малку епизоди има, брзо ќе се изгледа
Еве сега ја гледам првата епиода, О Д Л И Ч Н А! Многу јаки серии прават шпанците, глумците од Who Killed Sara слободно можат вода да им носат на овие
Добра е The Innocent Ме разочара малку нешто, да не кажувам спојлери, без тоа 9че,10че од10 ќе беше, вака океј си е 8 од 10. Режисерот на серијава има и мн добри играни филмови. Видете на IMDb во related movies и ако не ви се гледани, нема да згрешите да ги гледате. Мене затоа што ми се, точно знаев што да очекувам од серијава, секако очекував да е одлична и не ме разочара. Ја гледал некој Shadow and Bone? Заглавив на првата епизода, а може да е добра, само да треба да се издржат првата, втората епизода. И Sexify да не ја гледал некој да каже дали е лабава, а сепак ок или не вреди да се гледа.
@MarijaMi90 мене ми беше супер Sexify, многу забавна. Крајот малце што знам, некои работи не ме бендисаа, ама забавна ми беше и ја завршив во еден ден.