Ви се случува ли да имате проблеми со неудобна гардероба и чевли? Чевли убави на изглед, супер се додека ги пробувате и после мака ви е да ги носите отечени стапала, плускавци итн. А сте ги посакувале долг период и на крај ви создаваат само проблеми! Ги носите и понатаму додека не се подрашират (иако тоа е болен период а често и несупешен)? Ги фрлате во некое ќоше и не сакате да ги погледнете? Ги подарувате? ... Исто е и со гардеробата. На изглед супер ама фармерките ве стегаат, блузата се растегнала, фустанот ве стега одвај дишите во него, долната облека ви е ужасно неудобна (посебно жените со фижбанот на градниците си имаат проблем ), купачите за сончање ве стегаат итн. Што правите со гардароба? Продолжувате да ја носите иако ви создава тоа проблеми или во канта?
Кога ќе налетам на такво парче почнувам да се мразам себе си! Каде ми е паметот кога избирам и купувам нешто такво? За мој инат си правам така? Вечна мистерија.... Еве последно што ми се случи. Гледам штикли едни по класика салонки, и одам да ги пробам. Фино лепо ги плаќам и вечерта за излегување ги пробувам....и ме стегаат!!! Муки невидени да ги раширам. Ама ги носам! За свој инат ги носам. И фустанчето да е малку поголемо ќе го носам(дури и да не ми го стегнала мајка ми), И градникот што ме стега ќе го носам. За ИНАТ!!!! Ама веројатно само тогаш еднаш, а после си седат тие чевли или крпчиња во плакар....
После неколку грешки си ја научив лекцијата. Ако осетам дека барем малце нешто не е во ред со гардеробата, не го купувам па колку и да ми се допаѓало. За чевли уште правам грешки бидејки не можеш со едно облекување да осетиш колку ќе бидат удобни. Имам едни штиклички кои прилично многу скапо ги зедов а сум ги облекла само еднаш, седат така собираат прашина и чат-пат тажно ги погледнувам оти навистина се преубај, можам со се да ги комбинирам е сега уште да можев да ги носам . Градници, долна облека фрлам, нема ништо поиритирачко од тоа долната облека да не ми е удобна.
Јас најголемите вакви грешки ги правам за чевли, чизми и сандали. Тотално се влјубувам ако ми се убави, и мора да ги купам, и не ни запазувам дали ми се удобни. Обожавам чевли, пасија ми се, но поради оваа моја особина, многу парови чевли прашина ми фаќаат. Еднаш два пати сум ги облекла, и цела рани по нозете. За облека многу побеќе пазам.
Секогаш внимавам кога купувам нешто. Облека никогаш не сум купила која ми е неудобна. За чевли ретко грешам, но најчесто грешам за балетанки. Бидејќи носам мал број купувам со ластик и тие убиваат, ама ги носам , не се предавам
Облека,за среќа не промашувам! Добро знам да проценам во што ќе се чувствувам удобно а во што не! Знам да утнам во изборот на чевли! Имам неколку неудобни чевли облечени само еднаш/двапати и ништо повеќе! Си стојат дома и секогаш кога ќе помислам да ги носам ми текнува дека цел ден ќе офкам! Затоа не ги носам, се трудам да се помирам со фактот дека сум ги утнала и нема да можам да ги носам! Чевли кога купувам секогаш постои ризик дека само еднаш ќе бидат облечени! Ич,ама ич не можам да си проценам дали ќе ми се удобни или не!Имам многу лоши искуства со чевли (уште од мала) а за среќа има и некои што многу сум си ги погодила! Сепак неудобните не се обидувам да ги носам! Летово се зезнав со костим за капење! Слаба сум (нормална тежина) но поголеми гради, и секогаш исти проблем-горниот дел прекрасно ќе ми стои,а долниот ќе ми е голем,и обратно,ако долниот ми е во ред тогаш горниот ми е мал! Земав едни надевајќи се дека ќе ги стеснам,ама и после стеснувањето долниот дел сеуште ми беше малце широк ! Ги облеков само еднаш кога бевме на одмор, и толку ми беше неудобно во нив, се покајав, цело време ги кревав и се плашев дека ќе излезам од вода без долен дел За да си ја поправам грешката кога се вративме од одмор го купив и помалиот број од истиот костим за капење! Си направив комплет, морав да купам два броја за да си направам еден костим за капење што ќе можам да си го носам! Така си го решив проблемот,ама ме чинеше поскапо!
За чевли и облека како така, ако гледам има шанси да личи на облека ќе ја поносам, ама ако не, ја оставам во долни касели Имам такви едни фармерки за кои и денес ми се плаче по две години, ги купив мераци, и на крај прво обелкување сфатив дека се лепат ко водени на мене, не стојат убаво, и за инат не ги фрлам, ги прередувам нонстоп, ми фаќаат место ама не фрлам бе, не. Чевлите пошто мака мачам најчесто дур да купам, ги погаѓам, и ги износувам се додека се носливи и личат на чевли. Е сега, за прслук, е тоа, си имам мака, материјалите ми се мака уставри, имам сто купено, ама ми прават алергија, ме чешаат градите и ми се вцрвуваат, па нови си стојат така, се додека мајка ми не ги начека и не ги испофрли (тоа и е хоби, фрлање работи кои зафаќаат џабе место ) па еве веќе неколку години купувам прслук на Грациа, препогоден ми е.
За облека не ми се случува да нарпавам утка... Ама со чевлите честопати си имам проблем. Обично додека се нови ме стегаат, ама после тоа се разлабуваат и немам гајле. Инаку долго време на пример не можам да носам салонки напред заоблени , а на висока стикла, бидејки бе болат напред прстите.... Инаку ако ве стегаат на некое место новите чевли, намачкајте ги од внатрешноста на тоа место со крема за лице, или ставете во нив крпчиња натопени во омекнувач за алишта
Новите штикли ми се мака..најверојатно поради тоа што единствен критериум што гледам да го исполнуваат чевлите, посебно штикли кои не се носат секој ден, е да се убави...и ете така си заработив лупнато колено, со рана што инаетливо незаздрави добар месец и пол Еве еден ( се надевам ) корисен начин да ги раширите новите чевли, неможам да кажам од искуство дали успева, ако пробал некој нека каже што мисли <object width="640" height="505"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/qf5mJ7aR2t8?fs=1&hl=en_US&color1=0xcc2550&color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/qf5mJ7aR2t8?fs=1&hl=en_US&color1=0xcc2550&color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="505"></embed></object>
Ja носам ептен ако треба негде да одам дотерана. Инаку за во петок и сабота си облекувам сепак нешто кое што не ме нервира. Инаку и јас си имам најголема мака со чевлите, дека носам голем број и секогаш маки мачам дури да си најдам број прво, а после тој број да ми одговара...
Сите балетанки ми се промашај . Ај овие последниве , само 2 месеци и помалку ме стегаа ама пред нив едни што земав , ги облеков неколку пати за инат , за видам дали пак ќе ми прават и ми прават рани . А ептен се убави . Исто и тие за полуматура што ги носев . За облека , можеби некои фармерки . Ама обично знам да се справам , дали со патент некој ..дали со копчиња ..
Ако сте купиле чевли што ве стегаат.ставете ги во ќесе,па во замрзнувац и оставете ги 2 дена,кога ќе ги извадите нека се отпуштат од ладнотои после нема да ви прават ниту рани,ниту плускавци ниту ќе стегаат.позз
Јас редовно мака си мачам со обувки,било за лето или за зима. Имам голема нога, бр.40-41, така што ретко ми се погодило нешто без проблем да го износам како што треба.Обично по неколку неделно носење обувката добива облик на ногата, некогаш се кине се менува дел од неа и ако не е многу забележливо ја носам, ако не си стои во кутија за чевли.
И јас имам ваков проблем дека голема ногата и се ми е тесно,ама со ова замрзнувањево си ги решив проблемите,а заборавив да кажам,откога ќе се извадат од фрижидер може да ставите во некои чевли и шише од пола литар со вода и уште пораширени ке бидат
Чирибирибела и јас имам голема нога и си имам проблем со плускавици. И ги давав на баба ми да ми ги рашири
Невиден баксуз сум за чевли. Или ми се тесни и ме стегаат на предните прстиња или почнуваат да ми "клипаат" и како одам, шлапкам во нив. Имам мерак на убави ролки, но џабе ги купувам - с'клет ме фаќа од нив, ги мразам такви припиени, а погадно нешто од кругови под мишките не можам да смислам Некогаш, нешто ќе ми запне за око, ама ако не сум сигурна дали материјалот е квалитетен или не, на помош ја викам мајка ми Во неа имам доверба. Се' што е од сатен мене ми е страшно некомотно и неудобно и го одбегнувам. Исто и тие туники-фустанчиња , волнени, кратки и припиени на телото, а измеѓу половината и градите огромен каиш на ластик... неудобно! Тесни кошули, струкирани и закопчани до грло. Изгледаат можеби секси со фармерки, ама раце не можеш да кренеш или да гушнеш некој.
A дали си купила боди кошула? Нема понеудобно од тоа чудо!!! Кошула како кошула не е 100% растеглива, абе неможеш рака да кренеш. Ама сериозно неможеш. До пола максимум ги креваш рацете. А се онака број точен, бодито точно. A за инат не да стои перфектно на панталони и фармерки, ама удобност нула Али најдов јас спас. Си го извадив долниот дел т.е бодито и сеа мака си немам
Што се однесува до чевли,имам неколку пати згрешено во купување.Кога ќе ги пробам супер,отпосле ми создавале проблеми и ги баталувам (џабе фрлени пари).. Но,што се однесува до облека купувам нешто во кое ќе се чувствувам пријатно и удобно. Крај краева што ако е нешто убаво или модерно,кога ќе го облечеш не ти е удобно?! Удобноста е пред се.