Јас ги имам изгледано последните сезони од УСА (првите не), УК и една од Бразил - баш беше драматична. Обавезно имам најомилена личност, од УК се уште ја следам Деми, а гледам дека другите парови уште се заедно некако посмирени ми беа од УСА. Во новава сезона тригер ми е Дејв… Не можев да го гледам како ја потиснува Лорен заради сестра му и другарите. Нешто не ми штима кај паров со кој што заврши последната епизода (не памтам баш имиња). Ги гледам и Тоо хот то хендл и Перфект меч - ја чекам новата сезона се збори дека Оли (УК) и АД (УСА) ќе бидат пар.
Ги немам гледано одмна ги испозаборавив веќе треба да им седнам пак да одморам мозок. И мајка ми тогаш ја заразив со нив Шветска ја гледај мене ми е една од омилените, некако најприродни ми се иииии малку поразлично Love is Blind Habibi таму има позната инфлуенсерка Дуња од Арапскиот свет. Инаку и јас си имам омилени парови И имам ставено известување за моите Италјанци да ги видам. Чекам со месеци никако да излезе
Reunion гледаше ли? Дејв ужас, и мене воопшто не ми се допаѓаше, ни интерес ни труд. Јас искрено Сара и Бен многу ги сакав на почетокот, ама Сара нешто ми стана too much при крајот веќе.
Дејв проба да собере поени извинувајќи се ама се гледаше дека се е глума за да си направи подобра слика пред јавноста. Мене Медисон многу ми остави впечаток ама и таа и Моли ми се како драма стартинг гирлс, сигурна сум дека ќе ги има и по други шоуа. Сара и Бен ми беа прекјут ама Бен е типичен white guy и го разбирам зошто немаше став за одредени теми, а Сара како пропаганда за lgbtq тоа и беше цела тема. Не знам зошто толкав акцент на тоа кога тој со сила не ја тераше да оди по цркви и што ако има поразлични гледишта не рече дека ги мрази туку дека ги прифаќа lgbtq… Ептен напна значи. Таа Вирџинија исто фејк ми изгледа. На крај најдуша од сите ми е Даниел
Исто би ти предложила и Below Deck - нови се на Нетфликс само една сезона има ама чиста зараза се хаха
Исто би ти предложила и Below Deck - нови се на Нетфликс само една сезона има ама чиста зараза се хаха
Здраво, пред некој ден ми стигна порака дека Нетфликс по одреден датум нема да можам да го користам на телевизорот, демек нешто не бил поддржан уредот. Не ми е јасно што е конкретно проблемот зошто телевизорот си е сосема во ред. Да не има некој искуство со вакво нешто и дали може да се среди?
Не отварај сомнителни линкови и не внесувај податоци. Има во последно време scams со Нетфликс, мене ми има стигнато смс "сметката е запрена, ажурирајте податоци". Не знам дали се работи за тоа во твојот случај, само внимателно. https://help.netflix.com/en/node/65674#:~:text=If you get an email,to keep your account safe.
Мене ми стигна ваква порака; Ажурирав , ама ни на крај памет не ми текна дека е измама. Вечерта ми повлекле од сметката 4000 денари. Па се јавував во банка да ми ја блокираат картичката и сега треба нова. Пазете, не отварајте вака на сомнителни линкови како мене.