1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Верувам сите ние сме биле сведоци да имаме во нашето опкружување или да познаваме ваков тип на девојки. Па ме интересера кое е вашето мислење и колкав дебил треба да биде една девојка за да во 21 век биде неуредна?
     
    На little women му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.697
    Допаѓања:
    99.828
    Пол:
    Женски
    Толкав дебил што нема доволно пари за нова гардероба, шминки, лакови, фризери и слично... Не зборам за нечисти девојки, зборам за скромни девојки кои немаат скршен денар па згора на тоа ни воља да се средат. Толкав дебил што работи од јутра до сутра во некоја конфекција за никакви пари и нема време а ни воља да се среди. Толкав дебил што после напорната работа на нива нема ни желба ни мотив да се среди. Толкав дебил што од дома не мрднала со години па не ни знае што се носи и како се носи. Толкав дебил што ја нема таа среќа како тебе да има интернет, да погледне во светот што и како се носи. Е толкав дебил ;) ;)
     
    На 1Q84, Lolli, butterflygirl0 и 61 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    ^ А што сепак пишува не уредни, а не неуредни.
     
    На Traveler$, BojanaLegija, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не уредни девојки

    А што се подразбира под неуредни молам? Мене прво ми падна на памет оние со вечно несуреден шкаф со алишта, а јас сум таква. Неуредна сум. :D

    Дали се неуредни девојките кои не внимаваат на својата лична хигиена? Што мирисаат лошо, не мијат заби, што шетаат со првут или по 100 пати поминуваат со прстите низ мрсната коса, филмски замислувајќи си како им се лелеави гривната на ветар, наместо уредно да си ја фатат?

    Зашто ако зборуваме за такви неуредни, немаат врска со статусот или облеката која ја носат, модерна ли е, или не.
    Колку налицкани и тренди облечени девојки имам сретнато, а мирисот на испотена кожа го маскираат со 2 л скап парфем, шетаат со црно под ноктите, трупаат слој врз слој маскара, без да си го измијат лицето... од такви неуредни коса да му се крене на човек, а не од оние што не се облекле по последната мода што ја диктира некоја си квази-блогерка... |(
     
    На butterflygirl0, butterfly6223, Traveler$ и 69 други им се допаѓа ова.
  5. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Не уредни девојки

    А ти што мислиш колкав дебил треба да биде една ваква девојка во 21 век?

    Кој дебил те наведе тебе да ја отвориш темава?м?

    Барем биди малку поуредна во пишувањето.Зборовите како "дебил" треба да не постојат во твојот речник - сепак си девојка која живее во 21 век.

    Јбг дебил ;)
     
    На Vik'Toriah, mode-kristina, Fitteen и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Не уредни девојки

    Мене некој да ме видеше како одев летово на работа во Германија, ќе си речеше оваа од пештера ја донеле од Македонија. По мое мислење, не да бев неуредна, бев... планински човек. Да биде иронијата поголема, во Македонија добар дел од времето сум нашминкана, намирисана, испеглана, дотерана итн. :D

    Едни патичиња од Бит-пазар, купени со намера да ги фрлам на враќање, пет блузи (во различни бои, салам си ги офарбав во машина, саде нијанси), такви обични, памучни, мајка ми ми ги прати од пазар, затоа што госпожава со кошулчиња и џемперчиња си отиде, мисли овоа канцеларија е кај што оди. :D Некогаш носев трењерки, некогаш едни хеланчиња, после приметив, некаде две недели пред одење, дека од точакот на газот ми се расцепиле и дупчиња ми се направиле... АМА никаков проблем не ми беше и така да си ги докинам. :D Така како бонус за дупчињата ми дојде и јакната, тринаесет пати поголема од мене, машки модел, шушкавец, под газот ми идеше, и најдобро да ме сфатите и доловите како појава, нека ви текне на дебелките сперматозоитчињата (сосе капа :!: ) од рекламата на Дурекс. (поздрав Оксиморонке! :D )

    Ова чисто за да ви покажам дека некогаш немаш поента да се дотеруваш, односно, многу е битно каде си упатен. Сигурно за на точак, како во мојот случај, и за работење во некоја никаква си компанија, каде што имаш униформи, или каде што се валкаш при работата, се омирисуваш и слично, нема да се дотеруваш. Немав ни желба, немав ни поента, не сакав моите нормални алишта да имаат каква била допирна точка со тоа место.

    Додека пак, неуредноста во личната хигиена е сосема друго прашање. Знам девојки кои упорно трупаат декоративна козметика без да им кликне дека препаративната ја игра клучната улога во убавиот изглед. Мислам дека шампон, сапун и паста за заби се минимум нешто кое секој може да си го дозволи и да се потруди редовно да го употребува. Веќе кога си лупнал толку пари на глупости, долупај и на основни препарати.. Не сфаќам бањање само за празници, трошење на еден сапун годишно, што вика Трендафилка, галкање на мрсната ти косичка и упорно тврдење дека не ти е мрсна... МРСНА ТИ Е, измиј ја жити се, немаш проблем со мрсна коса, него нормално е да се мрси по неколку дена...

    А како чест корисник на автобуси, без разлика дали градски или меѓуградски, морам да кажам, неуредните девојки стануваат минимален проблем кога ќе ги видите, душнете и искусите неуредните тетиња, чичиња и батиња... :tmi:
     
    На Traveler$, blackwave, Momichka и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    48.198
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    За мене неуредни се они како што кажаа шетаат со црно под нокти,лице од пудра и шминка не памтат коа последен пат измиле, мишка запотена и усмрдена од која веѓи пагаат.

    Ако земеме дека денес секој е во трка со времето освен оние кои безделничат по цели денови,за мене не е страшна работа ако некоја другарка ми рече -Остај не ми се депилирани нозете жива срамота.Не ја праи тоа неуредна него ете недостиг на време,недостиг на моментални финансии кое што лесно може да се среди. И мене ми се дешавало у време сесија коа не знам гз кај ми е глаа кај ми е ,да бидам недепилирана како мајмун.

    Во неуредност би стаила и умирисана нафлекана искината неисперена облека,оштетени искинити обивки,штикли без флекница кои ораат по улица. Е тоа за мене е неуредност.Нормално како и недостигот на лична хигиена.

    Немора да е најнова мода се додека тоа што се носи е читаво,испрано и испеглано.
     
    На Donamace, N1ky, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Не уредни девојки


    Добро кажано..
    Се надевам дека дебилната девојка шо ја отвори темата ја разбра поентата за неуредни** девојки.
     
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    4.513
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    Дебилниот автор е дебилен трол!
     
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    Неуредна девојка е онаа која наутро го почнува денот запуштенио без да си стави малку шминка или кремче на лице, нема да измие заби само ќе се измолкне од кревет без да го намести и него и ке ги извади сите алишта на кревет расфрлани, така ќе стојат со денови и само ке преминува преку нив :D Подоцна во тек на цел ден ќе растрчува без да поводи сметка за себе ќе поти, ке флекосува алишта кои со денови ќе ги носи неперени ете тоа е неуредност :D
     
    На Lile_05, mixaelka12 и FotoLina3 им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не уредни девојки

    Заклучок: бидете вечно нашминкани, 24 часа, бидејќи тоа е еден предуслов за да сте уредни. :o
     
    На Traveler$, mode-kristina, endlesslove и 10 други им се допаѓа ова.
  12. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    488
    Не уредни девојки

    не е предуслов да сте уредни ако сте нашминкани, баш напротив, не е поентата да се тапацираш со шминка. Да јас од дома не излагам без шминка, ама толку малку шминка користам што не се ни познава дека ја имам на лице, е тоа е она што јас го сметам за уредна нашминкана девојка. Секако на прво место е хигиената која вклучува миење заби, миење коса а не шлапање бебешка пудра и 2 тони лак за коса, туширање секој ден и бричење мишка а не со влакна до пупак да се шетаат. Ако има погнасно нешто од девојче со влакнеста мишка незнам :puke: Средени нокти, а не излакирани од пред месец дена и чекаат да им се излупи лакот за пак да се налакираат, иу бљак.
    исто кога ќе видам скината патика, кондура, штикла без флекница уште па шпиц бела лакована ауууу фуј :fubar:
     
    На AnGeL4e009 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    Не знам зошто темава е ограничена само за девојките, кога јас лично сметам дека 90% од девојките барем во Скопје (јас таму живеам па затоа можам да кажам, за другите градови не знам, нека кажат тие што живеат во други места) се уредни и средени. Мислам дека повеќе проблемот е во машките и постарите луѓе. Јас 90% од девојките што ги знам или сум ги сретнала, дали било факултет, другарки, познанички, случајни минувачки, сретнување во автобус итн биле средени девојки. Еднаш или два пати ми се има случено до мене во автобус да седне девојка која шири непријатна миризба. Додека па постариве се сите за едно групно бањање со плус гратис стик.

    Инаку јас лично под уредна личност подразбирам редовна лична хигиена, чиста, испеглана и неискината облека, нешто што морам да напоменам е чисти чорапи иако тоа си спаѓа во чиста облека, средени нокти (не мора лак да стави, може едноставно само да ги скрати и средени се) и доколку стави шминка тоа да биде минимално и со граница. Ете толку е потребно да една личност изгледа уредно. Не знам колку ќе се сложите со последното ама јас лично не можам да кажам за некоја девојка дека е уредна кога на лицето буквално има ставено 5 слоја на пудра и еден тон римел и сенки. Колку и да се грижи за себе, колку и да си одржува лична хигиена и да има убава и чиста коса џабе е ако не знае за граница во шминкањето.

    И не, уредноста нема врска со парите. Повеќето дома имаме нормални услови. Не мора да се користат скапи препарати за коса или лице, не мора да се купува не знам какви креми за тело, нема секој пари за такви работи, не мора ни парфем да стави, доволно е редовно да се бања и да стави малце стик. Сите дома имаме пегла за пеглање алишта и сите дома алиштата ги переме ако ништо друго. Најевтиниот шампон е 50 денари литро што може да се користи и цел месец, едно најевтино сапунче е 25 денари и мал стик е 50 денари. Значи со 125 денари на месец ако ништо друго барем може да се биде чист и испран ако се сака. Тие пари ги даваат со едно седнување на кафе.

    А врв на се и најодвратно нешто за мене е кога ќе видам дека некоја девојка со една иста шминка се шета 3 дена по ред и воопшто не ја мие туку одново и одново си трупа на лицето пудра и римел. :puke: Значи по гадно нешто од ова нема. Можам да замислам кои се бактерии ги има на лицето и каков шок трпи нејзината кожа. Епа кога може да ми се фали дека купила пудра од 750 денари и римел од Max Factor кој чини 500 денари може да си купи еден сапун ако ништо друго и да си го измие лицето, ама треба да се сака. Само не ми е јасно како таквите се мијат лице од сабајле, како се мие заби, а шминката не и' е допрена. :?:
     
    На Cute_girl14, Ekstaza, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    Мислам дека секому се случува некој ден да излезе со мрсна коса,поради премногу обврски и немање на време.Не е убаво,но не е крај на светот.
    Сепак,треба да се внимава,и секогаш да се биде уреден.Не да се претерува,не со шминка,туку истуширан,испеглан,чист. :)
    Но,мразам да осудувам некого така,врз неуредноста.Можеби навистина ама НАВИСТИНА немала време тој ден да си ја среди косата,а?
    И сигурни сте дека никогаш ама баш никогаш не сте излегле со мрсна коса?
    Уф,ама се закачив па и јас за таа мрсна коса. :D :D
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    488
    Не уредни девојки

    не е работата за еден ден, на секого му се случило да се успие од сабајле и да нема време да се среди, 1-2 дена во годината, јас мојот коментар го дадов за девојките кои преку цела година се влечкаат неизмиени во косите со маскара размачкана од пред 2 недели и тек тум ќе им текне да се забањаат.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.717
    Допаѓања:
    35.144
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    За мене, уредна девојка е онаа која што е хигиенска. Која што носи чиста облека, има убаво средена коса, чисто лице, и сл. Не ми се допаѓа кога ќе видам некоја девојка која што носи неиспрана облека. Што се однесува до косата, секому му се случува да нема време да ја измие косата. Не гледам тука ништо страшно. И на мене ми се случува да отидам некаде со мрсна коса, ама вo тој случај, косата ми е собрана со штипка.
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  17. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    Не уредни девојки

    Не дека немат пари за да се средат, јас знам чупиња шо ми велат еј се немам искапено една недела...е алал да ти е цуре! вода немат..аман! ама то е си немат гржа за себе не им текнува дека треба да си имаат нега сами на себе..
    и на крај тие ќе фатат некое лепотанче.. ;)
     
  18. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Не уредни девојки

    Еднаш, два, па и три пати да не се средиш, е во ред, не е толку страшно. Како што кажаа погоре, на секој му се случува да заборави или да нема време.
    Но, има луѓе кои навистина зборот хигиена не го сфаќаат сериозно, што не е во ред и не е до немање време или слично, туку не се грижат за себе и ја немаат таа навика.
    Не за џабе рекле дека хигиената е пола здравје, тоа е така но не секој го сфатил тоа...

    Во денешно време сите прво што забележуваат кај друѓите е надворешниот изглед.
    Ако си несреден индиректно оставаш лош впечаток и за твојот карактер.
    За хигиената секогаш треба да најдеме време! :)
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.997
    Допаѓања:
    154.307
    Не уредни девојки

    Ако не сте пуштиле еднаш машина за перење и мајка ви ви смука по дома, немате право да зборите за уредност по ниту една подточка.
    Јас сум од тој тип што остава секогаш хаос зад себе кога треба да излезе некаде и секогаш кога ќе се вратам средувам и враќам се на свое место...па малку тешко ми е да оценам.
    Оние нашлапанине, што спијат со маскара на лице, не ми се ни коментираат, гадно ми е и по дифолд се знае дека е и неуредност и нехигиена.
    А да... да не го тупам, за некого е небулозно, ама колку девојките имаат ментална, душевна и емотивна хигиена е друг предмет на размисла. Тоа не се шминка и не се негува со кремчиња и не се одмива, се гради секој ден по малку, си запеглуваш емоции, си замиваш чувства, се обликуваш себе си низ искуства, книги, филмови, простуваш, се извинуваш. Поприлично неуреден народ сме.
     
    На crazylady, tallyweijl, FotoLina3 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.569
    Допаѓања:
    39.984
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    Според мене неуредна девојка е онаа која не одржува хигиена.
    На пример: Немиење заби, неиспеглана, со штикли/ кондури/ патики пола до кал, нередовно бањата (значи да ја знам личноста дека не одржува хигиена, а еднаш ако немала време да ја измие косата заради испит, обврски и сл тоа не го рачунам), што собата и е 24/7 ко бомба да паднала и мајката ако не среди онда така да си остане :fubar: . Знам и јас пред искачање хаос да направам, ама ако се средам и ми остане време, ќе приберам се или откако ќе се вратам.
    Искрено ми е грдо и кобила од 20 и нешто години да не знае правосмукалката ни каде стои, а не па да зачисти.
    После излупен лак за нокти до пола, искачање во град со шминката од вчера (знам и таква девојка) :D.
    Што се однесува до шминкањето тоа не е одлика на неуредност, ама на места каде што е потребно да имаш барем минимално шминка пожелно е да се стави.
     
    На okcenzi и sweet-star им се допаѓа ова.