Гледа некој Who killed Sara? Леле што направија со серијата, ко шпанска, турска и индиска серија, 3 во 1. Последна сезона ќе биде оваа? Се надевам дека ќе биде, зашто ништо повеќе нема смисла.
Новата сезона на Love, Death & Robots, леле бе луѓе. Кој гледаше? Обавезно да ја гледате, многу подобра е од претходната сезона и Алберто Миелго пак направи парче со Jibaro. Негова беше епизодата The witness од прва сезона. Значи...ќе ја сонувам нимфата после. Прејак, прекрасен концепт навистина.
Затоа и престанав да ја гледам некаде на почетокот на втората сезона. Последно шо гледав и ми беше ок е The Lincoln lawyer, кратка и слатка серија.
Моја топла препорака. Не знам колку ве интересира медитирање, ама „доку-серијава“ има 8 епизоди, сите во врска со медитирање. Повеќе е како подкаст, ама не е и има преслатки анимации во склоп на она што се збори, ќе ставам некои screenshots во спојлер. Многу мирна атмосфера, позитивна и добри совети за медитација кои мене ми служат. Во секоја епизода мислам дека има водена медитација - уште не сум ги изгледала сите епизоди. Спојлер
Јас ја гледав, не ми се допадна баш. Премногу аматерска некако, глумата особено. Ко да седнале десетина души да си играат серија, ептен ми беа смешни. Онака за тепање досада океј беше, ама да ми остави некој впечаток - не.
Прелоша е, ама поминува време. Јас едвај ја гледам ама ќе ја изгледам. До 6та епизода сум некаде. Ме потсеќа на Shadowhunters по глумата... ако си ја гледала.
Да, да, леле истово си го зборевме баш по дома. Без очекувања ја почнав, некако ич не ми лежи жанров веќе, ама ептен имаше кринџ моменти. Бар се изнасмеав, ако не друго. Има ли нешто добро моментално? Планирам да ја почнам Pieces of her наскоро. Друго немам идеја што да се гледа, мислам сè изгледав, само едни исти работи ми се вртат во предлози.
Можам да се заколнам дека прееска кога ја отворив темава имаше едно најново мислење со повеќе серии и кратка критика и баш отворив сега да разгледам кои беа сериите. Кај е мислењето вратете ми го одма ми треба да разгледам.
Одлична серија е Алијас Грејс, кратка но сосем солидно разработена, не е губење време дефинитивно. Штом е по книга на Маргарет Атвуд, не може да биде лошо во никој случај. Во потрага по некоја лабава летна серија, ја почнав Outer Banks. Имам сериозен краш на Џон Б и Сара. Боже, колку се слатки. А серијава што да кажам...првата сезона баш ми се допадна. Имаше некои моменти што беа ептен материјал за вртење очи, ама ништо страшно. Но вторава сезона е на ниво на шпанска серија. Штета, не верувам да се опраи некако до крај, а имаше потенцијал огромен. Ќе ја изгледам онака колку да утепам досада.
На 12ти август излегува нова сезона на Never Have I Ever. Со душа ја чекам. Јас многу ја сакам серијата, опуштање и смешкање на макс.
И јас со душа ја чекам новата сезона. Конечно нешто забавно за гледање, ептен е ко утепан Нетфликс во последно време, ништо не ми фаќа око.
Офф јас се израдував ако не го објавиле, бар набрзо ќе биде ама ништо. Ќе си чекам Исто и јас, едвај го чекам, ептен ми западна за око.
Не сум видела некоја да ја спомни, базирана на вебтун стрип: Heartstopper. Геј романса ама е толку невина и уба и слатка и се остајв од плачење.