Истото и јас го помислив уште од првата епизода, уствари стигнав до втора епизода ама спиев веќе Ми фалат старите ликови, не е иста серијата без нив, немам некоја желба да ја продолжам
Да не ја ни почнувам штом толку е досадна. Ептен ја упропастиле. Не им ни требаше нова сезона, само соодветен крај на 3та.
Мене многу ми се свиѓаше четвртата сезона. Новите ликови беа освежување. Хајлајт во сезоната се Ребе и Кајетана. Колку само ја нејќев Кајетана во претходната сезона. Голем crush имам кон актеркава.
Веќе кога скоро сите се разочаравме од Елите, препорачајте некоја нова серија, гледам има многу нови ама незнам која да ја почнам
Јас ја почнав Sweet Tooth. Немав слушнато ни за стипот, за ништо околу серијава. Само пуштив трејлер и ја почнав. До пола сум, добро се развива приказната засега и навистина ми држи внимание. Епизодите се по околу 1 час и актерската екипа е топ. Детенцево е срце. А серијава баш уникатна, навистина ми стана интересна и со душа чекам да видам што ќе се случи следно. Следна ја планирам Lupin, не знам каква е, ниту за што е, ама постојано ми се појавува во предлози па ја ставив за гледање и неа.
И мене оваа ми фати око, пиши впечатоци за понатака како ќе се одвива. За Lupin, океј е ама не ја продолжив после 2 епизоди. Некако многу грешки, премногу случајности во полза на главниот лик, лоша копија на La Casa de Papel ми изгледаше, само со поинаква замисла. Едит: има и посебна тема за првата, утрово ја забележав.
Немав приметено, ама ќе пишам таму па ќе збориме ако уште некој ја гледал. Само да ја завршам деновиве, па таман.
Ја гледаше некој Sex/Life ? Гледам само 1 сезона има, само што е испадната, ќе губам само време или? Очигледно е што ќе се случува во серијава според насловот ама ајде пак да прашам
Што знам, мене ми се допадна. Лабавка е, изобилува со фини секс сцени , на моменти предвидлива… Не е најдобрата серија што сум ја гледала, ама ако ти се гледа нешто лајт сосема е ок. На моменти од такт ме вадеше Били, ама добро
Леле аман веќе со тие едни секс сцени, се некои такви ми се погодуваат, првен елите беше ептен, сега па овој...има нешто јас мислам Не сум на работа оваа недела можеби ќе го почнам, фала ти
Мене нетфликс ми е баш за опуштање додека ја дојам малата и се фаќам како бирам нешто топло да ме насмее. Marlon - пресмешна ми беше секоја епизода One day at the time и jane the virgin ги препорачувам за фамилијарни серии The Circle - Зарем никој не го гледа? се навлеков ептен, guilty pleasure ми е. Посебно втората сезона американска и француската верзија. Бразилската не ми беше нешто посебна. Russian doll - врв серија, ја голтнав и сакам уште. Серии што си играат со времето ми се при срце. Love alarm - тинејџерска корејска серија. Има апликација love alarm, може да се дознае кој те сака во близина. Си ја изгледав до крај Башка главниот глумец е маче Следно не знам што да гледам, почнати ми се Lucifer, Sweet Magnolias, Crazy ex girlfriend, Working moms, Grace and Frankie, Behind her eye, Sex/Life Нешто не ме тера да ги продолжам, лесно може серија да ми здосади...
@Ema.Sk јас го гледам The Circle. Прејако шоу ми е, како залепена сум пред ТВ, ептен сум invested во ликовите. При крај сум со прва сезона и ептен се навлеков. Исто и Too hot to handle. Мораш и тоа да го гледаш.
Дали некој знае зошто немам превод на серииве и филмовиве? Сега обновив членство.. претходно имав сега нема само англиски и турски превод ми излегува
Смени го јазикот ако ти е Англиски. How to change the language on Netflix On a computer or mobile browser, sign in to Netflix.com. Select Account. Select a profile. Select Language. Select a Display Language. Select Save.
Кај мене од секогаш само англиски и турски дава како опција за превод, како се подесува за превод и наш јазик или српски/хрватски?
Кажете некоја комедија... Space force сте ја гледале? Ама да не е завршена со снимање. Ја догледав новата и последна сезона од Atypical, не беше лоша, гледам и следната недела излегува нова од Never have I ever. И Џини и Џорџија ја изгледав.
Еии ме просветливте со преводов баш ќе пробам, оти на мајками и е досадно и сакам да и покажам да гледа ама не знае англиски, па ако има хрватски превод на сериите ќе биде супер