Почнав но некако тешко ми оди за разлика од другите сезони, некако подосадно, не знам дали е до мене или до сезоната..
Јас ја изгледав. Многу емотивна сезона. Спојлер Џорџија сепак успеа да се спаси од затвор, но до кога ќе видиме. Итра лисица е. На крај многу ми падна жал како сите ја отфрлија Макс од групата, а Џини дури и рече дека they grew apart. А Макс беше таа што ја вклучи во нивната група Џини на почетокот. Се плашам дека Џини и Остин почнуваат да личат на нивните родители, Џини на мајката а Остин на татко му, што не е добар знак. Маркус не успева да ја преброди депресијата. Хајлајт на цела сезона ми беше Џо секако. Многу сакам да се endgame со Џорџија и бебето да е негово, но ништо чудно и да е на Пол за да ги искомплицира дополнително работите. Следната сезона ќе биде дури на крајот од 2026 или почеток на 2027. Таман Остин да порасни и да се ожени. Дека сите се шегуваат за тоа колку брзо порасти а третата сезона почнува веднаш после втората, нема time jump. Многу ме нервира ова што има предолго чекање меѓу сезони, истото е и со Bridgerton.
The Royals (2025) - нешто поинакво од класичните индиски серии. Оваа прилично ја влечкав, настаните не беа нешто посебно (освен несвојствени за нив, па може и затоа ми задржи внимание). Глумците ништо посебно, освен некоја сензуалност измеѓу. Од споредните оној што готвеше беше интересен и пропратните настани поврзани со него.
Најмногу што ми оставиле впечаток на нетфликс серии се Dear Child ( германска) Cassandra исто германска препредобра Сите скандинавски, ми се исто предобри. особено Are murders и The Chestnut Man И омилена засекогаш која нема никогаш да заборавам какви емоции ми пробуди " Maid" Моментално ја гледам Ginny and Georgia и ми се допаѓа до втора сезона сум.