Something went wrong please try again later Знае некој како да го средам ова ? Пари на сметката имам така да не е до тоа, бев и да прашам во банката викаат не е до нив.
Ако е во тековен месец истек на рок на картицата не дозволува да помине , на пр. Ако е до 30 ти јануари важноста на картицата од први јануари веќе нема да помине регуларно.... мене така ми се случи лани
Викендов ја почнав оваа, Archive 81. И одма ја средив. Некако жанров во последно време ми е ептен по вкус - не можеш да го определиш точно, ама е некој совршен микс на хорор, трилер, мистерија и по малку од „другата наука“. Мене ми влечеше на моменти на доместик ноар, а баш го сакам кај книги и можеби затоа серијава испадна топ. Се работи за еден ентузијастичен архивист и страстен колекционер на видеокасети, кој ќе биде најмен од страна на некој мистериозен бизнисмен за да изврши една необична задача под уште понеобични услови. Неговата работа е да оди да живее во куќата на адресата која ќе ја добие, да биде изолиран од надворешниот свет и да се посвети на реставрирање едни стари видеокасети кои биле уништени во пожарот во кој изгорела зградата каде што биле снимани касетиве. Наградата што ќе ја добие е примамлива, но уште повеќе ќе го привлече тоа што на касетите се појавува и неговиот татко. Растргнат е помеѓу љубопитството и очајот да дознае дали сè во неговото детство било лага, дали татко му е некако вмешан во случајов или не. Паниката и стресот си го прават своето и полека си го земаат данокот, но Ден е веќе длабоко навлезен во сево ова и навистина сака да дознае што стои зад видеата и зад мистериозната зграда што изгорела во страшниот пожар. Вака накратко отприлика, има премногу детали и премногу спојлери, да не знае човек како да напише тизер. Една сезона е, малку епизоди, совршена за да се изгледа во еден здив. Најверојатно ќе има и втора сезона, би ја гледала и неа.
Не е ни до тоа,како и да е средив со друга карта и од друга ИП и веќе почнав со Луцифер , што читав на странските форуми на многумина се случувало така и немало никое решение освен да се почека некое време.
На почетокот стварно можеа да се најдат добри филмови. Сега глупости на квадрат. Размислувам да го откажам ама па некој пат од досада човек наоѓа нешто
Некоја серија слична на Dark? Импресионирана сум од серијава иако ја гледав пред 10тина месеци, ми доаѓа пак да си ја пуштам
Не. Освен да знаеш пасворд на некој или да имаш акаунт со повеќе луѓе и да плаќате заедно. Или да ги најдеш филмовите на некои од пиратерските страници како замунда. И имаш free trial од еден месец доколку сакаш да пробаш само гледи да прекинеш оти после автоматски зимаат пари од сметка.
Девојки дајте бе предлог за лесна кратка серија ама баш да биде онака за одмарање мозок, од типот на Emily in Paris, Sex life, sex education.... Ginny and Gеorgia ја пуштив ама нешто не ме привлекува... Не мора да е на нетфликс.....