Немам поима дали е до локацијата, ние сме во различни држави. И ја сум најавена на 3 тв, на 2 мобилни и еден таблет. Ама некогаш и дома ме одјавува и од мобилен и од тв, дали така прави ако не пуштам подолго време да гледам па ме одјавува не знам
Барам серија која ја гледав на нетфликс порано, изгледав само две сезони, ама имаше повеќе, и не ми текнува на името сега за да ја догледам, а во watched не ми ја дава. Различни настани се во секоја од сезоните само истиот детектив чинам беше. Во едната сезона се дешава следново, маж и жена одат со дете одат на одмор и од нигде никаде детево ги убива со отров во чај. После испаѓа дека се припадници на некоја секта што многу не се меша со општеството и дека детето не е ни нивно, туку избегале сосе него за да го спасат и да го вратат на биолошката мајка која откако го родила ја напуштила сектата. Ова беше во втора сезона, првата е со жена што не се сеќава што ѝ се случило во минатото, и верува дека била зависничка од дроги. Ако некој ја гледал и му текне името, нека сподели, сакам да ја догледам, ми се чини ко повеќе сезони од 2 беа.
Three Identical Strangers Спроведувачите на истражувањето толку се лабаво претставени, чиниш им направиле услуга, никаква емпатичност - строго во име на науката. Дури во 2065 година ќе бидат достапни за јавноста резултатите, од страна на Yale. Баш ме интересира зошто скоро век да се чува нешто во тајност, а и не бев нешто воодушевена од она што го извлечија како заклучок. Оваа изјава следи по документарецот: “We have to decide in the next three years whether we keep these closed until 2065 or open them up in 2021,” Novak said. Чекаме до 2065.
Цел тик ток ми е со The Menandez Brothers. Едвај ја чекам да излезе, ако имате префлог други вакви документарци пишете.
Worst ex ever Into the fire: The lost daughter American murder: Laci Peterson И Дахмер, ако случајно не ти е гледана.
Don't come home Имдб 7.4 Предобро спакувани елементи на трилер, хорор и мистерија. Ја завршив вчера и брои само 6 епизоди. Наративот започнува со ненадејно исчезнување на член од семејството, што поттикнува серија настани кои целосно го менуваат животот на сите вклучени. Иако не ја реинвентира мистеријата, сцените се внимателно осмислени и суптилно се вклучени елементи на времето за да се прикажат последиците од одлуките на ликовите во минатото врз нивната сегашност. Приказната е мрачна, длабоко вознемирувачка и напната, во секоја епизода се открива нова димензија на минатото. Одлична психолошка игра, со комплексен наратив за минатото и сегашноста, кои го прават секој миг интензивен и мистериозен. Bodies Имдб 7.3 Заснована на графичкиот роман на Си Спенсер и брои предобри 8 епизоди, кои комбинираат елементи на криминален трилер и научна фантастика. Приказната се фокусира на истрага на тело кое е пронајдено под слични околности во три различни времиња: 1890, 1941 и 2023 година. Како што се развива наративот, така се решава мистеријата во три различни временски епохи. Во секоја од нив има соочување со уникатни предизвици и општествени проблеми соодветни за времето, создавајќи паралели и разлики во наративот. Тематиката е комплексна и нуди динамични интеракции и длабоки теми, како што се општествените стереотипи и предрасуди. Серијата успешно ја пренесува суштината на класична детективска приказна, но со интересна завршница преку времеплов.
Beauty in black, Done Ептен ме бендиса, барав нешто слично на Sky rojo, се погоди. 2025 втората сезона ќе бидела, одвај чекам искрено, како заврши, сеа да неможам да дочекам.
Ја почнав Bodies, и ич не ми задржа внимание, до 3 епизода стигнав, некако се ми е испомешано и без врска. . Don't come home сакав да ја почнам, сега по твоја препорака ќе ја гледам.
Дечко ми ја глеа Дипломат рече добра е. Ја и у друга тема пишав, од мене препорака Designated Survivor. И Lost ако не сте ја гледале.
Cobra kai е со новите епизоди. Очекував повеќе да излезат, премногу ја сецкаат. Инаку си гази серијава. И The empress наскоро има нови.