Дали откако ќе направиш акаунт се наплаќа веднаш или после еден месец доколку не го прекинеш членството?
Во billing ми излезе како да имам платено. Стои 9.99еу со денешен датум и дека следно е на 3ти октомври.
Гледам и јас сега. Изгледа укинато е тоа од годинава. Чудно, долго време беше првиот месец бесплатно.
Вака сега ќе пробам да објаснам , преку пребарувач отвараш netflix ( на моб или на пс) треба да си логиран на акаунтот кој го користиш и при тоа влегуваш во профилот кој сакаш да го регулираш , кликаш setings па acount и најдоле каде што стојат профилите одбираш дополнителни опции за профилот кој го регулираш , има можност за промена на јазик на профилот , како најблиска опција го имате хрватскиот јазик , кликаш на хрватски и откако ќе направи промена на јазикот на цел профил и при тоа ќе пуштите филм во subtitles ви се појавува како дополнителен јазик и хрватскиот ....
Ја гледа некој новата сезона од The Circle? Многу слабо, претходните беа позабавни. Оваа ептен досадна и ликовиве позлобни не можат да бидат.
Баш баш катастрофа , првата епизода едвај ја изгледав и толку .... се мислев дали да ги почнам бразил или франција ама ептен исценирана е серијава и се откажав веќе
Јас ја почнав The100, во два дена прва сезона ја изгледав, не е ништо посебно ама имало и многу полоши. Бидејќи сакам серии со многу епизоди и сезони секако до недела ќе ја изгледам. Некој друг ја гледал ли?
Јас само првата сезона ја гледав и мислев ќе биде како the society , но некако не ми фати око ... според рејтингот очекував многу повеќе , можеби ќе и дадам втора шанса на серијава , ќе видиме