И јас не ја продолжив 3 body problem, не знам зошто, може не ми беше моментот за нејзе едноставно. Young Sheldon од кога ја одложувам, не знам зошто, мислам дека ќе ме нервира малиот Шелдон и не ми се почнува. Ја почнав Loot, иако ме нервира главната актерка, ама онака е, мех, за јадење.
Зависи како ми е денот - некогаш не можам да го смислам, а некогаш ми е пресладок. Ама во секој случај ми се допаѓа, забавна ми е и планирам да гледам понатака следни сезони. Гледам излегла Рипли. Се чудам што им требаше таков култен филм да го преработуваат во серија, тотално непотребно.
Многу ми се допадна 3 Body. Мислам дека првите три епизоди и беа најслаби, но после тоа почна приказната да добива фокус.
Леле крајно језива Baby Reindeer. Многу неудобно се чувствувам додека ја гледам серијава. Чудна е, а така некако влече да продолжиш да гледаш. Немам пројдено многу, неколку епизоди само, ама баш ми се свиѓаат темите кои ги отвора за дискусија.
Spinning out е онака просечна за тепање време. Некои добри реплики, лгбт (вообичаено за нетфликс) мораше да го вметнат барем малку, остана недовршена од цели 10 епизоди кои се гледаат во еден ден. Не знам зошто нетфликс стално вака не ги завршува сериите (да, зависи од рејтинг на гледаноста ама барем да знаев дека и оваа е недовршена немаше ни да ја почнам). Вреди да се гледа само заради лизгањето.
Bodies (TV Mini Series 2023) Не правете грешка да мислите дека Bodies е просечна криминална драма. Врз основа на истоимениот графички роман на Си Спенсер, британската серија од осум епизоди се поигрува со жанрот со додавање на интригантен научно-фантастичен елемент додека следи четворица детективи во четири различни временски периоди кои случајно го истражуваат истото убиство. Помеѓу годините од 1890 и 2053 година, детективите - кои ги игра Џејкоб Форчн-Лојд, Амака Окафор, Кајл Солер и Шира Хас - наидуваат на истиот гол труп на маж на точно иста локација, што несвесно ги поврзува заедно додека тие обидете се да дојдете до дното на она што се случило. Да, шоуто е инхерентно мистерија за убиство, но елементот за патување низ времето додава доволно научно-фантастична чудност за да му даде на Bodies уште поширока привлечност.
Абе не одлагај. Јас исто ја одлагав. Сега ми е меѓу омилените. На Нетфликс уште нема новата сезона, ама рилс од новата сезона ми излегват и збесната сум. Секој ден отворам Нетфликс за да видам дал ја има. Туку за Гриселда ако ја гледавте како ве бендиса? Ко контентот ми се допадна. Актерите феноменални. Ама никако не ми додежа вниманието до крај и не сфаќам зошто.
Гледаше некој "You are what you eat: a twin experiment"? Интересен експеримент, меѓутоа субјектите кој знае колку се придржувале до правилата.
Најискрен совет, не одложувај. Појака сит-ком серија немам гледано. П.с. Ај дајте некое филмче или кратка серија за викендов?
Син ми е напред со Шелдон и ми расипа филм, а и видов рилсови од седма и исто збеснав Гриселда ми беше ок, добра серија. Мислам и тема или овде пишував. Инаку некни ја гледав турската серија Thank you, next. Женска серија, одлична за релакс. Башка какви мажи има и аутфити. Очи да испереш.
Искрена препорака да го гледате Shaitaan. Индиски е ама е ПРЕДОБАР. До секој детал добро осмислен. Отсекогаш сум одбегнувал индиски филмови, ама се повеќе и повеќе што им давам шанси во последно сфаќам што сум пропуштал. Сериите можда им се шит, ама за филмови се мајстори.
И јас со 3 body problem до 3та епизода сум, некако ми е безврска, а толку ја величеа сите, мене мо е некако измешано се. Не ми се гледа повеќе.
Ова е нешто најгенијално што сум го гледала во животот, од анимација, до развивање на приказна и карактер, и така јака женска хероина што не било никад... Ова е исто таква приказна, таков мајндфак, таква драма и човечка туга, почеток без крај... А ова исто од креаторите на Dark, преголем потенцијал кој секако дека не го обновија оти капитализам, јбг... Се запрепастив коа дознав прошлата недела...