Дали сеуште постои можноста за поделба на акаунт? Сега пример да уплатам за 4 корисници и на 4 различни места да се гледа? Со 4 Ip адреси.
Јас користам со уште тројца заедно профил, веќе 2ипол години. Само јас гледам на ТВ редовно (мојот ТВ е ставен како Household), на другиве нонстоп им излегува тоа дека не се дел од Household, чат пат си кликаат "I'm travelling" па можат да гледаат по 7 дена на ТВ. Додека пак, на други уреди како телефон, таблет и лаптоп може да се гледа без никаков проблем, а дури и да се појави предупредувањето за household, на овие уреди лесно може да се заобиколи.
Сакам јас на мобилен да си направам акаунт. Најчесто сум со телефонот во раце, па затоа. Е сега на пример дали исто на телефон би можел да речеме и татко ми да активира со истата претплата за повеќе уреди? Или мора еден уред да е телевизор секако? Немам користено и затоа со милион прашања сум.
Не мора да е еден уред ТВ. Истиот акаунт може да се користи на повеќе телефони (ќе си направите на истиот акаунт повеќе профили), но не истовремено. Најскапиот план, Премиум (10€) дозволува во исто време да се гледа на 4 уреди. (Телефон, таблет, лаптоп - небитно) Стандард (8€) на 2 уреди и Basic (5€) на еден. Последниов воопшто не го препорачувам.
Ние сме 4 акаунти и секој си гледа, некој на тв, некој на лап топ, на моб... Не знам зашо викаат дека не може?
Па затоа.. Само на 1 уред може да се гледа и сите содржини се 720 пиксели. Сепак, преференци се во прашање
Јас користам стандард и користам на сите уреди шо ги имам дома, телефон, таблет, телевизор, лаптоп. Цаката со два уреди е дека можи да има вкупно два активно, а не два вкупно. Ама ако е еден активен, и си на иста адреса - можиш да користиш кој сакаш, во случајов јас сум најавена на 4 ама реалистично ко поединец можам да гледам само од еден во даено време. Брат ми кога гледа е "вториот" уред и тој е најавен на уште два ама секогаш само од еден гледа во момент - или телефон или лаптоп. И двата кога користиме паралелно - то се два активни уреди. Ако сака трет чоек да гледа на трет уред - веќе не можи активно то, иако вкупно сме најавени и менваме меѓу 6 уреди. За Нетфликс оти јас користев како админ, мораше на не-знам-колку време да идат другите на мое Wi-Fi да се конектират за извесен период да гледат пред да добијат некое известување или забрана. А, пример можеа да дојдат само со телефон. Еднаш и добивме мејл за суспензија на акаунт. И од тогаш сите се разединивме иако 4ца да делат Премиум е најефтина опција пошто ти иди активен уред по корисник.
Има интересно Reality Show на Netflix, Love is Blind UK. не сум фан на реалити шоус, ама овоа ептен интересно ми се виде
Don't Die: The Man Who Wants to Live Forever (2025) Она кога ќе паднеш во криза во текот на четириесеттите, ама ќе ти текне дека треба да ,,проповедаш" младоликост и продолжување на животниот век. Отворив социјални мрежи да видам до каде е целава пропаганда. Изникнато светско движење, синот задоен со идеологијата место да брка женски, а тие до нив секако дека ќе веруваат во ова ако се убаво платени.
Дојдов да прашам дали некој гледа. Јас моментално ја гледам новата сезона Love is Blind USA. Cringe ми се ама заразни. Гледа некој друг? Да ги анализираме