Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Дечки зошто не запираат епизодите сами кога екранот не е активен?
    Порано запираше на 3та епизода, сега и цела ноќ си тера ако не го исклучиш.
     
  2. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Да не има во подесувања опција и ти е исклучена:?: Кај мене запираат, е незнам дали после 3 епизоди не сум обрнала внимание ама секако запира и ме прашува дали да продолжи. Сега им е сменето и вака изгледа.
     

    Прикачени фајлови:

  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Ова на компјутер?
    Кај мене не се појавува вака.
     
  4. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Не, на ТВ гледам.
     
  5. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Препорака за добра серија трилер или комедија?
     
  6. AshleyDidi

    AshleyDidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    "You", Who killed Sara, Innocent, Bates motel, Squid game, Locked up, Chestnut men - трилери
     
    На staycalm и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Who killed Sara, Innocent, Squid game, Locked up гледани ми се ке ги ѕирнам другиве.
     
    На AshleyDidi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ми личеше на лесно филмче таман за опуштање мозок.
    Во првите 10 минути ги превртував очите до болка. Си викам кај налетав на вакво кринџ филмче. Е откако се деси оној главниот пресврт, скроз сменив мислење. Филмов 10/10. Дали е скроз за релакс не би рекла, тргнувајќи од мене која сум плачка за све и свашта и на филмов неколку пати пролеав солзи. Ама имаше и смешни моменти. И иако е се така површно прикажано, мислам дека има јасна порака да не земаме се' здраво за готово. Да ги искористиме сите моменти и да го живееме животот до максимум. Го препорачувам.
     
    На AshleyDidi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Ич не сум запознаена со нетфликс, што како се плаќа? Кој пакет е подобар.
    Просветлете ме :D8-|
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    81.316
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку ми беше интересна серијава, а онака ја почнав колку да се гледа нешто.
    [​IMG]
    Паранормал се вика, жанрот е некој микс од драма, трилер-хорор и малку фантазија.
    https://www.imdb.com/title/tt12411074/

    Прв пат гледам серија од ова поднебје и толку ме изненади, што не престанав да се прашувам зошто не ги експонираат повеќе.

    Станува збор за еден хематолог Рафат, кој на прв поглед изгледа повлечен и чудничок, со чукната смисла за хумор и некако ова ич не е далеку од вистината.
    Му се случува нешто чудно додека спие и лека полека навлегува подлабоко за да најде што му е проблемот. Но, во меѓувреме се среќава со една негова пријателка од студентските денови и неа ја вовлекува непланирано во гужвата, па таа ќе се обиде да помогне колку знае и умее.

    Кратка е, има само 6 епизоди и траат негде околу 45-50 минути. Дејствието е сместено во 60-те години и да не прочитав некако немаше ни да приметам, ептен беше модерна сценографијата, навистина одлична.

    Се провлекуваат многу други теми низ серијава, не е сконцентрирана само на паранормал работите, што секако е плус. Дајте ѝ шанса ако ви се гледа нешто вакво, мене ептен ме бендиса.
     
    На staycalm, boo3, theunforgiven и 5 други им се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересира.
    Хорор делот премногу ли е опфатен? :D
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    81.316
    Пол:
    Женски
    Онака, умерено. Мене ми беше ептен океј. Е имаше само една повознемирувачка сцена што не ни беше хорор во суштина, ама беше многу непријатна за гледање.
     
    На Nausicaa и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  13. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Искрено размислувам да престанам да го користам Нетфликс. Почнав заради лесната пристапност ама некако сите филмови/серии со исклучок на некои се лесни некако, евтини. Зборувам за филмови што се продуцирани од нив со некои исклучоци. Да има и добри работи ама преовладуват тоа шо го гледа повеќе од публиката. Така функционира и затоа некогаш не продолжуват со следна сезона бидејќи таа серија нема доволно публика. Се осеќа некој друг вака?
     
    На theunforgiven и Quinzel им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Баш тоа е Netflix, серии, филмови за тепање време, чик литература преточена во филм.
    Со исклучок на некои поквалитетни кои на рака се бројат.
     
    На Feminka22 и warrior им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.681
    Допаѓања:
    168.127
    Пол:
    Женски
    Најмногу се исплаќа со 'другарчиња'. :D Околу 700 и нешто е, 4 екрани можи паралелно на башка уреди да гледат, ultra HD. Иди околу 180-200 денари месечно, зависи од доларот. Другите не ни памтам како идат ама јасно памтам дека не се исплаќат толку многу. :D
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    35.213
    Пол:
    Женски
    Го гледавте ли македонскиот филм Сестри? Искуства?
    Планирам викендов да го гледам.
     
  17. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    Денеска го гледав. Убава приказна ама доста лошо изреализирана. Многу молчење во филмот, почната приказна оставена недовршена, крајот благоречи ужас! Као да им досадило да снимаат на крај па ај океј е, вака нека заврши. Смешки беше. А можеле да направат да се извлече доста добра поука ама тотална утка. Сепак пробај изгледај го, можеби различни вкусови имаме па ќе ти се свиѓа.
     
    На TheDreamGirl и warrior им се допаѓа ова.
  18. Lucky22

    Lucky22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Може скриншот од како изгледа кога ќе го најдеш на нетфликс? Јас не можам да го најдам на мојот и не знам дали го барам како што треба
     
  19. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    18.028
    Sisterhood - вака барај.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    2.953
    Netflix имам 3 години, во последно време (последните 3 месеци!!!) не го ни отворам! Страшни глупости, мноооогу ретко наоѓам нешто по мој вкус. hbo, според мене, далеку подобро.
     
    На Waverly Raven, Need for Speed, warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.