Behind her eyes 2021 Ја изгледав серијата само затоа што сакам кратки серии и прочитав дека има добар плот твист. Добра беше, ама во 5та епизода знаев веќе како ќе заврши и ако не завршеше така ќе се разочарав. Само заради крајот ќе му дадам 8/10, измеѓу ми беше мех.
I will find you, ми остави голем впечаток, одамна немам гледано нешто што ми привлекло толку внимние.
Ох, јас не предвидов и не можев да ја тргнам од глава со денови… Инаку новата сезона на The Gentlemen ми беше топ. На почеток малку онака, ама секоја епизода подобра. Theo James
Турска мини серија од 7-8 епизоди. Мене ми се допадна, иако имаше и многу спори моменти. Крајот недовршен, би требало да има и втора сезона... 8/10
The Hunting wives 2025 Интересна кратка драма -мистерија серија со 8 епизоди. Базирана по истоимената книга на May Cobb. Наводно 2 сезона закажана за ноември годинава. Од мене добива солидна 8\10, ми го задржуваше комплетно вниманието.
Not a stranger... Ја спомнал некој погоре се сложувам, на моменти досадна на моменти интересна 8/10. The Doll ... хмм на моменти многу ме нервираше главниот лик поради нејзината неодлучност ама крајот беше добар. Само поради крајот 9/10. 365 days, трите дела. Ми кажаа дека има добра еротика па затоа го гледав. Ама ми се згади. Мразам филмови во кои мажите се јаки фраери а жените глупави к**ви. Нема ништо поодвратно да романтизираш киднапирање. 1/10.
East of Eden,2026 серија на Нетфлих,оваа серија ме потсетува на типот на серии од едно време, вреди да се погледне.
Ја завршив Not a stranger. Не ми се допадна крајот. Глупост. Во главно не сакам серии затоа што ми одземаат многу време , оваа ме привлече некако , ни јас не знам како. Всушност , бидејќи е само една сезона и 8 епизоди , затоа. I will find you , ми изгледа добра , одамна ја меркам но мислам дека нема да ја загледам , ќе продолжам со некое филмче.
The gift of deceit 10/10 Ми се допадна, секоја епизода носеше нови изненадувања. Богата фамилија, навидум совршена но со низа тајни. Наивна и лековерна ќерка. Мајка со чудна, опсесивна приврзаност. И фамилија на измамници кои се спремни на се. Посебно ми се допадна како на крај ја објаснаа мајката. Дефинитивно да ја гледате.
The Body 7/10 Иако во глобала сакам филмови во кои има изопачени религиски фанатици овој некако не ми ги исполни очекувањата. Како режисерот да неможе да одлучи во кој временски период се одвива дејството. Некако премногу модерни сфаќања за во 2004 година. Пораката е во ред, на што се се спремни луѓето само за да бидат прифатени од некоја секта/друштво. Можеби да бев во 20те ќе ми беше забавен. Вака некако просечен ми се виде.
The body - повеќе хајп на социјални медиуми, нема ни х од хорор, повеќе е средношколска драма. Не е лоша, ама не е тоа како се рекламира, очекував подлабока мистерија и позначаен развој на настаните. Свештеникот е секси.