Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.188
    Допаѓања:
    39.908
    Пол:
    Машки
    Ја почнав и јас. Сега за сега одлично си вози. Не се замарам и не сакам да навлегувам во теории, лекција од Дарк ми е ова. Исто така гледам и да не наидам на некој спојлер, иако, повторно, знаејќи за Дарк, сигурно никој сеуште врска нема што се случува.

    Па така, уживам да ја гледам без да се обидам да ја кракнам. :lol:

    Единствено што ме плаши е да не биде премногу слична на Дарк, без да понуди нешто различно, ново и плус. Не сакам да падне под истиот шаблон.
     
    На Antolinaa, SelenaGomez, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.954
    Допаѓања:
    33.554
    Пол:
    Женски
    Новата сезона на Elite ја изгледа некој?
    Тапа е , нели? :D
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.496
    Допаѓања:
    42.710
    Пол:
    Женски
    Нетфликс месецов изненадија со добри серии, искрено не можам да се изнагледам.
    1899 е многу убава, атмосфера, сценарио, ликови, приказна, се е совршено скоцкано, и мене ми се допаѓа тоа што зборат на повеќе јазици, ептен е убедливо.
    Да бидам искрена погодив уште на почетокот кое е момчето, ама на крај сепак останав изненадена од пресвртот, тотално неочекувано.
    Ептен ја препорачувам, а и доста висока оцена има, што е реткост за нетфликс серија.

    Исто Wednesday ме изненади, многу е забавна, малце како да црпеле инспирација од Хари Потер и на моменти ептен ми заличуваше, не од аспект на приказната, него школото, ученици со различни моќи, атмосферата, ама ако не ми сметаше. Приказната е малце поразлична од она што сме навикнати да го гледаме во Адамс фемили ама баш затоа е заразна.
    Ја препорачувам.
     
    На golemiotmalisan, Lianna Anna, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  4. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    1.627
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам, 1899 пријатно ме изненади иако не се сомневав, кога видов дека е од истите продуценти од дарк без двоумење ја пуштив. Крајот пријатно ме изненади и втора сезона мора да има, уште се работите неразјаснети.

    Wednesday ја почнав, со првата епизода мислев ќе е нешто teen drama ама ми се свиѓа, истото го помислив за тоа дека се инспирирале од Хари Потер ама баш е инетересно, се надевам нема да разочара крајот.

    Од кога си заминаа Арон и Мигел не е тоа тоа веќе серијата. Ми недостига онај стариот состав. Ни 5тата сезона не ја изгледав, не верувам дека ќе продолжам
    upload_2022-11-28_9-18-56.png
    :u:
     
    На Billy Idol и 1209 им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.244
    Пол:
    Женски
    Ја гледам и предобра е. Баш онака како што замислувам дека треба да биде една мистерија. Се надевам дека развојот на настаните ќе го следи оној на дарк, не во смисла на исти дејства, туку во смисла на откривање еден куп слоеви и потслоеви кои на почеток се невидливи а на крај ќе излезе дека објаснуваат сѐ. Ми се допаѓа многу и симболизмот и секако вниманието на детали.
    Јас сум до петта епизода, колку што гледам сега нема втора сезона, се надевам нема да разочараат и ќе има и друга(и). :?:
     
    Последна измена: 28 ноември 2022
    На Lianna Anna, Billy Idol и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.025
    Пол:
    Женски
    1899, значи предобра! Не е дека се сомневав после Дарк, ама ја почнав со резерва искрено, оти така со преголеми очекувања се разочарав со Bly manor, а Hill е одлична.

    Се надевам дека патувањето на Прометеј ќе продолжи, според изјавите на Баран бо Одар со уште 2 сезони, по примерот на Дарк. Мистерија спакувана во 3 феноменални сезони. Меѓутоа ништо официјално од Нетфликс.

    Иначе во околу 100 држави, 1899 е во топ 10 на Нетфликс. Ако продлжи вака гледаноста и доживее успех приближно како Дарк, ништо нема да застане преку барем втора сезона. Него како ќе ја дочекам, живо ме интересира натамошниот развој на настаните. Ме остави комплетно во еден куп прашалници.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Ja izgledav celata serija za Jeffery Dahmer. Predobra gluma na glavniot akter.Bez ligavenje i nepotrebni dijalozi.Mnogu realisticno napraveno.Iako poslabo od remakot sto bese napraven dve decenii porano.Edna osumka od mene:)
     
    На theunforgiven и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. Andzi4.

    Andzi4. Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Dali ste ja gledale serijata ,,The Watcher"? Znachi predobra,plus snimena e spored vistinski nastan. Misterija-triler. Preporaka
     
    На flawless. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае да ми потврди дека новиот дел на Knives Out не е поврзан со првиот дел?

    Сакам да го гледам со другарка, но таа го нема гледано првиот дел.
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.311
    Допаѓања:
    12.420
    Пол:
    Машки
    Не е поврзан, скроз нова приказна и ликови, освен Benoit.
     
    На flawless. и Srckata28 им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.978
    Допаѓања:
    81.312
    Пол:
    Женски
    Во обид да најдам интересен ситком што не ми е гледан, ја почнав Blockbuster.

    [​IMG]

    Со Мелиса Фумеро, а.к.а. Ејми од Бруклин 99. Очигледно и глумицава е уште една од оние кои не знаат да глумат некој друг тип на лик освен некој култен кој имале за задача да го совладаат. Штета, баш ми е симпатична, а серијава навидум интересна тема, ама некако блуткава.

    Сакајќи да го спаси бизнисот во изумирање од област која му е пасија, Тими ќе вложи многу напор за да ја извлече малата ДВД-тека од пропаст и да ги мотивира луѓето да изнајмат филмче наместо да гледаат преку Нетфликс. Носталгично, навистина. :D

    Полна е со глуп и усилен хумор и мислам дека нема да ја завршам. Или ептен ради реда ќе ми врти во позадина додека правам нешто.
     
    На Kom.pot и lovemme им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Дали некој гледал The Recruit да даде мислење? Јас сега ќе ја почнам од што не знам што друго.
     
  13. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Јас почнав некое време да ја гледам ама не ме привлече и не ја продолжив, многу аматерски ми беа првите епизоди, можеби понатаму е интересна ама не и дадов шанса :D
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Предлог за некоја љубовна драма ?
     
  15. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.539
    Пол:
    Машки
    Love In The Villa
     
  16. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Се изнагледав серии овој период, а уште колку имам за гледање :D Која да биде следна? Се прифаќаат и други предлози, преферирам мистерија, трилери ама може и нешто за опуштање на мозокот :D
    1. Ginny&Georgia
    2. 1899
    3. The haunting of Hill house
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Еј, Ginny&Georgia втората сезона е предобра. Уште не можам да се совземам како серијата премина од whatever the hell беше првата сезона во нешто во кое уживав секоја секунда. :o

    Ме изненади.
     
    На Anie93 и RainBow им се допаѓа ова.
  18. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    6.310
    Пол:
    Женски
    Сакам трета сезона одмааа!
    Ако им треба пак 2 години налет.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    2.948
    Значи да ѝ дадам втора шанса на Ginny&Georgia. Ја имав прекинато на пола првата сезона, од не знам кои причини.
     
    На simoncelicius и The Unicorn им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав The Recruit. Не е воопшто лоша серијата, интересна е. Глумата солидна. Мене ми се допадна. Има многу полоши работи на Нетфликс, така да, ако барате нешто ново за гледање препорачувам.
     
    На Flower27 му/ѝ се допаѓа ова.