Како продолжуваат сезоните, така серијата станува се подобра. Обично кај повеќето серии е обратен случај, но овде не.
Ја изгледа некој Clickbait? Многу ми се допадна серијата, крајот ептен ми беше нефер, но мислам дека сепак беше добар.
Squid game. Предобра корејска серија. Преку ноќ стана многу актуелна. 10/10 Едит: толку многу ми го задржа вниманието, ја завршив за една вечер. Една сезона е од осум епизоди. До крај ќе ве држи во неизвесност. Ако ја има некој гледано, сакам да издебатираме, имам теорија за некои од ликовите.
Во целост и мене ми се допадна концептот на серијата. Глумата беше одлична но крајот: meh. Да, се што се случи на крајот беше неочекувано но и покрај тоа не ме воодушеви. не дека "навивав" за одредена личност да биде guilty, но можеше да биде подобро од тоа што беше. Сепак ја препорачувам за сите љубители на овој жанр. Задржува внимание и вреди да се гледа.
Добри филмови излегоа периодов на Нетфликс. The Guilty Мислам дека е римејк, но оригиналот не ми е гледан па не можам да направам споредба. Овој ми се допадна, иако мислев дека ќе биде многу монотон затоа што сè се одвива на едно исто место, целото дејствие во филмот. Џо бил некогашен полицаец, но низа настани успеале да го вратат некое скалило подолу и баш имал среќа што не останал без работа. Работи како оператор на полициската линија за итни повици и навистина дава сè од себе за да се справи со секоја ситуација најдобро што може. Еден ден ќе добие чуден повик од жена која тврди дека е киднапирана и дека итно ѝ треба помош за да не ја убие лудакот кој ја пикнал во комбе. Навидум ништо посебно, но баш ми се допадна. Изненадувачки жив филм, очекував нешто пофлегматично, но навистина беше солиден. Во стилот на сите други филмови со Џејк Гиленхол - напнат и неизвесен психолошки трилер. Afterlife Of The Party И овој филм ми се допадна, слатка чик-флик драма која и не беше така плитка и претепана ради реда. Кеси и Лиса се цимерки, едната е екстровертна и без проблем се вклопува во секакво друштво, другата е малку интровертна и затворена. Клишето различни ко ден и ноќ по којзнае и кој пат ставено на платно. Некој ден пред роденденот на Кеси, двете другарки ќе се скараат за истата работа како и секогаш, но немаат поим дека кавгата ќе биде нивниот последен разговор засекогаш. Кеси ќе умре, а Лиса ќе живее со вината во себе дека се разделиле скарани и дека по нејзина вина ја пропуштија приликата да се смират, а со тоа можеби и да го спречат фаталниот исход. Но, една година подоцна, Кеси ќе добие прилика да се врати на Земјата и да ги испегла сите вакви напнати ситуации. Списокот е краток, времето е кнап, но желбата да се поправат сите работи е секако тука. Многу ми се допадна. Не дека немаше некои глупости, ама сепак ретко добар филм од овој жанр. Со значење, фини ликови во кои можеш да се пронајдеш и со чии ситуации можеш лесно да се соживееш. Што се однесува до сериите, ја изгледав Midnight Mass. Oктомври покрај тоа што е најубав месец од годината, без сомнеж е и месец во кој цело време гледам нешто со вакви језиви теми. Традиција си е традиција. Ми се допадна сетингот, ептен сакам филмови, книги и серии со small town setting. Овдека сè е сместено на еден чуден остров, каде малкуте луѓе кои останале да живеат се ептен религиозни и малата локална црква е секогаш полна во термините кога се одржуваат миси. Какви ликови, каква приказна, ме запрепасти начинот на кој беше обработена темата со верата и вербата. Секако некои работи беа хиперболизиани и ептен вртев со очи, ама во принцип баш ми се допадна серијава. Има и паранормал работи, но некако ептен ми удараат накај спојлер па еве ќе погледне кој го интересира. Моментално ја гледам The Chestnut Man. Не сум нешто воодушевена, но немав баш време да ја завршам и останав само на 2 изгледани епизоди. Ќе ѝ оставам простор за да го комплетирам мислењето. Излезе минатата среда и таа е во некој трилер-хорор фазон.
Римејк е на овој: https://m.imdb.com/title/tt6742252/ Топла препорака од мене за оригиналниот. Одличен филм беше. Овој го немам гледано, ама во план сум да го гледам, посебно поради Џејк. Се надевам нема да ме разочара.
Вчера ја завршив, серијата е предобра, до крај ме држеше во неизвесност. Ви ја препорачувам на сите. Откако ја изгледав на тик ток ми излегоја милион теории и некој ситници на кои не обрнав внимание cause I was too busy reading the subtitles
Јас ја изгледав Многу го задржува вниманието не очекував дека ќе е толку добра. Ама некоја теорија па баш и немам .Ај сподели ако сакаш..баш ме заинтересира
Мене ми беше ептен интересна, ликовите ми беа супер, сè. Преубава серија, поразлична од другиве што кружат на Нетфликс.
Ја изгледав The Chair. Серијата буквално за еден ден се гледа, јас сепак побавно гледам па два ми требаа. Епизодите траат 20-30 минути и има вкупно 6 епизоди. Професорката Ji-Yoon Kim е новоименуваниот претседател на Катедрата за англиски јазик на Универзитетот Pembroke. Воедно таа е прва жена која успева да ја добие позицијата. Универзитетот се состои од нови професори кои имат нови начини на предавања, техники и принципи како и долговработени постари професори кои се уште се држат до нивните класични old-school практики, буквално Катедрата е во криза и ужасно им се потребни некакви промени. Како едните ќе се вклопат со другите, дали ќе најдат заеднички јазик, дали новиот модерен начин на изучување ќе го превладее стариот? Ji-Yoon покрај професор, таа е и мајка. Серијата го прикажува и тој аспект дали таа успева успешно да го менаџира приватниот и професионалниот живот. Тука е и професорот Bill Dobson, чиј живот е комплетен хаос после смртта на неговата жена. Тоа се оддразува на неговата професионална кариера. Bill и Ji-Yoon, покрај колеги, приватно се добри пријатели. Но, не секогаш е исправно приватноста да се меша со професионалноста, особено кога должноста на Ji-Yoon е да ја управува цела Катедра и да биде исправна кон сите. Најмногу што ми се допадна е начинот на кој студентите беа прикажани, секогаш со аргументи, сложни и истрајни во своите замисли и барања за промени, иако можеби некогаш ептен се преминуваше во крајности. Речникот е одличен, на добро интелектуално ниво онаков како треба да понудат лица на такви позиции. Сепак, серијата има комични моменти со интересен американски сарказам. Спојлер На моменти Bill премногу детски се однесуваше, но разбирливо е со оглед на траумата низ која мине. Да беше друг многу порано ќе се откажеше од него но тоа докажува колку тој и значеше на Ji-Yoon. Ако сакате серија која брзо се гледа а сепак не е клише, мислам дека ќе ви се допадне. Нема којзнае каков plot-twist, повеќе е спонтана серија со реални моменти и животни приказни, но е добро склопена во однос на тоа колку е кратка и воошто не е досадна.
@IM.TMKQ баш ми е мило што ти се допадна The Chair. Ја обожавам Sandra Oh, прекрасна ми е и не пропуштам ништо од серииве со неа. Деновиве на Нетфликс го гледав ова. https://www.imdb.com/title/tt14759406/ Колку ми беше забавна серијава. Ме расположи ептен. Шармантна актерка и интересна тема иако навидум и тоа не е нешто ново. Aма јас немав гледано нешто слично и ептен ми беше интересна. Аличе е сингл девојка од +30 и работи некоја досадна работа во една телевизиска куќа. Смачено ѝ е од бившиот (кој по некоја случајност баш сега решил да се жени и да има дете со неговата девојка), смачено ѝ е од бркање несериозни дечковци, смачено ѝ е од пресериозни врски. Едноставно - ѝ треба нешто што ќе ја размрда и ќе ѝ го направи животот интересен, но ѝ треба и совршен тип до неа. Новиот шеф на работа воопшто не ѝ го олеснува секојдневието, ама ете ко за среќа запознава некој интересен дечко чија специјалност е ни помалку ни повеќе - астрологија. Меѓу нив ќе се роди нешто што наликува на бизнис-прилика, а љубовта и потрагата по совршениот тип на Аличе малку ќе потрае. Има 6 епизоди и траат по половина час. Идеална ми беше за досадниов период. Башка што италијанскиот шарм ми беше пресладок, исто и целиот сетинг со работењето позади камерите и осмислувањето на сите работи кои се потребни за да се роди некаква телевизиска емисија ми беа многу интересни за гледање. Не ѝ се мислете ако ви се свиѓа жанрот или ако немате нешто друго за гледање, навистина не беше изгубено време.
The time it takes Нова шпанска серија на нетфликс, 10 епизоди по 12-13 минути. Романтична драма за врската на еден пар пред раскинувањето и после тоа. Приказна за преболувањето на љубовта. Емотивни епизоди, добра глума и кратки инсерти во животот на девојката и дечкото во кои ќе се пронајде секој од нас. Како хаику поезија беше секоја епизода, ако имате време се гледа во еден ден.
Синоќа го гледав филмов, највеќе ради Нина Добрев. Ги обожавав TVD како мала и ептен се израдував ко да е којзнае што ова што се појавила во уште еден филм. Love Hard И по постерот се гледа дека е Hallmark тип на филм, ама јас ниту го видов, ниту читав ништо, му верував на тој што го одбра. Уфффф колку лошо глуми девојкава, се преиспитувам што толку добро видов во Вампирските дневници, мислам дека веројатно глумата ѝ останала на исто ниво како таму. Вештачко, ко да си игра со другарки, ама па за во ваков филм не знам што да кажам, може јас сум за стап зашто си реков - леле ова ќе биде wooooow. Филм на годината, еве па ако не. Натали е content writer и нејзината кариера е базирана всушност на нејзините катастрофални дејтови. Пишува за нејзините смешни и не толку смешни искуства со онлајн дејтинг и читателите ја обожаваат. Стално ѝ се појавува некој талент во животот, а таа сака само да си најде саглам дечко. Ќе запознае некој нов тип преку апликација за дејт и допишувањето ќе им тргне. Меѓутоа, он живее подалеку, а наближува Божиќ, па ќе посака да отиде кај него и да го изненади за да види дали комуникацијата ќе им биде иста и во живо. И тука почнува драмата со сите. Не можам да кажам дека не ми се допадна, имаше добра драма како во чик-лит роман, имаше некоја порака, ликовите па и не беа до толку лоши иако малку стереотипни. Како за ваков лабав филм од саат ипол, добар си беше за тепање време.