Предобра втората сезона, пре. Со толку морални дилеми... Мене Џорџиа ми стана одвратна искрено, не знам зошто толку ја хајпаат ко најдобра мајка. И така ја откажале, не се мачи. Ја откажале и Uncoupled, баш се радував на втора сезона, предобра беше со одличен хумор плус немаше завршеток. И ете сега. Не почнувам ниедна нова од нетфликс додека не се покаже дека ќе има иднина.
Видов дека е откажана Блокбастер, би рекла среќа што им текнало. Тотално глупава, ја извртев со скип набрзина колку да се рече.
И јас ја предложувам Ginny & Georgia, ми беше интересна од самиот почеток ама стварно има океј приказна, на почеток беше лабава. А каков е Marcus
И јас ја завршив Џини и Џорџија. Ме измори, не бев спремна за вакви тешки теми да бидам искрена. Ама многу ми се допадна сезонава, подобра е од првата, најверојатно дека се пополнија делчињата кои недостигаа во приказната од претходната сезона. Ја почнав Манифест, не е лош почетоков. Само осеќам малку slow burn моменти, па се надевам дека нема ептен да се разводенат дејствијата. Доста долга ми се гледа (јас и мојата „фобија“ спрема серии подолги од една сезона ), ама темата ме влече ептен па ќе видам како ќе ми оди.
Ја почнав јас Woman of the dead, првите три епизоди ги изгледав и ептен ми се добри се надевам така ќе држи и до крајот. Засега ја препорачувам
Топло ви ја препорачувам "La chica de nieve", само што ја завршив и сум пријатно изненадена. Се опфатено а ништо претерано, спакувано во 6 епизоди. Се работи за девојче кое е киднапирано а работите во свои раце ги превзема една новинарка која не се откажува од потрагата.
И јас синоќа ја догледав, препорака и од мене Според крајот очекувам да има и втора сезона Инаку во последно време само мистерии и мрачни серии и филмови сум загледана препорачајте некоја комедија или нешто по лесно за гледање, а да не е лимонада
Има еден нов документарец "A Trip To Infinity" кај што физичари, математичари и филозофери раскажуваат за поимот бесконечност. Многу убаво е визуализирано сè, mind-puzzeling е сето, а истовремено има смисла. Ваквите муабети, заедно со археолошки/историски/антрополошки, ми разјаснуваат многу нешта, јасно ми станува дека сме (луѓето преку Земјата) дел од нешто поголемо (универзумот), дека се наоѓа помеѓу други планета, ѕвезди, астероди, дека постои милиони и милиони години без разлика на било што и да се случувало, дека животот на човекот е толку екстремно претерано краток што делува незначаен, но е значаен затоа што човекот постоел илјадници години и човештвото поминало низ сè и сешто иако животот е многу краток, дека луѓето се склони кон измислување на приказни за да си дадат какви-такви одговори на прашања на кои нема одговор во моментот, дека планетава постојано се менува, има движење на тлото, тресења, издвојувања, потопувања, ладно, жешко, тоа е дел од нејзината природа, без разлика на човекот, животните и растенијата, дека многу работи се мистерија и немаме пристап да ги разрешиме сè уште, дека кој знае од што сме дел, дека затоа е најбитно да се истражува и да се бараат одговори, да се создаваат нешта кои го подобруваат животот на човекот, да се еволуира.
Derry Girls, предобра серија, многу се смеев. Има хумор, малку драма, малку мрднати моменти, ама многу е интересна. Ирска е серијата т.е зборат со ирски акцент и дејството се случува во Дери за време на немирите во 90тите години. Главните ликови се тинејџери, и сите глумеа одлично. Погледнете ја, има 3 сезони излезено со по 6-7 епизоди
* Препорука за серии: - La casa de papel, - Cable girls, - Diary of a gigolo, - Невини, - Striper, - Alpha males, - From scratch, - Holy family, - Emily in Pariz, - Sky rojo * Препорука зa филмови: - Love tactics, - The weekend away, - In good hands, - Purple hearts, - Luckiest girl alive, - Someone borrowed, - Pipa, - The marriage app
И мене ми се виде интересна, ама само ја додадов на листа и не сум пуштила да видам каква е и дали ќе ми се допадне. Вака од трејлерот воопшто не звучи лошо, ама којзнае. Да не ја почна случајно? Ми излезе и нова сезона од Outer Banks. Некако ич не сум расположена за уште драма, но сакам да ја гледам. Не знам дали некој друг ја гледа.
"You People" баш ме бендиса иако има ужасни оцени и критики. Две млади личности од сосема различни средини се вљубуваат и си ги запознавуваат фамилиите бидејќи сакаат да се земат. Он е белец евреј, таа е цркиња муслиманка. Има доста клише заебанции на тема расизам и религија, но сепак ми се допаднаа, добро е да се прилажуваат ваквите проблематики за да се види колку се глупави по природа, зошто сè што е битно во животот е човек да биде среќен.
Нема нешто впечатливо, период ли е, што е не знам. Мене па ептен ми се собраа, ама што дека, ништо од тоа не ми се гледа во моментов. Неделава ми излегуваат нови сезони од Sex/Life (не знам дали ќе продолжам да ја гледам), a гледам ќе има и нова сезона од едно фешн шоу, Next in fashion. Одлична беше претходната сезона, ептен ми беше интересен концептот и ќе го гледам пак. Препорака ако гледа некој вакви емисии. Исто за околу месец дена излегува новата Love is blind, тоа ми е guilty pleasure шоу за тепање време и смеење. Invisible city втора сезона, многу ми се свиѓаше првата. Бразилска е серијава, со митологија и некои такви фолклорни елементи. Многу се собраа, а мене стално ми се почнува нешто ново и секогаш е нешто што го нема на Нетфликс, тоа е.
Ако не си расположена за драма немој да ја гледаш. новава сезона е буквално тоа, една голема ДРАМА. Едвај чекам да ја догледам, ги премотувам епизодите дури.
Дефинитивно оди на пауза кај мене, барем периодов што следи. Ќе ја гледам некогаш кога ќе ми е многу, многу, многу досадно.