Вчера ја догледав Дракула серијата. Не знам дали некој ја гледал, јас ја препорачувам. Има само 3 епизоди, траат по час и половина. Многу интересно склопена приказна, убава за пратење, со чудни моменти, хумористични, језиви, од се по малку. Приказната го прати Дракула 500 години, и како тој се снаоѓа и живее низ годините, со доаѓањето на модерното време, а од друга страна и обидите на луѓето да го истражуваат и воедно да го уништат. Многу интересен лик ми е сестрата Агата, пресладок акцент има, и убав лик, досетлив, храбар. Ако немате идеја што да гледате, дајте и шанса.
@Luminary мене па Дракула воопшто не ми се допадна, многу слабо. Во моментов гледам Mad Men која не е некоја нова серија, ама ја препорачувам, многу добра серија (барем првите 5 епизоди)
Сите кои гледате the Sinner - првите две сезони ги гледав на Нетфликс и ако не се лажам втората сезона беше наеднаш ставена. Сега отворам тв тајм и гледам дека прва епизода е излезена пред некој ден, од трета сезона, а втора излегува утре ако не се лажам. Се думам дали да чекам да дојди на Нетфликс цела сезона, ме јади нешто од внатре вака. Како ќе прајте вие и дали имате информации дали ќе ја има на Нетфликс? Официјални дати: Нетфликс: (ова се поминатите две сезони) А, првата епизода ја има и на торент:
Мислам дека вреди да се гледа What if. Ако не си ја гледала Sex education, ете ти супер предлог. Не е баш ептен лајт, ама мене ми беше супер забавна и само што ја завршив.
@theowndemon ке ја чекам цела сезона,ваквите серии така ги гледам,8-10 еп смачкувам во една вечер. @M&M да те израдувам,во Мај излегува 2ра сезона на „Dead to me“ @Avery „Virgin River“ ја има ли во Мк? Супер лајт серија е,ама те прашувам дека Нетфликс дава различна содржина дури и во Европа.Ако ја имаш,супер е за ладење мозок
Од прееска скролам и ништо не ми фаќа око. @theowndemon што ќе препорачаш ама да е on-your-life добро? Колку за ориентација, меѓу поомилените на Нетфликс ми се Brooklyn Nine-Nine, The Good Place, Sex Education, Elite, The 100...
Лесна комедија како Бруклин и гуд Плејс, шо вредат, би биле how i met your mother, the Goldbergs, South Park & the end of the f***ing world. Е сега првата и последната од срце ги препорачувам. Слично на секс ед, само анимирано, би било Big Mouth. Малку подетско е ама скроз исти поенти прај, иста е целта. Мислам секој еден возрасен човек треба да гледа серијава сам, а покасно и со свое дете кое влегва во пубертет. The 100 не ми е гледана ама Elite баш денес ми е на дневен ред нова сезона и искрено нема мн серии слични на неа. Од аспект училишна драма, ново дете кое не припаѓа во училиштето и богати деца кои прават сопки, а во исто време да е серииште кое ми е гилти плежр би било -- Deadly class. Базирана на стрип.
Па мене ми се свиѓа, сеа зависи ти какви серии сакаш. Инаку имам прочитано дека била слична со Orange is the new black, ја немам гледано таа така да незнам дали се исти. Инаку се работи за една девојка која ќе ја затворат за проневера на пари, ќе ја намести нејзиниот дечко, како таа се бори да докаже дека не е виновна и што се ќе и се случува во затворот. Семејството сакајќи да и помогне се впуштаат во многу проблеми. Интересна во секој случај.
Вчера ја почнав Elite, ја изгледав првата сезона во еден ден (8 епизоди се). Не ми е нешто посебна ама ме тера да гледам уште
Две препораки од мене, документарци-серии. - Rotten - две сезони се, одлично посебно за луѓе што не се упатени што се случува со производството на храна во светот. Иако е повеќе насочено кон мегаломанските амерички стилови на пазарење, е од општа корист за сите. Да сфатиме еднаш засекогаш зашто не е во ред сите да товарат авокада по дома како блесави. - Cooked- Michael Pollan мене ми е симпатија за озбилно, сите книги ми се прочитани од него. Cooked ми е една од омилените и нетфликс документарецот е одлично направен. Секоја епизода е посветена на различен "тип" на готвење и припремање на храна преку природните елементи. Прекрасен документарец, ги binge-нав сите епизоди пред некој месец, и ич не ми беше криво.
Дајте предлог некој? Colony и Sex ed ги смачкав. Некои со слична содржина? Elite новава сезона ме разочара, најверојатно нема ни да ја догледам..
Јас ја изгледав Elite последната сезона у еден ден Серијата е по мој мерак. Па ако имате некоја слична гледано предложете Денес ја почнав Toy Boy. Ми изгледа интересна а и дечките добро денсаат 13 епизоди има, не се многу