До трета епизода сум и во секоја епизода има иста или слична нелогична ситуација. Не сум воодушевена сега за сега. Или па премногу очекував читајќи ги пофалбите. Јас ја почнав и немам желба нешто да ја продолжам. Некако пребавна за мој вкус.
The girls at the back - зошто гледам вакви серии да ми е знати Емотивно, претажно, а во исто време и ме насмеа.
Го гледав Luckiest Girl Alive. Јес да го почнав без никакви очекувања, но и покрај тоа пак нешто ми недостигаше. Ани е успешна, кариеристка е, прекрасно изгледа (duuuuh, ништо поиинаку не ни може да биде кога е во прашање Мила Кунис), ја планира свадбата од соништата со нејзиниот прекрасен вереник Лук, ама нешто не штима. Си носи во себе една тајна и се чини дека баш кога мислела оти конечно се оттарасила од нејзиното минато, нешто се враќа назад и ја прогонува. Темата на филмот, сите оние главни пресврти баш ми се допаднаа, имаа суштина и многу ја продлабочија приказнава. Ама кога ја гледам целата реализација некако, што знам. Фалеше малку да се избрусат некои работи, зашто делуваа хаотично. Одредени делови беа премногу развлечени без некоја потреба за тоа. Во глобала, класичен драма-мистерија филм со примеси на трилер. На Мила супер ѝ стојат вакви улоги, здосадена ми е во тие нејзините ром-комс со кои се прослави. Се согласувам со оценката на imdb, толку отприлика има и од мене, 6.5.
Јас уживам на Нетфликс да гледам Docuseries или поточно крими-документарци во серии Од последните што ги гледав го препорачувам Vatican girl има 4 епизоди иако малку знае на момент да успори ама вреди да се изгледа.Следно што моментално гледам е Unsolved mysteries пандан на оние старите кои ги даваа на Сител на времето