Dear Child ( Liebes kind) - германска мини серија од 6 епизоди, за тие што сакаат мистерија. 13 год е исчезната жена Лена, случајот се отвара повторно кога непозната жена е удрена од кола и пренесена во болница.
Леле. ЛЕЛЕ! ЛЕ-ЛЕ! Можда сме спомнале и се имам срамежливо исповедано дека немам гледано Young Sheldon ама меѓу учење и работа ИМАМ УШТЕ ЕДНА СЕЗОНА ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ! Се опседнав. Се о п с е д н а в. Најдобро нешто шо имам гледано периодов. Ми збора серијава на спиритуално ниво. Толку е детална и сензитивна и... Уба! Страв ми е да ја довршам ама па не можам ни да ја одложам.
Знајш дека на некое ниво заборајв дека то можи и то да се случи во серијата туку едноставно мислев дека можи ќе е вон screen time.
Спојлер До сега во многу моменти си помислив еве сега ќе биде, ама уште се држи. Мене серијава малку ми изгуби во квалитет, на моменти ми е многу монотона/досадна. Но поради мојата љубов кон TBBT не ја откажувам. Миси ми е единствениот константно интересен лик, Шелдон се провлекува некако на стара слава, и бабата ми ја уништија а беше баш кул meemaw. Уште колку сезони останаа?
Јас мислам дека поќе ги сакам spin offs. Ко гледав Breaking Bad - ми беше интересна дефинитивно, ама велам дека вредеше оти ја о б о ж а в а м Better Call Saul. Исто и со TBBT ми беше доста интересна иако во еден момент се презаситив ( ама то можи да е и до должината) ама Young Sheldon ме прероди. Изгледа треба да прашвам за предлог серии кои се доста добри ама имат успешни спин офс.
Се согласувам за Better Call Saul, за нијанса подинамична од Breaking Bad што ми ја прави поинтересна. Сега проверив последната сезона не ми е изгледана, ете ми серија за гледање. Препорака за добар спин оф - The Good Fight! ФЕНОМЕНАЛНА! И 9-1-1 Lone Star ако се рачуна како спин оф. Антипрепорака- Joey, спин офот на Friends
Само што сакав да ја спомнам The Good fight, стварно е предобра. Јас The Witcher ја завршив, фааала богу, не намеравам натаму да ја гледам без Хенри, само он ја правеше поднослива лошата приказна.
Јас скроз можев да ја премижам приказната. Површна сум. Почнав и гледав за Хенри. Сега веќе ништо нема поента. Не мислам дека и добра приказна без Хенри ќе сакам да гледам.
Ја почна? Јас изгледав две епизоди, ама онака ми е, што знам, демек забавна треба да е, со харизматичен главен лик, ама мех ми е некако. Туку, видовте дека можеби ќе има Alice in Borderland трета сезона? Не знам зошто, сосема добар крај имаше, ама би ја гледала сепак, од љубопитност.
Не, ми изгледаше многу детски (може грешам и воопшто не е), а моментално не сум расположена за такво нешто, ми се гледаат поозбилни работи. ------ Инаку, јас имам филм да препорачам, не е Нетфликс оригинал, ама уникатен. Forgotten (2017), корејски психолошки трилер/мистерија, има интересен плот твист. Кој сака психолошки трилери ко мене нека го изгледа.