Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.998
    Пол:
    Машки
    Се мислев подолг период дали да ја гледам серијава, ти го прочитав мислењето и ми беше одлучно да ја почнам. Само што ја завршив.

    Се согласувам, почетокот е малку спор и претпоставувам неинтересен за луѓе кои не ги интересира таа некоја квир историја и политика во САД во минатото. А знае да биде и off putting за некој што можеби не сака да гледа експлицитни геј сцени.

    Се изнаплакав на крај, само тоа ќе кажам. А кога ја почнав, не си ни мислев дека и до плачење ќе стигнам земајќи ги предвид милијардите секс сцени, ама толку многу ме погоди у срце.

    Мислам дека серијава hits different кај LGBT луѓе, ептен може да се пронајдеме на овој или оној начин.
    Многу ежење, многу солзи.

    Не знам воопшто што друго да кажам, премногу сум погоден, што значи дека серијава и особено актерите си ја завршија работата беспрекорно. Жал ми е што не добија Златен глобус.

    :u: Promise you won't write. :u:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.825
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е така.

    Не можам да разберам како Мет Бомер не зеде глобус. Не знам, еве.
    Ја имам гледано и beef, супер е серијата, ама улогите не можат да се споредат, колку беше позахтевна оваа, едноставно се гледа колку се има Мет вложено. Во beef не е нешто не знам колку драматично. Баш ми е криво.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Fool Me Once
    По повеќе препораки вчера ја почнав се надевам денеска ќе ја догледам, за сега интересна ми се чини. Ја гледал ли некој?
     
  4. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Да интересна е.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.825
    Пол:
    Женски
    И јас се мислам да ја почнам, немам ништо за гледање. Трагедија. :D
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    33.343
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав, ништо посебно. @RainBow
    Немаше некој пресврт интересен, веќе видено беше, во првите 7 епизоди тука па тука се вртеше дејството, па оставиле сѐ да се открие во последната епизода и тоа за неколку минути доловија сѐ.
    Глума исто така многу слаба.

    Мене искрено не ми се допадна, оцена би и дала 3/10.
     
    На simoncelicius, Elissa и RainBow им се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    И од мене истата оцена.

    Го имаат пуштено The proposal, постар филм со Сандра Булок и Рајан Рејнолдс може 20 пати ми е гледам ама ќе го изгледам пак, за атер на Нетфликс. Еден од поомилените ми е.
     
  8. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    4.621
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав. Интересна е, ама последната епизода глупост, или можи дека јас сакам среќни краеви па зато не ме бендиса :D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.825
    Пол:
    Женски
    Уште на почетокот на првата епизода видов дека не е за мене серијава и дека ќе биде полна со дупки во приказната што ќе бара многу превртување со очи. И се откажав, ќе преминам на Tulsa King.
     
    На simoncelicius и Elissa им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.944
    Што е со ужасните reviews на филмов? Тотално има потенцијал за развивање и на ликовите и на универзумот.

    Screenshot_20240126_225415_IMDb.jpg
     
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    Мислев дека сум единствена на која серијава не и се допадна.
    Толку не ми беше интересна што пред крај на секоја епизода заспивав.
    И ја влечев 8 епизоди - 8 дена од што толку немав интерес да ја гледам.
    Крајот исто без врска.
    2/10
     
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    33.343
    Пол:
    Женски
    Јас искрено дури се чудам што читам толку позитивни коментари за серијава, на тикток ја направија како да е најдобрата серија на свет, сите толку многу ја пофалија, викам нешто сигурно мене ми фале штом само мене не ми се допаѓа :D

    Една од подосадните серии што ги имам гледано, глумата на Маја ми беше толку смешна, па и со тој акцентот, неможам.

    Tommy Daaaaarkkk:drunk::rofl:
     
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Го гледаше ли Тулса кинг?? мене ми беше ептен интересна
    и оваа исто,
    Special Ops: Lioness - прејака серија, мислам не е на Нетфликс ама ја има он лајн...Врв

    Сега на Нетфликс ја почнав The Brothers Sun ми изгледа како јака серија.
     
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Не го разбирам хајпот со серијата One day.
    Ништо посебно, на почеток дури и досадна, ама ајде и дадов шанса мислев ке биде поинтересна. Веќе видено сценарио, ок е, но повеќе извикана отколку што е стварно толку добра.
    Ема и Декстер како пар ми се тотално исфорсирани, а секс сцените им се тотално без хемија. Па повеќе хемија имаше помеѓу него и жена му. Се на се од толку галама, разочарување.
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
    На christinnn, eliesaab и Avery им се допаѓа ова.
  15. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Исто… Искрено кај мене не предизвика дури ни некоја емоција…

    Дајте ми предлог за некоја лабава сериичка што не е со многу сезони. Не знам веќе што да гледам.
     
    На simoncelicius, oblace1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми објасни како да дојдам до нетфликс на мојов телевизор ? :D Простичка сум за овие работи
     
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.998
    Пол:
    Машки
    Па во принцип сите телевизори на кои може да имаш Нетфликс имаат веќе инсталирано, независно дали е андроид или не, а и на далечинското има посебно копче нетфликс. Кој бренд и модел на телевизор го имаш?
     
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Јас се заљубив во ликот на Декстер. Настрана лепотата, ептен убаво го долови ликот, типот беше емоција во движење.
    Ема ми беше скроз без шарм и убавина. Никаква емоција не видов, како дрво беше.
    Серијата ми беше скроз океј, хајпот оправдан пошто за разлика од филмот од 2010та, овде многу се играше на карта емоции. Само би ја сменала глумуцата, промашај беше.
     
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Lg имам апликација ама не знам како понатаму
     
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.998
    Пол:
    Машки
    Отвараш апликација, се најавуваш на профилот и гледаш. Ако немаш профил можеш преку телефон/лаптоп да си направиш, и секако треба да плаќаш месечно, зависно од тоа кој план ќе го избереш. :)