Пред една година ја изгледав Ragnarok, или по нашки Тор (богот), и многу ме бендиса. Сакав само да ви кажам дека утре излегува втората сезона.
Здраво, Пред извесно време направив акаунт на Нетфликс. Се е супер, топ, ама знае при крај на филм (или негде на средина) да ми снема превод дали некој има ваков проблем и може ли да се реши??
Само да ви кажам во случај да не знаевте дека има нови епизоди од серијата Луцифер и да прашам дали некој гледаше Shadow and Bone??
Јас ја изгледав Shadow and bone. Не е лоша, не е ни wow, она да речеш да не можеш да престанеш да ја гледаш. Интересна е, ама до наредна сезона ќе заборавам што се случило. Да се надоврзам, на претпоследната епизода сум од новиве епизоди од луцифер и малце така досаднички ми се. Клои некако ко лик многу ми е уништена, на почеток многу ми беше таква јака жена, сеа некако депре ми изгледа цело време. Се надевам со наредна и последна сезона солиден крај ќе и стават на серијава, доста и беше.
Јас ја гледам, ама без возбуда Ептен дека тематиката е фантазија, плус скоро секогаш кога ќе фатам некоја серија ја догледувам до крај, па макар ја мрчела. Можеле многу подобро да го доловат целиот тој универзум и поделбата и нетрпението кои постои. Алина е Шу и поради тоа ја дискриминираат. Ок, ама кои се Шу и зошто толку ги мразат? Можеле малку подобро да ги објаснат гришите и нивното место. Shadow fold-от, волкрите делуваат како нешто што би можело да биде многу интересно. Серијата само како да нафрла битни информации а не се ни обидува да ги објасни. Приказната делува како да има потенцијал ама тој едноставно останува неискористен во оваа екранизација
И јас кога ја гледав Shadow and bone посебно на почетокот бев многу изгубена, читав дека има доста испуштено и изменето од книгите. Алина и Мал двајцата се Шу уствари мелези и затоа не ги прифаќаа. Ја изгледав до крај и интересна ми беше и интересно заврши, ќе видиме дали ќе снимаат уште сезони. Луцифер уште од 4 сезона почна да ми биде досадна, мислам редно е да ја завршат.
Онака е. Јас наеднаш двете ги гледав па затоа ја продолжив. Не е нешто препосебна, ама искрено и првата не беше. За пополнување време е сосема ок. Нели нереални драми и заплети исто ко во првата.
Малку сум незгодна за серии – бирам со часови, а потоа ми требаат месеци за да се одлучам да започнам со гледање. На листа за гледање ми се ставени Bordertown, Deadwind, The Sinner, Mindhunter, Dark, Stateless, Fatma и Caliphate. Само трипати сум имала импулсивна одлука да пуштам нешто од прва после премиера без да размислам. Среќа немав попаметна работа бидејќи Emily in Paris се покажа како страшна грешка со цело стереотипно градење на ликови бетер од ситком. The Queen’s Gambit нема потреба да ја коментирам, најмногу ме купи саундтракот и глумата на Ања. Иииии... Топло ја препорачувам на сите! Мартин Скорсезе ја седнува на астал Фран Лебовиц, легендарна фигура на њујоршката сцена, и четири саати слушате кул муабети и интелигентен хумор. Едвај чекам втора сезона на Russian Doll! When they see us, Unbelievable и Unorthodox ако некој не ги изгледал се a must. Будат гнев, бес и солзи ама на крај доживувате катарза, ветувам. Сите три се градени врз вистински приказни, а веродостојноста на првата е бртутална – и низ актерската игра и преку режијата. Малку е да се каже дека се одлични, не претерувам. Од true crime, како целина, најмногу успеале да ме мрднат (најчесто од параноја) The Ripper, Night Stalker и Conversations with a Killer. American Murder не ми беше ништо посебно, Tiger King е луд хаос, a приказната од The Alcàsser Murders не ми беше позната, ептен ме потресе. Nevenka: Breaking the Silence и Jeffrey Epstein: Filthy Rich одлично прикажуваат шема на манипулирање кај моќник. Grace and Frankie и The Kominsky Method се интересни комедии кои ако сте љубител на овој жанр вреди да ги погледнете. За викендашко гледање се право уживање. Разочарана сум од Baby, мислам дека навистина имаше огромен потенцијал ама освен глумата на двете главни актерки, ништо не ми остави впечаток. Дури и приказната ми беше некако млака, а базирана е на реален случај. Во моменти кога ми доаѓа да откажам претплата доволно ми е само да се сетам дека достапни се Narcos, Alias Grace, Sex Education и сѐ си доаѓа на место.
Да ја гледаш Caliphate, многу е добра серијата. Крајот така малку ме остави потресена, се надевам ќе има 2ра сезона. Ист, ја препорачувам Quicksand. Кратки се двете серии, Шведски се збори но многу добри и двете.
Опседната сум со Good girls, излезе и 4та сезона и едвај чекам да излезе и на нетфликс. Suits исто многу добра серија, а моментално гледам The Blacklist.
Леле втората сезона од Who killed Sara. Се прашувам зошто воопшто продолжив да гледам, се осеќав како некој да прави будала од мене и пресмешна беше целава приказна. Дефиниција за Телевиса пресента, ако ви се гледа виц, тогаш гледајте ја. Пресмешна беше сезонава, ако им текне да молзат уште сезони, уште од старт си мислам дека тука завршив со серијава. Штета, првата сезона беше далеку поинтересна, не знам што ги понело па се занесоа толку со глупостите ама ај.
И јас сега ја гледам и и се мачам, ќе прочитам само како завршува и ќе ја гасам, ужас. Штета е оти прва сезона беше доста интересна.
Екипо да не ја изгледа некој четвртата сезона на Elite? Вреди да се гледа или не? Моментално ја гледам првата епизода па не сум нешто воодушевена. Ќе се случи нешто интересно, некој пресврт или?
Ја изгледав прва епизода и се разочарав отчекував многу повеке ама ке ја догледам. Ми фалат сите стари ликови
Jaс до 4та епизода стигнав, и мене некако досадна ми е. Самуел ми е скроз лигав, отупен лик, од новиве ликови никој ми нема некој посебен шмек, досадни се. Кајетана пак истата сторија некако.. Безвезе.