Треба да е добар вака по трејлеров. Иначе глумеше Мефисто во Марвел серија, ама такви улоги мислам дека не му стојат. Сите го знаеме по смешни улоги.
Оо оддамна го гледав, ќе мораш на онлајн страни да видиш, serijebalkan, fmovies123, soap2day, на првата ти е посигурно плус превод имаш..
Ја изгледав Something very bad is going to happen (2026). Интересна мини серија за љубителите на хорор и мрачна атмосфера. Единствена замерка е што има 3 епизоди во кои ништо не се случува и од хорор се претвора во емоционална драма, но во последната епизода пак се врти на хорор. Секоја чест за глумците и за глумата, особено на главниот лик. Добра серија за тепање време.
Speak no evil го гледав деновиве и е мој предлог. Подоцна дознав дека оригиналот е дански филм со ист наслов, и мило ми е што ја изгледав оваа верзија која ја имате на Нетфликс.