Мислам дека на Нетфликс го гледав пред некоја година, ама и да не било таму нема врска, филмов е стварно добар. Ја гледал некој Unbelievable со Тони Колет? Сакам нешто кратко, по можност мистерија/трилер.
Каква е The Fall of the House of Usher? Многу висок рејтингов, ја гледал некој? Баш ко за овој период ми е некако, се мислам дали да ја почнам.
Јас ја немам гледано, но имам слушнато луѓе дека ја нарекуваат најдобрата серија на сите времиња. Мислам ех, многу субјективно, но сигурно има нешто паметно во неа, дури и ако не е Толку добра.
Ја пуштив првата епизода и немам некое мислење засега, што знам. Имам вајб ко да гледам потомок на Кардашијанс и Succession. Ќе продолжам да гледам за да видам што е штосот, стварно многу ја фалат и ме копка зошто.
Мене ме бендиса, впрочем сите од Mike Flanagan серии ме бендисуваат. Очекував повеќе хорор вајбс и jump scares како во The Haunting of Hill House, ама не беше баш фокусирано на хоророт. Би рекла е можда со гаднички сцени за луѓе со сензитивен желудник.
Е добро баш најдобра на сите времиња па и не е баш, мислам далеку е од тоа, ама дека е интересна се сложувам. Не е многу хорор, добро е осмислена приказната и има интересни ефекти, сценографија, глума…баш е како за овој период. Брзо се одвива што исто ми се допадна, не ја тупат. Се на се супер е во споредба од глупите серии на нетфликс. Изгледајте ја.
И мене сè од него ми се допаѓа, ама оваа малку чудна ми е, не знам. Малку ко да експериментирал, ама па може сепак добро ќе испадне на крај, ќе видам. И така нема ништо привлечно на Нетфликс периодов, среќа и оваа една што ја има.
Јас многу го почитувам Mike Flanagan, мислам дека нема утка до сега човекот. Е ама, од сите досега, The Fall ми беше некако најмех Во смисла, да, серијата е солидна, глумците се одлични, ама, барем на мене, многу ми недостигаше неизвесноста и хорор елементите што ги има во другите негови серии. Исто, оној што ги читал расказите на Едгар Алан По, или барем е накратко запознаен со нивната содржина, сметам дека лесно ќе препознае во која насока ќе се движат епизодите уште од самиот почеток. Да нема недоразбирање, ја изгледав серијата веднаш откако излезе, далеку е од лоша ама, фалеше нешто за да биде баш вауууу.
Lupin 10/10 Најпрво имав сомнеж за серијата дека е на француски, но една од подобрите серии кои што сум ги гледала. Препорака за некоја слична серија, мистерија, драма… Ја почнав Dear Child, но некако не е тоа тоа.
Ја гледате All the light we can not see? 4 епизоди се излезени. Јонас од Dark. Одлична ми е првата епизода, иако не успеа книгата да ме вовлече.
Имаше потенцијал да биде многу поинтересна, според мене беше многу кратка и избрзана. Имаше интересни ликови, актерите беа супер и приказната беше добра, ама многу ја избрзале. Јас книгата многу одамна ја почнав и не ја завршив, може и во неа е така избрзано, не знам, ама дефинитивно фали длабочина. Не е лоша, далеку од тоа ама у целост па и не е којзнае што.
Втората епизода... Веќе ми се здосади. Преразвлечено, претенциозно, војна е забога. И глумата не е на ниво, Марк Рафало е особено разочарувачки, како во друга серија да глуми. Не знам ни дали ќе ја догледам, ептен кога ќе биде криза и ќе нема ништо, веројатно.
Не ми се допаѓа мене серијава, не знам дали ќе продолжам да гледам. Мислам дека форматот им е утнат, долги и бавни епизоди, развлечени а нема некоја причина да било до толку збиено. Зошто не ја поделиле на повеќе епизоди, не ми е јасно зошто морало да биде мини-серија. Не знам дали ќе ја завршам, ама навистина очекував повеќе од All the light we cannot see. Книгата многу ми се допадна, серијата засега воопшто не ми фаќа око. Вака некако што знам, ми фали нешто да ѝ даде малку живот. Само Хофман ми се свиѓа и ми е полн погодок. Ај што е eye-candy, ама и баш му е погодена улогата.
Нешто најдобро што сум гледала во последно време.Уживав буквално. Дали дека ме врати во мое време, не знам, ама во срце ми е.
Јас изгледав 2 епизоди ама некако ми се јави желба за дискусија Инаку претажно ми беше тој период со црвениот картон