Супер серија ми беше мене, што отвара баш сериозни теми за дискусија. Првата сезона ми беше малку поубава, ама и втората не е за потценување иако имаше моменти каде ми беше досадна. Јас заглавив со Next in fashion, леле колку е забавна! Ја изгледавме во еден ден (10 епизоди се) и ептен убав троубек си направив во времето кога не бев ни средношколка и по цела вечер гледав Project Runway со Хајди Клум. Многу забавно беше, ама учесниците ми беа многу напорни, истрипани дека се нешто многу посебни и слични филмови. Сепак забавно шоу, ако некој сака вакви работи.
Ист вкус за серии имаме изгледа, нема сезона на Project runway што не сум ја гледала, сега ја гледав и Making the cut со Хајди Клум, ама не е ништо посебно. Баш ќе ка пуштам следно Next in fashion. Иначе “љубовта” за тнејџ сериите ми почна со серијата My so called life, а тогаш и јас бев тинејџерка
Леле прекрасна е Next in Fashion, ако не ви е доста, Aлекса Чанг има и јутуб канал од неодамна и има пресмешни и презабавни видеа, срцка е. Never have I ever Дека е тинејџерска е, ама некад супер ми легнуваат ваквите. Девојки во средно школо со нивните проблеми. Главниот фокус е на Деви, која е индијка, и самата серија е идеја на Минди Калинг што јас многу си сакам и почитувам. Имам многу диверзитет, и убаво е конечно да се види ваков тип на серии каде што нема само плави слаби американки. Плус сите би беа мене толку убави, посебно Фабиола и Пакстон Ozark Ја привршувам ама вреди да се препорача. Интересна приказна, трилер-крими-драма, ама со доста добра изведба и одлично изградени ликови.
Оддавно ваква серија не сум гледала. Топла, со огромна доза на толку силна детска верба, љубов, надеж. Прекрасно изработена, мене ептен ми се допадна и би сакала да има можност некако да ја продолжат. Ако не, пак одново и јас би ја гледала.
Се собравме фанови на young adult жанрот. Да ја гледаш и Sex Education, @MissDior, ако веќе не ти е гледана. Јас во овој жанр се заљубив од книгата на Џон Грин, The Fault in Our Stars. Пред тоа ич не сакав да гледам и читам нешто тинејџерско. Кратко потоа почнав да ја гледам My Mad Fat Diary и до ден денес оваа серија ми е една од најомилените. Нетфликс само ми помогна да не ги барам многу-многу, зашто со 1-2 изгледани, одма ти дава нови. Немој случајно да заостанеш, како така. Baby исто ми беше многу убава, пред сè поради јазикот. И ликовите, хемијата меѓу нив, ептен слатка серија со многу сериозни теми. Elite убаво почна ама последнава сезона не знам дали им беше зафрканција, како на мајтап да го снимале крајот, не знам. Ептен ме разочара и ја прекинувам, доста беше и толку. Се изнагледав периодов тинејџ филмови на Нетфликс. Препорака за All The Bright Places, адаптација на книга е од Џенифер Нивен, ама да бидам искрена книгата воопшто не ми беше по вкус, не ми се допадна. Филмот ми беше многу, многу поубав, ептен се соживеав. Не беше лош и вториот дел од To All The Boys (P.S. I Still Love You), ама сепак првиот ми останува далеку поубав и посладок. Овој имаше премногу тин драма за мене. Друго не ми текнува, само знам дека сакам деновиве да ја изгледам Never Have I Ever, ми излезе нотификација за неа па одма ја почнав и забавна е.
Јас би сакала некој заклучок, независно од серијата, како би се одвивал животот на ликовите после таа точка, како филм. Оти дефинитивно супер завршува. Ако продолжеа ќе преминеше во milking for money и многу не би ја прегледале ради тоа и многу не би ја почнале ради тоа.
Ти благодарам за препораката, Господ здравје да ти даде и да те поживее. Ја изгледав цела, да речам ја проголтав. Преубава серија, кастингот немам зборови, сите до еден одлични, се сложувам дека е совршена. Спојлер На почетокот на третата сезона, кога јаваше Ен на коњот, колку беше порасната, убавица беше. Со Гилберт совршен пар. Сакам уште и јас, сакам да видам како ќе биде во колеџот, како ќе се одвива врската со Гилберт, сакам да видам со Каквет што стана, не ми се допадна така што оставија. Сакам уште да ја гледам со нејзиниот огромен оптимизам и желба за живот, инспирација е.
Даа, имам два омилени гифови од цела серија, првиот е во мислењето шо си го цитирала, а вториот е кога јаваше на коњ. Кога видов таа сцена онака не бев спремна. Ама пошто е онака ептен уба сцена нарочно не го ставив тој гиф за да го видиш во серијата. Спојлер Спојлер Леле со Гилберт како ги чекав. Криво ми е дека толку касно биднаа официјално и дека не ги видов како се дејтаат поќе. Можи зато сакам уште сакам да ги гледам и да си плачам од среќа. Накратко серијава ја преплачив, секнав дур ја гледав, дури и на среќните моменти. Особено кога учеа да танцуваат на училиште, мислам дека тогаш тие кои не ја сакаа со Гилберт сфатија дека грешат и дека совршени се еден за друг уште во првите епизоди кога се запознаа. Јас ќе чекам барем Јуни да чукни за да ја прегледам. На 6 месеци.
Мене оваа ми е на листа за гледање, али гледам дека има малце епизоди. Прекината е, или намерно тогаш ја завршиле? И вреди да се гледа, така?
За сите што сакате криминалистички серии, ви ги препорачувам Criminal Italy, Criminal Germany, Criminal United Kingdom. Кратки се, по една сезона со по три епизоди секоја серија од околу 45 минути, ако не грешам. Пробувам да гледам што повеќе серии на германски ама откако ја изгледав германската, морав и останативе две верзии. Добра германска серија исто така How to sell drugs online and fast. Премногу добро им е направена според мене - и сериозна и пресмешна на моменти, а и ликовите се супер. Можеби е малку тинејџерска (сметајќи дека се се одигрува во средно училиште) но сепак, за помлада популација мислам дека сепак би била интересна. Perfume - уште еден германски хит. Ова е модерната верзија на книгата Парфем од Патрик Зискинд. Опасен трилер, не го предвидов крајот во никој случај. Unbelievable, направена според вистински настан. Ја изгледав во една вечер. Девојка е силувана но никој не и верува дека тоа навистина се случило поради нејзиното некарактеристично однесување но и недостатокот на докази. Се додека не се случи пак, и пак, и пак. Quicksand - прва серија која сум ја изгледала на шведски јазик но не и прва серија што сум ја изгледала во една вечер . Уште една драма-мистерија. Се случува пукање во училиште и девојката која пука, но не и нејзиниот дечко, е жива и приведена во затвор. Приказната се врти околу нејзиното судење и што е она што се случило и довело до целиот настан. The Sinner, серијата има две сезони, искрено првата ми остави многу поголем впечаток од втората. Приказните се скорс различни со исклучок на главниот детектив кој е присутен и во двете приказни. Се очекува трета сезона. Маrianne е одлична серија за сите што сакаат хорор. Добра приказна, секако нереална но со примеси на комедија на моменти, доволно за да ти го отргне вниманието се додека не следи следниот бран на хорор . Ми требаше ден-два за да прекинам да погледнувам позади мене после серијава . Каква селекција на актери имаат направено - алал нека им е. Патем француска серија (колку што се сеќавам). Сите горенаведени се Netflix Original и сите ги имате моментално на располагање. Кога ќе ми текне уште некоја, ќе пишам. Дотогаш, чекам и јас предлози - не дека немам што чекаат да бидат изгледани а јас упорно се навраќам на Friends и Big bang theory, ама ај
Не знам дали ти одговориле досега, со оглед на тоа што мислењето ти е пишано одамна, ама ќе има трета сезона. Како што читав, мислам дека веќе е пуштена во Америка, но не и во Европа. Не знам како успеале да спречат да се прошири преку торенти досега ама останува да почекаме уште малку. И јас едвај ја чекам, особено затоа што прочитав дека оваа сезона наводно била со најневеројатна приказна досега.
На торент ги има. Не ми беше тоа прашање, туку ми беше лично вие шо гледате дали ќе чекате на Нетфликс или ќе гледате недела за недела. Према Тв Тајм одамна нема епизода па се надевам наскоро ќе е на Нетфликс ако не штом немам шо да гледам ќе ја пиратувам јбг.
Јас ја изгледав Too hot too handle и не бев нешто воодушевена. Франческа тежок манипулатор,она е најубава,она е топ ама и сноб. Хејли причилно е мој тип,штета што ја избркаа и баш и е гајле што правеле Ронда и Шенон па и мене ми беше гајле. Клое глупа. Поглупа амин. Секој што ќе го види и е wow. И се некој нов ако доаѓаше таа ќе даваше корпи на старите. Шенон нормален тип на машко. Ронда е многу убава,реално признавам. Тој Исус што го хејтаа многу ми ее допаѓаше,понастрана се држи,многу е таинствен,затворен и не беше за во емисијата дефинитивно.
Прати линк ако може. Мене не ми ја дава на Нетфликс се уште, а ја нема ни на Замунда. Знам дека е излезена на Нетфликс во Америка ама кај нас не сум ја видела се уште.
Јас ја имам гледано и ти ја препорачувам. Првите две сезони се предобри, буквално не спиев за да гледам, трета сезона ми беше онака, ништо посебно ама затоа пак беше пократка од другите. Снимаа и шеста сезона ама ништо од неа не бидна. Последно ја изгледав мини серијата ,,Unorthodox,, и топло ја препорачувам. Се зборува за Етси која бега од екстремистичкиот верски систем на еврејската група Сатмар.
Ја завршив во 1 ден Ask (Love) 101 на нетфликс. Ако е турска предобро е направена и вреди да се изгледа. 8 епизоди теен-серија баш за тепање време. - ја почнувам сега the end of f****** world, се надевам ќе ми се допадне.