Ја изгледавте новата сезона од Never have I ever? Баш е интересна, имаше доста смешни моменти. Спојлер Само Деви ептен беше напорна, ич не можам да ја сварам некако, не знам Пакстон што виде во нејзе.
Само што ја завршив -- искрено уживав во новата сезона, не дека беше нешто посебно, едноставно ми се допаѓа како е направена серијата, ми влева позитива. Беше смешна, а во исто време имаше добри моменти.
Мислам дека не се сите филмови и серии преведени. Ако не ти го дава во Subtitles како опција, значи тој филм или таа серија нема превод. Првиот скриншот е од Modern family и горе ми дава само анг., а вториот е од Vikings и таму дава повеќе преводи. Од ист акаунт ми се отворени двете серии.
Моментално ги гледам новите сезони од Аtypical, Virgin River и а бенџам Modern family. Ја чекам на Good Girls новата сезона, прејака ми е серијата значи. Новата сезона на Walking dead ми е досадна, ич не ми се допадна, не ја ни гледам, а бев опседната со оваа серија. Зошто никој не зборува за Outer Banks? Преубава серија од две сезони, со пресимпатична актерска екипа, лајт, топла и скрос релакс содржина, за тинејџери што се во потрага по богатства на прекрасен остров, со преубави пејсажи. Обижавам вакви серии, скрос ме опуштаат, дајте предлози за слични. Јас многу ја препорачувам.
Ме чуди што никој досега не ја спомнал Young Royals. Шведска продукција е, актерите се одлични, вистински личат на тинејџери, а глумата е исто така некст левел. Мене ептен ме допре приказната, многу adorable моменти имаше. За тин романса се работи, каде едното момче е дел од кралското семејство и тоа ги заплеткува работите. Не е многу долга, засега има 6 епизоди од по 40 и кусур минути. Ја препорачувам на сите. Спојлер: Други фотографии
Јас ја гледав Young Royals, многу ми беше интересна, во еден ден ја завршив. Го гледавте кулинарското шоу на Парис Хилтон? Во еден ден си го изгледав и него, како маѓепсана. Не знам што беше ова, ама попаѓав од смеење. Не можам да поверувам какви трешови се изнагледав во последно време. Капак на сè - The kissing booth 3. Леле кој дебакл последниов дел, катастрофа. Само толку имам да кажам. Не знам како да се вратам во нормала, на толку изгледани риалити шоу глупости, само такви ми вади во предлози. Hit&Run ја гледам моментално. Ни лоша, ни нешто многу интересна. Но, споредена со сиот овој шундерај од погоре...топ е.
Не си само ти со траш шоута, јас двете сезони Too hot to handle си ги изгледав. Бразилското само не го догледав ту мач ми дојде веќе, а исто и The Circle двете сезони ги изгледав, скрос се внесив со ликовите од тука и од Хат то хендл. И сега барам ново реалити, и налетав на The realhouswifes of Beverly hills…4 сезони изгледав и реков доста е, морам да се вратам додека има спас за мене уште.
Некој понов хорор да ми препорачате? Или некоја нова серија што треба да излезе есенва/излегла летово?
И домаќинките ги гледав. Жива зараза ми се вакви емисии. Ќе почекам да излезе The Cipher со Џеј Ло, не знам кога ќе ја стават ама се надевам ќе биде добра.
Да споделам две турски серии на Netflix кои ги изгледав во еден здив: 1) The Gift 2) The Protector Давајте предлози доколку сте гледале слична тематика (ако ги имате изгледано) ако не, топло ги препорачувам за летниве денови
Последни изгледани кои ги препорачувам се: 1. AlRawabi school for girls 2. Control Z Моментално ја гледам The good doctor и како љубител на Grey's anatomy ми се свиѓа, само што ја почнав Gone for good не ми е нешто баш, не ме навлекува да ја изгледам во еден ден ама не ја оставам (мразам да оставам не догледани серии ) Препорачајте ми некоја limited serie, нај интересни ми се некако, посебно тие што не се американски.
Едвај ја дочекав The Chair! Драма со примеси на опасен хумор и шармантни ликови. Да се истера и издржи борбата за вистина, еднаквост и правда, додека во меѓувреме се водат и личните, интимни битки. На различни точки од мапата на светот, судирите во академските кругови се исти. На одделот за англиска книжевност на Пемброук, кајшто поголемиот дел од професорскиот кадар се мажи, за првпат како шефица е поставена Џи-Јун Ким. Серијата ги следи последните случувања откако таа е назначена на функцијата и предизвиците во кои е втурната. Ким прецизно ја опишува целата ситуација кога вели: I feel like someone handed me a ticking time bomb because they wanted to make sure a woman’s holding it when it explodes. Љубител сум на true crime жанрот ама не би ја препорачала Memories of a Murderer: The Nilsen Tapes. И претходно сум читала за случаите, овој документарен филм не фрла ново светло на нив и не дава друга перспектива иако Нилсен, со игрив глас и лажна сигурност, се труди да го покаже неговото гледиште. Вчера ја прегледав Sophie: A Murder in West Cork. На моменти неизбежни се претпоставките и субјективните впечатоци, но на случајот се гледа преку факти и серијата се труди да ја задржи објективноста. Во некои точки ме потсети на Amanda Knox. Иииии - третата сезона на Sex Education излегува на 17ти септември