Јас сега ќе ја почнам How to sell drugs online, инаку ги имам гледано Dead to me, You, Vis a vis (locked up), Riverdale, Money heist, и уште неколку. Ги обожавам крими документарците, често гледам и такви. Криво ми е што не си ја догледав Locked up кога бев МК зашто на Австралискиот ја нема
Сакам да ја почнам Mindhunter, ја гледала ли некоја од вас? Од трн на кол работава, само трупам серии како некоја блесава. Ја почнав конечно и третата сезона од Money Heist, а ја гледам и The Crown, ама мора да се има бек-ап во секое време.
@Mishela, најискрено вака? Не знам дали би ти ја препорачала баш периодов. особено што гледам дека си ја отворила сезоната на божиќни филмови Конкретно, серијата е супер, предобра и е навистина квалитетна ама не е баш најлесна за гледање. Со сериски убијци е, ама не детективска потрага по нив туку акцент се разговорите со нив и зошто го прават тоа што го прават, плус приватните животи на агентите. Мене многу би се допадна ама не би ја гледала сега, во веселата новогодишната атмосфера.
Јас MINDHUNTER ја О Б О Ж А В А М @Mishela ама не е серија за ден губење, за релаксација. Туку те држи цело време во тензија, со грозни детали од убиства, со сериски убијци, со тешки психологии. И зато морам да се согласам со @Nausicaa не е баш за овај фестив период. Јас Jack Ryan ќе ја бинџав новата сезона ама од кога почнаа да ми излегуваат божиќни епизоди, holiday special's и слично, никако не можам да се натерам да гледам нешто „тешко“. Сега и јас гледам the Crown, денес се надевам да ја финализирам сезоната. Интересна е ама некако ич не се навикнав на новите актери. Некако душа ми имаа старите, ама и сфаќам зошто мораше да биди така.
јас ја почнав High Seas мислам дека се само 8 епизоди.Се работи за патување на брод (сличен на Титаник) каде ќе се случуваат мистериозни убиства.Ја гледа ли некој друг?
@Nausicaa @theowndemon Значи сепак вреди да се гледа, така? Тоа е битно за почеток. Ќе причекам, ама си ја ставив на листата за гледање. Да ги завршам тие што се почнати-недогледани, па може да ја почнам. Таман ќе стивне божиќната еуфорија, спремна за јануарска депресија со нова серија.
@joy1 ја немам гледано али ја ставив во апликацијата, некогаш ќе ја изгледам. Ми звучи интересно, е нешто шо би гледала јас и би го уживала. едит. @Mishela епа за јануарска депресија е спремна та серија.
Новата сезона на Nailed it! (таа божиќната) кој не ја гледал, да ја гледа. Се подмочнав на моменти од смеење, не се тачни.
Изгледана, соврешена! Баш вчера излезе и со актери од еден филм на Нетфликс онака 8-10 минути видео. И лани имаше со актерите од Сабрина. Тие се гледа дека се олеснати ама пак е интересно жими се. Омилено шоу ми е.
Ако не го гледавте, а сакате реалистични драми со предобра глума, морам да ви го препорачам Marriage Story.
Само ги ставам вашите предлози во watchlist, премногу имам. Инаку јас пред некое време ја почнав Dirty John да ја гледам, направена е според вистинска случка, ви ја препорачувам.
То вистина од серија до серија има варијација на преводите, ама до сега македонски превод немам сретнато ни аудитивно, ни со текст. Можам да ти кажам добри серии Нетфликс продукција кои се, ама колку шо ме држи меморија немаат македонски превод.
Само што ја догледав You и можам да кажам дека последната епизода највеќе ми се допадна од целата серија Гледајќи ми беше малку пасивно и развлечено на моменти. Првата сезона беше добра. Веќе кога ја почнав втората ми стана досадно на моменти, како се да се вртеше во круг, се до последната епизода. Не очекував таков крај, баш ме изненади. За ликовите, баш ја засакав Лав, ми беше некако посебна, не типична девојка како Бек. Исто така и Форти ми беше еден од омилените. Што се однесува на Џоу, ептен го погодиле глумецот за улогата, ме ежеше на моменти со психо погледите. Се на се фина серија.
Јас ќе кажам дека Sex education секој мора ама мора да ја гледа. Колку и да личи како да е тинејџерска и лабава, не е. Толку потребни теми обработува, толку е реална. Одлична е. Секој тинејџер и секој родител на тинејџер ќе се пронајде, а и сите останати.
Само што ја догледав. Потврдувам, има и многу поучни ситуации Исто така и Vis a vis ја завршив пред некое време и ја препорачувам. Малку долга серија е, ама баш се внесов во приказната и ми се допадна. Сакам од време на време некоја шпанска да гледам така, многу "пореални" ми се од американскиве. Па и самите актери, со нескирени недостатоци, со пеги, брчки, минимална шминка, баш убави, природни