колку пат ми се десило да купам кондури или штикли па да неможам три чекори да одам од што ми биле неудобни, а кога сум ги пробувала ми биле удобни
Со чевли досега не сум имала проблем. До сега не ми се случило да имам неудобни. Но, кога станува гардероба во пашање, абе махер сум Ако се фармерки, сукњичка или слично и ме стегаат, ги чувам еден месец во гардеробер и ако и понатаму неможам да се опуштам во нив или ги давам на некои помали девојчиња или канта (многу ретко). А ако се маички, за бришење прашина супер се хахаха. Е со гардеробата ми се случува да ми е точна, да си е океј, но откако сум ја купила кога ќе ја облечам да не ми се допаѓа како ми стои, иако во продавница сум запнала да ја купам и сум ја купила. Тогаш е лудница дома и тоа парче облека несакам да ми излезе пред очи.
Нити пак мене не ми се погодиле ниту едни балетанки. Скапи, ефтини, исти таков друго паковање. Поубаво боса ќе си одам. Пред месец и пол облеков едни балетанки кои пред 2 години ги платив 2500денари (уште срце ме болит од проста причина што само 3/4 пати ги имам облечено) и ногата ќе ми експлодираше Балетанки појќе никогаш во живот!
До сега не ми се случило ваков проблем. Пред некој ден облеков едни штикли ги имам две години девојки јас станав цела плускавици и рани на ногата. Дали од жешково време е или многу одев ама јас неможам уште да се приберам од болка. Ќе ги ставам во фриждер па ќе видам што ќе биде, да ги фрлам нема шанси емоционално сум врзана за нив
Многу често ми се има случено да се чувствувам неудобно во високи потпетици , и со некои парчиња облека , кои ги давам на мајка ми
Незнам дали е за овде прашањево али ајде ќе прашам,да ми кажите што да правам. Значит пред некое време си купив штикли.И кога ги пробав таму си ми беа таман 37 бројче дури и малце ме стегаа.Арно ама ги расоносував јас за низ дома па после излегов со нив.И десната кондура си ми е таман,а левата ми клапкат,ми излагат дури. Кажете што да правам навистина? Пробав со силиконски влошки,ама џабе клапкат али клапкат
Јас пак не сум имала проблеми со балетанки никогаш. Дали поефтини од кинеска или поскапи, сеедно, сите ми биле ок
девојки што правите со чизми кои се неудобни поготово позади на петата и над нејзе ? Си купив чизми високи црни од Молини кога ги пробав супер беа следниот ден ги облеков рани бев целата.
Избегнувам, колку и да изгледа добро. Многу ми е важна удобноста. Освен ако нешто не е за една пригода, па да се "жртвувам". Инаку не би носела неудобна облека секојдневно. Инаку за мене лично најнеудобно нешто се (многу) високи штикли.
Би било супер да престанат да прават хеланки со погрешен крој и да ги стандардизираат големините. Последните хеланки скапо ги платив, а после неколкуминутно носење изгледа како да носам 5-6 пелени. Се спуштаат, се изместуваат, седлото е прениско, а се со висок струк, долу се прекратки па излегуваат дека се повеќе од 15цм пократки... Заради тоа и се страшно неудобни и многу лошо изгледаат. Носам помал број и овие знаејќи дека броевите се нестандардни ги зедов xxl и пак се претесни. Плус од оние со крзно внатре се, може и тоа има некаква врска.
Апсолутно. Јас купив хеланки 2ХЛ поради задникот и богами требаше да бидат поголеми во должина и пошироки во ширина,но тие изгледаа ко за XL и нормално ми беа кратки и тесни.
Најчесто со штикли ми е вака. Преубаво изгледаат сите комбинации со нив ама секогаш ми е мачно кога ги носам. Особено тие на повисока штикла. Други такви парчиња неудобни избегнувам, само за штикли правам исклучок зошто многу убаво изгледаат.
Најчесто со кондури кога бев помлада, купував на број а помалку квалитет да има, мајка ми зборуваше ама кој да ти слуша. А сега барам квалитет, ќе купам едни штикли годишно ама да се поквалитетни. Сега немам проблем, Биана ми се најзгодни штикли кои ги носам и затоа не правам отстапки веќе 6,7 години. Моделите се класика ама битно ми е да не кривам кога одам. Неколку пати штикли имам носено дирек на свадба без да ги разгазувам и сум се враќала секогаш со леснотија. Дефинитивно не би ги сменила
Не можам да носам иглести штикли,дури и најмалата иглеста штикла ми е неудобна. А какви има и убаво стојат на долги нозе. Тоа е.
И јас со проблем од штикли Сакам ама не можам да ги носам. Чаре некое?Препорака за продавница?Од каде сте купиле удобни(за тие што неможеме со нив) а сакаме да носиме
Не е битна продавницата, туку битно е да го избереш производот а за тоа треба многу барање и пробување. Прво е висината: Ако е сепак со штикла, гледај кондурата да има мал пад. Значи или пониска штикла или да има повисок ѓон заради кој визуелно штиклата ќе делува повисоко ама внатре во кондурата, ногата нема да е екстремно напрегната и да е на високо. Висината е клучна бидејќи ако е преголема, преголем е и притисокот на коските од палецот и може да направиш траен деформитет. Второ е ширината: Обавезно сврти ја кондурата наопаку и погледај како изгледа основата на кондурата. Спореди го на пример со некои твои удобни обувки и види колку ширината на стапалката е блиску до нив. Дали делот за прстите е доволно широк за да прстите и јагодиците под нив да газат комотно? Дали се со шпицест врв и ги стискаат премногу прстите? Може да се и со заоблени прсти кондурите, како балетанки, ама да не е доволно за удобност затоа што во горниот дел, кај рисот, немаш доволно простор и те стегаат. Луѓе со висок рис секогаш мора да имаат доволно простор во горниот, предниот дел на обувката, така да штикли кои се тука тесни, високо затворени или со стегнати ремчиња, не треба да ги носат. Девојки, денес модата дозволува да комбинираш патика со се, што не беше случај кога јас бев тинејџерка. Не знам зашто не го користите тоа до максимум? Знам дека ногата е визуелно поубава со висока штикла ама секоја штикла што не е ниска или средна висина веќе прави ортопедски проблеми. Зошто да имате болка, да сте со деформирани стапала и прсти или да ви е ограничена мобилноста? Стварно е прескапа цената што ја плаќаме само за естетика. Откако имав проблем со ужасни болки во едното стапало јас сега сум само во удобни лесни и меки обувки, било патики, било кондури. Ни на крај памет ни ми е да се мачам!