јас така една блуза ја купив на наговарање на продавачката ,добро ми стоела .после едно носење видов дека ме стега ,тесна ми е и сега чека да ја однесам заедно со други работи во католичка црква.кога човек им верува на продавачките
Штикличките многу често ги грешам, за друго не.За удобност скоро секогаш гледам да се удобни зашто инаку не ги носам Многу ме нервира што во последно имам еден проблем,....кога ги пробувам во продавница се супер,...потоа после 1 носење ми шлапкаат и ми се вади ремчето од назад Ова се однесува на оние што се отворени напред 2-3 прсти......... Слични се на овие........ Ако знае некој што да направам да не ми се лизгаат ве молам да ме советува
Можеш да побараш по аптеките или во некои продавници за чевли (има и во Авон) перничиња за стапала, ептен се корисни и многу помагаат за вакви проблеми. Инаку да се вратам на темава, имам многу парчиња облека што сум ја купила на брзинка или зашто било ептен поволна цена без да го погледнам или пак пробам и после тоа ми фаќа место само во плакар се додека не го дадам во црвен крст. А за чевли, имам и таму некои промашувања, али генерално носам се што сум купила, макар да го облечам и еднаш во годината.
Јас кога купувам нешто, прво го пробувам сто пати, да не згрешам зашто после кој ќе ме трпи. Ако е нешто поефтино, не се замарам толку, ама ако е нешто поскапо, тогаш сигурно нема да ги фрлам парите за нешто што ќе ми собира прашина во плакарот. Инаку ми се има служено како и на сите други да купам нешто, па после дома да не ми е толку удобно како што сум пробала во продавница. Најголем проблем ми се чевлите отворени напред. Не можам да носам повеќе отворени зошто имам тенка нога па ми излагаат прстите напред ептен. Едно е непријатно за одење, друго делува грозно.
Јас значи се зањубив во едни патики на прв поглед и само ги пробав и не ни станав да видам какви се за одење и одам дома и ги облекувам демек ќе излегувам и излегов леле кога почнале да ме стегаат во прстите значи одвај си дојдов дома не си ги ни осеќав прстите мајками демек од одењето ќе се раширеле,ама какво раширување енеги така седат,а преубави се многу си ги сакав ама ништо
Последно се зезнав со овие чевли ,прекрасно стоеја на нога ама беа ужасно неудобни ,после 2 минути стоење на нив ногата ми беше модра и ги вратив, а колку со душа чекав да ми стигнат. Најголеми утки правам кога нарачувам он-лине некогаш големо некогаш мало ,но во тој случај ги подарувам .Доколку направам утка на долна облека ја фрлам, а чевли ако немозам да ги вратам ги чувам 1 година( за секој случај )потоа ги подарувам.Неможам да носам неудобна облека без разлика колку добро ми стои ,воопшто не сум опуштена ми влијае на расположение
Јас пред некое време зедов салонки на платформа, бројчето ми е таман но предниот дел по крајот значи одозгора ми е тесно и ми прави линии на горната страна каде почнуваат прстите. И салонките се такви помалечки се но и ми прават линии не можам да одам. Дали има некој вакво искуство? Да пробам со водава и во фрижидер или? ајде хелп зошто како што гледам ќе си седат така џабе ги купив а и беа доста скапи
Имам доста вакви парчиња, добро сега не цела полица но од секоја сезона по 2-3. Кога сум ги купувала којзнае што сум мислела, сигурно сум ги пробувала, но очигледно пуст мерак па сум решила да ги купам. Имам 2 џемпери волнени како ролки се, башка и дебели. Да ги носиш на голо не иде, боцкаат и предизвкува чешање тоа волната/вуницата, а со маичка или блуза не иде, прежешко е, само на Сибир со нив може. Ги носев со боди неколку пати, но кога ги соблеков рацете ми беа црвени, од што сум се чешала, и од иритација од тоа волната. И неколку ролки од некој лош материјал, и со лоша јака горе, многу висока па ме гушат кога ги носам, и што е најтажно црна и бела се, лесни за комбинирање, но ужасни за носење. Ова ми текнува од зимската гардероба, а од летна имам 1 фустан, кој како модел, по боја и крој е совршен, но е од некој ужасен полиестер, што ужасно поти и електризира буквално се. Кога го носам сите недепилирани влакна од веѓи, коса, па и некое утнато по нозеве е накострешено. Затоа и само еднаш или два пати го имам носено. И едни тексас шорцеви кои се без конец ликра, како ќе ги облечеш, така мораш да останеш, ако седнам одма црвени линии по стомакот, задникот и нозете, и изгледа како мали да ми се, што уствари не ми се. И ги носам за на плажа, или некогаш кога знам дека повеќе ќе одам отколку седам. И гарант уште нешто има што не ми текнува во моментов. А за чевли неколку пати имам земено помал/поголем број, па трчај другиот ден враќај ги. За неудобни, немам некои кои од што се неудобни неможам да ги носам, сепак повеќе време сум на рамно отколку на штикла, па од кои и да е штикли после 4-5 саати стоење или одење почнуваат нозете да ме болат.
Имам едни чевли, салонки, 2 години ги имам ама неколку пати ги имам носено. Понеудобно нешто од нив, здравје! На изглед убави се, плус и црни, одат на се, ама после 2-3 часа во нив е исто како да немаш нозе. Ако треба да се носат на некој настан што вклучува стоење, играње, движење или треба да си седната цело време за да не е толку ужасно чувството или пак да си носиш резерва ниски чевли. Како на клинци да газиш. Имам и едни зимски чевли, лани ги купив, и тоа скапав чекање дури донесоа од таа боја, па после чекав број и на крај зедов 1 број помал од мојот зашто ми беа огромни, а овие ми беа кнап. Дури ги разгазив/разносив што маки си видов (и годинава така). Ми се прават плускавци дека се повисоки кај глуждот и се од подебел/покрут материјал, а после подолго одење ме болат прстите. Може е до бројот, може дека се чевлите погруби, ама за инает ги носам, дека толку ги чекав, дадов толку пари за нив, а и дека си ја имам мувата на капата донекаде. За облека, имам неколку блузиња, маички, кошулчиња во кои што изгледам како колбас. Едни се собраа од перење, други ги купивме мислејќи дека ќе се отпуштат по 1-2 носења. И така седат во шкафот или пак сестра ми ги носи со нешто од жал. Пред 2-3 години купив едни хулахопки, дебели, термо, многу убави, топлеа, а евтини беа. Погрди хулахопки во животов немам носено. Еднаш и ги баталив. Многу беа кратки во појасот, ниски беа и меѓу нозете и не одеа до горе туку до пола на бутовите и никакво беше, мислиш пантолоните ти испаднале. Инаку облеката што ми е мене неудобна и ја давам на сестра ми или пак ако не ни е точна на двете ја тргаме настрана и не ја носиме (ако е нешто од претходните сезони и е веќе носено). Ако е нешто, пак, тазе купено и не ни се погодило го враќаме и заменуваме со друго, поудобно. Кога купувам гледам да го пробам и до изанализирам отсекаде и дури кога ќе бидам сигурна дека нема грешка, дека убаво ми стои и удобно ми е во него го земам, ама ете се случува некогаш и да погрешам.
не купувам гардероба во која не се чуствувам непријатно, но сите чевли на висока потпетица ми се 12-15 cm така да на секое искачање чуствувам болка во нозете и ми се отечени , ама веќе сум навикната. И нема шанси да облечам пониски штикли
гардероба неудобна не купувам, затоа што ако не ми е удобна нема ни убаво да се чувствувам и џабе ќе ми биде се кога би ја носела таквата гардероба, а досега и немам направено некоја утка таква со облека. Почесто ми се случува со чевли. Кога купувам чевли гледам секогаш да ме стегаат малце, да ми се кнап, затоа што потоа се разлабуваат, па несакам после да ми излегува ногата од чевлата. Затоа мака мачам првите неколку носења. Се имам зезнато да купам чевли кои што не се разлабавиле и уште стегаат и чевли со многу висока штикла и отворени прсти кои ми се страшно неудобни, ми се лизга целата нога напред ама премногу ги сакам и преубави ми се па ги носам, неудобни се но ги носам затоа што сум вљубена во нив. Жена! За лепота се ќе претрпи
Чевлите скоро по дифолт сите ми се неудобни. Јас незнам што е таа работа. Скоро сите ми прават плускавци на домалото прсте (незнам како се вика стручно) . Отпрвин си мислев ај да не купувам тесни и пробав со поголем број ама сега пак тие ич не ги носам, посебно салонките можам комотно да ги изгубам некаде од што ми се големи. Дури и ортопедските патики знаат да ми направат плускавци. Единствено си немам мака со јадранки на лето.
Ретко многу ретко ќе се случи да купам неудобни чевли.За облека не промашувам. До сега не сум утнала многу пати.Само неколку пара балетанки. И во канта завршија.
Мене досега не ми биле погодени ниту едни балетанки. Сите ми се како од картон направени, подобро ќе газам боса, отколку да пикам нога во балетанка. Прстињата ме болат, а нозете ми се подуени после носење. И задолжително по некој плускавец на петата позади. А можеби и ноџето ми е такво меретно, не знам. Не ми се удобни, не ми се женствени, ниту секси, освен на високи и слаби девојки. Можеби пазарот е преплавен од нискобуџетни и евтини кинески балетанки, па затоа не ми се удобни воопшто. Верувам дека поскапите балетанки, тие над 1000 можеби се и поудобни, ама па за тие пари ќе си купиш друго понормално чевличе.
А која иронија е кај мене.... Имам многу, значи стварно многу балетанки, а сум ги купувала од секаде. Ко за инат, сите што сум ги платила повеќе, или сум ги купила од продавница каде што очекувам квалитет, ми ги стегаат нозете. Ама баш како да се од картон. Па ги ширам, ги тегнам, ставам такви перничиња силиконски кога ги носам.... Ужас! А имам два пара кинески што гајле немаат, втора година тераат и спијат на нога! А биле максимум 350 денари. Баш заради овие искуства веќе некои продавници, како Зара, Pull&Bear и остали не ми се мерило за кавлитет, попрецизно за чевли.
Mарами, ролки, неудобни чевли, алки и прстени, фармерки- Tоа не носам, не ми се удобни ама ич, не можам. Eптен ретко, имам само една марама ги избегнувам, мразам да ја осеќам на грло. Pолка сачуј боже... фармерки ептен ретко носам, секогаш носам хулахопки со туника, или хеланки, лесно и поудобно здравје имам некои алки и прстени, во ретки пригоди ги ставам, ни тие пусти не ги поднесувам
Јас имам повеќе утнато чевли отколку погодено. Или ми се помали или поголеми, речиси секогаш неудобни. Купив убави црни салонки, ги облеков еднаш и ги поклонив на сестра ми. Исто и со сандалите. Ретко да погодам, па затоа решив повеќе да не купувам од Аванти, Ил Камино и сличните на нив бидејќи се страшно неудобни и неквалитетни. Секогаш, кога и да купам поскапи чевли од некоја по асална продавница се далеку поквалитетни и поудобни. Останатото е се кинсеко ѓубре од картон, кои покрај што не ги бива па и нозете од нив ти смрдат . Последениот пар чевли за на работа додека ги навикнав и раширив што маки видов, и затоа чизмите 2 боја поголеми си ги зедов. Од напатија, што би рекле . Со гардеробата немам маки, поретко грешам бидејќи знам што сакам и што ми стои на моево тело.