Па во принцип сите телевизори на кои може да имаш Нетфликс имаат веќе инсталирано, независно дали е андроид или не, а и на далечинското има посебно копче нетфликс. Кој бренд и модел на телевизор го имаш?
Јас се заљубив во ликот на Декстер. Настрана лепотата, ептен убаво го долови ликот, типот беше емоција во движење. Ема ми беше скроз без шарм и убавина. Никаква емоција не видов, како дрво беше. Серијата ми беше скроз океј, хајпот оправдан пошто за разлика од филмот од 2010та, овде многу се играше на карта емоции. Само би ја сменала глумуцата, промашај беше.
Отвараш апликација, се најавуваш на профилот и гледаш. Ако немаш профил можеш преку телефон/лаптоп да си направиш, и секако треба да плаќаш месечно, зависно од тоа кој план ќе го избереш.
Се излажав и ја изгледав Fool Me Once. Глумата лоша, милион нелогичности во приказната... 6.8 на imdb е дефинитивно превисока оцена за серијава. Би и дал 5/10 пошто не беше некој ужас па да се каам што изгубив време, но добра не беше.
Не функционира, има интересни серии ама за жал кај нас се многу ограничени, јас го имам од УК и тука ми дава само мала листа за гледање.
Ја изгледа некој "3 body problem"? До 3та епизода сум и се навлеков. Конечно чудна и мистериозна серија.
Интересно изгледа, и така немам моментално ништо посебно за гледање, ќе и дадам шанса. Јас The Gentlemen демек ќе ја гледав ама предосадна, веќе видено, не знам, ич не ми се допадна.
Само една епизода пројдов пред некој ден и дефинитивно ми фаќа око. Чекам викенд за да седнам да гледам поасално.
Чудна ама во sci fi смисла. Спојлер: Друга серија предлог Исто одлична чудна нова серија е "Constellation", ама не е од Нетфликс.
Знае ли некој добар амерички VPN за на телевизор за гледање серии на нетфликс што не се достапни кај нас?