Ја изгледав и Bonding, @Oxymoron. Ми се допадна и мене, не беше лоша воопшто. А многу ми се допадна и Love, Death&Robots. Необично убава, со екстра брзи и кратки епизоди од по 10-15 минути. Засега Dead To Me ми е ептен хит, веројатно дека последна ја почнав, а и ептен некако ми легна приказната. Уште 3 епизоди ми останаа, не ми се завршува.
И јас ја изгледав Dead to me, лесно ми одеше, интересна приказна, епизодите релативно кратки, за еден ден си лета серијата. Од новиве што се излезени Chambers ми фати око, Special, Go!Live your way, па планирам некоја од овие деновиве да гледам. Исто имa интересни сериички што искачаат сега во мај: The society, What/if, When they see us, само уште да се има време слободно
Мал предлог, најскапата опција да ја делиш со пријатели најмногу се исплаќа зошто: 1) е ултра хд 2) четворица ќе си користите без да си сметате 3) до сега поќе од 200ки немам платено за разлика од 400 за еден екран и шит резолуција.
Мислам дека мора во иста држава само, зошто зависно од држава зависи колку можиш серии да имаш зошто варира бројот од држава во држава.
И како се одвива то? :о Јас па се лимитирав со луѓе од државата ради бројот на серии по држави и цената.
Едноставно. Секој си стрима Нетфликс од било која држава во светов. Содржината зависи од која држава гледаш, а не во која држава е купен. На пример ако делиш акаунт со некој Американец, а гледаш во Македонија, содржината ќе е Македонска. Јас користам ВПН, и америчкиот Нетфликс има далеку поголем избор на серии и филмови од Европскиов.
Периодов се изнагледав серии. Прва ја изгледав The society. Искрено немав големи очекувања за серијата, мислев дека ќе е лабава тинејџерска сериичка, што нема да има некоја кој знае колкава длабочина, ама ќе биде добра за тепање време. Ама се излажав. Не можев да престанам да ја гледам, ликовите се добро изградени иако се сите тинејџери, мистеријата за тоа како сите исчезнаа од градчето те тера да продолжиш да гледаш и ми се допадна ептен. Оставија простор за втора сезона, ме интересира што точно се случило. Ако сакате серии од типот на lost или the 100 или серии со мистерии x тинејџери, ја препорачувам Втора беше What/If. Прво морам да спомнам дека како за прв пат со улога во серија се појавува Рене Зелвегер, која патем едвај личи на себеси. Драма трилер која што уште со првата епизода и нетипичното сценарио ќе ви го привлече вниманието. Обработува неколку испреплетени приказни, ликовите се likeable, освен секако Рене, мада тоа и е улогата. Одличен негативец е. и за оваа серија И последна ја изгледав The order. Серија за натприродно, магии, окултизам. Мислев дека ќе биде малку полабава, ама испадна крипи во стилот на Sabrina малку. Ми требаа неколку епизоди за да одлучам дали ми се допаѓа серијава или не, зошто прилично споро се одвиваше. Ама солидна е. Наредна ја планирам When they see us. *** Гледам излегла нова сезона Black mirror. Гледаше некој?
Trinkets, многу добра серија. Ја почнав сабајле и речиси сум при крај. Тин-драма за секојдневието на група средношколци кои имаат проблем со клептоманија и одат на групна терапија. Ќе изникнат интересни пријателства помеѓу луѓе кои на прв поглед немаат ништо заедничко. Интересна е онака за ладење мозок, забавна актерска екипа и солидна приказна. Не е ептен лимонада тралалајка, додале и малку длабочина во целата замисла. Ме изненади ептен, ја пуштив несакајќи - случајно кликнав и ептен ми тргна. Секоја епизода трае по околу 30 минути, идеално за да се избинџува во најбрз можен рок.
How to sell drugs online исто ми се допадна. Не баш иста, ама така нешто е, во тој стил. Исто и Dead To Me, ама таа е сосем поинаков жанр, иако мене засега таа ми е во топ 3 од Нетфликс.