Форумџика на годината

Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    Се исплати ли Нетфликс + HBO комбо пакет да се земе? Како сте задоволни?
     
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Кој оператор и која цена? Мене во А1 ми даваат само една стриминг платформа бесплатно по избор.
     
  3. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    А1 мислам. Имаат комбо Нетфликс + HBO во пакет. Се плаќа 200-300 денари месечно. Не ме држи за збор.
     
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Мене во комбо ми е даден 1 стриминг бесплатен, не ми понудија комбинација како тебе. Двете платформи ги имам и двете се со различни типови серии/филмови, така да само осигурај се дали со Нетфликсот ти го даваат Хбо+ стримингот или само каналите Хбо. Ако е со толкава доплата и Хбо+ се исплати да ги земеш двете.
     
  5. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    Имаш имаш комбо.

    Јави се на 0771234 контакт на А1. Ќе ти објаснат. Ако си корисник на А1 услуги плаќаш некоја смешна сума за нетфликс и hbo.
     
  6. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    3.316
    Деновиве ја гледам Finding Her Edge, не сум сретнала серија со тема уметничко лизгање.
    Станува збор за семејство кое се занимава со професионално уметничко лизгање. Родителите биле светски прваци, мајката починува, а таткото останува да води клуб и лизгалиште со неговите 3 ќерки. Сега, целта му е по секоја цена една од ќерките да го повтори успехот и да стане првак, за да успее да земе пари од спонзори и да се спаси од долгови и потенцијално губење на куќата. Низ таа трка, го губи емоционалниот однос и родителската врска со нив, на некој начин им станува само тренер, а секоја од нив се бори со свои предизвици без родителска поддршка која им е многу потребна.
    Ми се чини дека улогата на таткото му е дадена на погрешен лик кој многу вештачки, површно и клишесто ја носи. Но и покрај некои маани, ми го држи вниманието.
     
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Само трејлерот го видов и помислив дека е клише романтична серија па се откажав. Ќе и дадам шанса чим е фамилијарна драма.

    Иначе никој не коментирал за Secrets we keep. Многу ме нервира крајот, мислев дека ќе се разреши во втората сезона ама иако е многу гледана серијата не е најавено продолжение и сеуште стои како мини серија. Некој да не знае дали ќе продолжи?
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.344
    Допаѓања:
    227.202
    Пол:
    Женски
    На кој му се потплачува нека го гледа Ordinary angels.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    3.316
    Првите епизоди беа ветувачки, како што пишав имаше некои клишеа, ама ме привлече темата ептен. На крајот ја уништија сезоната, ја уништија најубавата хемија меѓу двајца од главните ликови заради друг лик кој ми беше како замрзната кукла.
     
    На Didajo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.443
    Допаѓања:
    334.039
    Пол:
    Женски
    IMG_1676.jpeg

    Мини серија од 8 епизоди(трилер).Интересна е и држи внимание до сам крај.Сестрата и сопругот на Маја се убиени.Маја почнува да копа сама за да дојде до вистината кој и што стои зад се ова.
     
    На Panda00, bookslover, Melissa_39 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.302
    Допаѓања:
    205.927
    Пол:
    Женски
    Имаме Комбо пакет на А1, го продолживме договорот пред еден месец. За стриминг имаш само една опција по избор, дали Netflix, HBO Max, Gley или Sky Showtime. Бираш кое го сакаш. Можеш да менуваш, не дека не, само се јавуваш кај оператор да ти даде пристап. Еднаш месечно најмногу можеш да смениш.
    HBO каналите ти се во пакетот што го плаќаш, оти нели си бираш кои канали сакаш да ги гледаш. Имаш дифолт пакети, имаш и пакети што се доплаќаат, така е со HBO.
     
    На Најубаф на свет му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.966
    Допаѓања:
    184.124
    Пол:
    Женски
    Јас за А1 знам дека често разменвам од нет сеф ко ќе сакам Gley ама немав идеја дека можам по договор да имам Нетфликс и HBO. Ги имам како канали ама не како стриминг платформа. Јас Нетфликс на своја волја плаќам ама ако цената е иста или помала радо би да уплатам преку А1. Треба да се јавам во контакт центар да видам дали можам да уплатам екстра за ваков пакет? Или пензионерски да си одам на шалтер.
     
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    За гледање (серии кои мене ми се допаднаа):
    1. Secrets We Keep данска криминална драма, мини серија, 6 епизоди:
    Во привидно идилична, богата населба северно од Копенхаген, исчезнува младата ау пеир Руби – филипинска девојка што работи за една од семејствата. Нејзината соседка Сесилија почувствува дека нешто не е во ред и започнува сопствено истражување, што отвора мрак под површината на „совршените“ животи и блиски пријателства. Таа заедно со полицијата и со сопствената ау пеир Анџел открива злобни тајни за привилегиите, моќта и привидната безгрижност на богатите.

    2. "The Glass Dome“ е шведска криминална драма / психолошки трилер мини-серија од 6 епизоди:
    Лејла е криминолог која се враќа во своето мало родно село во Шведска по смртта на нејзината посвоена мајка. Откако исчезнува малата ќерка на нејзина пријателка, Лејла се вклучува во истрагата за исчезнувањето што ја принудува да се соочи со мрачното минато од сопственото детство, кога пред многу години и самата била киднапирана.

    3. "No One Saw Us Leave“ е мексиканска емотивна мини-серија во 5 епизоди инспирирана од вистинска приказна и базирана на мемоарот Nadie nos vio partir од Тамара Тротнер (девојчето од серијата):
    Серијата ја следи Валерија Голдберг, млада мајка во 1960-тите во еврејско-мексиканска заедница, чиј живот се распаѓа кога нејзиниот сопруг Лео Солцман (под влијание на своето семејство) ги киднапира нивните две деца и ги носи во Европа без да ѝ каже каде одат. Валерија, одбиена и осудена од заедницата, решава да ги пронајде своите деца по секоја цена. Со помош на поранешен агент на Мосад, тие патуваат низ различни земји во трка против времето и опозицијата на влијателното семејство.

    Серија за негледање: "Ла Палма" :D, (жали боже на тие 2-3 саати кои ги потрошив гледајќи ја ама првата епизода и втората до половина беа добра па така и продолжив). Ми излезе како предлог демек една од погледаните а одамна немам видено поклише сценарио, предвидлив развој и текот на настаните скроз како некој сценарист во обид да ја пишувал:
    Четири члена семејство од Норвешка патуваат на своја омилена зимска дестинација канарискиот остров Ла Палма, за Божиќна одмор. Но идилата брзо се претвора во кошмар кога млада истражувачка открива загрижувачки знаци дека вулканот на островот може да еруптира многу скоро.
     
  14. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    Фала многу на објаснување.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.