1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Јас имав две добри другарки, близначки, од мали се знаевме и многу се дружевме. Таму некаде околу 20 години изнтензивно излегувавме заедно. Леле колку ме срамеле :( Не се тушираа пред излегување никогаш, ни во лето. Алишта неиспрани носеа. Смрдеа, копаа на пот :( Јас таква глупа и наивна, никогаш не им реков ништо (facepalm) Одоколу ќе им кажев нешто само, ама џабе, глупи ќурки не сфаќаа. Џабе ми беше мене и туширање и прскање дезодоранси и парфеми, све гинеше покрај нивната реа :( А се замислуваа нешто типки јаки фраерки дека се (facepalm) Не за друго, тие кои беа околу нас гарант и мене ме ставаа во ист кош за неуроденост со нив, требаше некој да се доближи до мене за да види дека не мирисам јас, ама кој се доближуваше од таква смрдеа :| Ужас. Дури после 7-8 години сфатија и почнаа да се тушираат пред излегување.
     
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Јас наоѓав чаре да се справам со тоа , на пример низ муабет че искористев да речам .... Туширање барем еднаш дневно обавезно, или проветрување мора заради прочистување на енергијата.... Кој сфати сфати , кој не се исели од станот .:D
     
  3. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Јас сега кога ќе ми текне каква сум била како студент не знам во која категорија би ме ставиле вие! Ама кога човек спие по 2-3 часа дневно а понекогаш и воопшто не легнува, сабајлето ич ама ич не му е важно како изгледа и како мириса. Среќа што сите цимерки бевме од ист факултет и исти маки тргавме, па немало кој да не оговара и да не плука по форуми.
    Имаше и на мојот факултет средени девојчиња, дотерани, нашминкани, фенирани. Ама тие си ги купуваа готови програмите што ние со денови ги цртавме, си плаќаа часови за испити за кои ние со денови по библиотека баравме одговори.
    Сакам да кажам немојте да судите без да знаете. Тие неуредните девојки сигурно се срамат од себе, и сакаат да се средат, ама поради некоја причина не можат.
    Денес пак кога ќе поминам цел ден на објект на 40 степени трчајки горе долу, возејки се по стоваришта во стара кола без клима, убаво се усмрдувам. После син ми убаво ќе ме изнакапе на ручек и ќе почне да плаче за надвор, па таква се шетам по маало смрдлива, недочешлана, изнакапана можам да замислам што за мене велат комшивките. Ама ми е гајле!
     
    На forumka, bubic.k, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  4. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Znaci se ima ne ovoj svet,i jas imam drugarka i nes za odnosi pravevme muabet i tipkava se fali imala odnosi so nekoj si mn zgoden tip a koga pravevme muabet vika lele treba da se bricam au koga ja poglednav nozete zatreveni pletenki da pletes,tipot arno ne zemal figaro frizuri da si prave.Jas taka ne bi se dopustila ili dolen ves da ne menjam sekoj den,i sto treba maz mi ko ke me soblece vo zemja da propadnam,ili toj da se zgadi i nikogas vo zivot da ne me pipne,higienata e pola zdravje!
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Туширање трае 20 минути, ако ептен немаш време можеш да се истушираш и за 5. Никој не може да ме убеди дека баш до толку ви се тешки факултетите и не стигате да се избањате.
    А ни дека тие што се чисти и средени си купуваат програми.

    И јас сум на архитектонски, имам куп колешки што изгледаат средено и сепак добиваат добри оцени, а прилично сум сигурна дека се си цртаат сами. :)
     
    На marich, mims-89, kim.k и 30 други им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.408
    Пол:
    Женски
    Јас бев на подолниот спрат па не се сеќавам дека со денови не се туширав. Никогаш програм друг не ми решил ниту нацртал. И сега како мајка може не сум најдотерана ама чиста искачам на улица, па лето е маичките за саат време се суви на жица.
     
    На mims-89, ivi1987, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Нееееееее никако.
    После си го фати редот, срам и падна, почна да заличува на женска.

    Tуку и за машки важи истово, нормално. Имав еден цимер не се бањаше никогаш, идеше во понеделник и до петок додека не си иде дома не се бања, а ќе влезе во веце и цигари ќе пуши.
    Изглеа штедеше топла вода, друго објаснување не можам да најдам :D
     
  8. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Вака, прва работа е времето. Мене за туширање се доволни 5 минути, а ако ја мијам и косата (а имам долга, густа и виткана коса) доволни ми се 15 минути и уште половина час за ја исушам.
    Значи зборам за основна хигиена и пристоен изглед, не фризури, шминка и лакирани нокти. Не џабе рекле, чистотата е половина здравје.

    Второ, сум на технички факултет и гарантирам дека доколку се работиш на време, програмите можеш да ги направиш, а да нема потреба да остануваш буден по цели ноќи.
    Мене ми се има случувано да останам кај колешка, поточно да не спијам цела ноќ , да се истушираме (делумно ради хигиена, делумно да се освежам и расонам) и на факултет да браниме семинарски или програми. Бидејќи поголем е срамот да отидам замирисана на факултет, отколку неа да и речам- може да се истуширам кај тебе?

    Освен неодговорност и пуста мрза, нема ниту едно друго оправдување доколку некој не се бања. Ниту парите не се изговор, ниту време или не-знам-веќе-што.
     
    На mims-89, Valerin, kjukli и 14 други им се допаѓа ова.
  9. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Чекај бе :o како прво хигиена=здравје. Друго, туширање трае некои 10-тина минути кои верувам дека секој човек ги има колку и да е зафатен, така да не држи тоа дека не може да се најде време. Трето, сега не си во студентските денови кога тоа ти било изговор, ама и сега тераш исто? Штета и за тебе и за тие околу тебе, што да кажам. Освен ако е сарказам, then Im sorry, ама морав.
    А има некои ем се тушираат секој ден, ама не ставаат ништо демек штетно бла бла и плус ако имаат јака пот, толку е... ама на кој да докажеш, тие самите не се осеќаат.
    Темава е топ за тие што сакаат успешна диета (fingers)
     
    На Valerin, Nausicaa и crimson им се допаѓа ова.
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Не ви држи вода дека чистотата е пола здравје, она што денес го подразбираме под уредност е едноставно помодарство. Затоа и поимот уредност и она што преставува уредност се менувало со текот на гдините, децениите, вековите... Ако хигиеата или секојдневното лицкање е пола здравје, зошто тогаш се повеќе се присутни болестите, инфекциите, разните алергиии... Можеби некој ќе ја бара причината в загадениот воздух во озонската дупка.... но тоа се само нагаѓања, основната причина е што со секојдневното туширање со разни препарати ги уништуваме и позитивните бактерии кои не штитат од лошите и така им го оставаме отворен патот на лошите бактери, што е најлошо со сите тие хемикалии мислиме дека сме ги уништиле лошите бактерии а всушност се направиле контра ефект.
    Инаку порано лугето се бањале во реки без миризливи препарати па живееле многу подолго од денес. Денес за неуредна се смета жена која не се избричила повеќе од 2 дена под пазуви или нозе без разлика што таа можеби е почиста од онаа која е депилирана.
    Многу се изместени вистинските вредноста во секоја облас па така ни оваа не е исклучок.
     
    На Tanjamm, ennaz, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.156
    Пол:
    Женски
    Не се работи за тоа дали се пронајдов или не се пронајдов, се работи за тоа дека штом напишав мислење си реков да го комплетирам, да објаснам што мислам уствари со тоа, да не сфати некој нешто погрешно.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    За какво помодарство зборувате луѓе кога ние овде зборуваме за најосновна хигиена. Не ти треба на интернет да прочиташ некоја статија за да увидиш дека теба да се измиеш, самото тело ти кажува. Баба ми бог да ја прости била растена во село и ми раскажуваше како одржувале хигиена таму. Секое сабајле во 5 сабајле станувала од бунар вадела грч ладна вода и со најобичен сапун свински се миела. Колку и да било ладно, какво и да било времето. До ден денеше памтам и дека секое сабајле кога стануваше прво што правеше се одмиваше и свежа долна облека облекуваше, процес што траеше близу 5-10 минути. Не за џабе рекле дека навиките за хигиена се создаваат додека си мал, а оправданија за нехигиена може да има милион.
    Да, вистина жените знаат да претераат со користење милион козметички препарати во денешницата, но тоа е друг екстрем. Како и да е тие жени никогаш нема да ги прочитате во темава затоа што премногу енергија и пари трошат за да би ги ставиле во оваа група. Јас пред година дена кога бев да ми прават ехо на дојки поради отечени лимфни јазли под пазувите, докторката ми рече дека е од премногу агресивни део средства и често туширање со разно-разни гелови. Но тоа не значи дека треба да престанам да се туширам, само ги сменив класичните дезедоранси со природни рол-он средства кои верувале или не 4 пати повеќе ми траат од класичните дезедоранси а подобро штитат и не ги затнуваат порите и каналите, а кога се туширам повеќе пати во денот (најчесто лето) користам природни сапуни и не си го нарушувам балансот на кожата.
    Не ми беше поентата да објаснувам јас како држам хигиена, туку многу мислења има во темава дека не било убаво толку често туширање, не било здраво секој ден гаќи мењање и не знам веќе што. Денес барем има да се одбере на претек што ќе се користи и се наоѓаат разни убави и квалитетни производи по многу разумни цени за кои треба да скратите едно-две кафиња во месецот, за да си обезбедите чистота во наредните два. Е ако 10-15 минути во денот ви се проблем да ги одвоите тогаш што да се каже...
     
    На mims-89, kim.k, ivi1987 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    112.673
    Пол:
    Женски
    Потпис. Само едно да прашам. Како тоа не е здраво менување голна облека секој ден?? Неретко мене лично ми се случува особено во лето кога се потиме како луди да се пресоблечам едно 3 пати.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Не знам @nena2010 веројатно премногу сериозно си ја сфатиле изреката "The vagina is a self-cleaning oven" па ваљда со тоа во комплет оди и намалената фреквенција на менување гаќи :|
    За нетуширање при менструација па ич не ми се ни отвара муабет...а ги има, за жал.
     
    На mims-89, ivi1987, Valerin и 6 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    112.673
    Пол:
    Женски
    Да да и обавезно оправдувања, мајка сум немам време бла бла.. мрзливост е тоа не е неуредност колку мрзливост. Ама убаво си кажа ако од мали не се научени дека од дома не смеат да излезат не средени ништо! ( мајка ми и ден денеска ако ме види дека изегувам макар без кармин, или до продавничка се симнам како што седам дома и не исчешлана тогаш се урла по мене. )
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^^
    Дај објаснете ми за ова, скоро слушнав дека после туширање се прекинувала менструацијата за отприлика еден ден или неколку саати не знам, па кога доаѓала пак била обилна и болна. Ова му се случува на некого? Слушнав од познаничка и затоа не се туширала кога имала добиено.
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    112.673
    Пол:
    Женски
    Мижи арслан да ти баам. Од топлото можи да и олесни само, да и помине полесно. А тоа што исли дека и престанува и после дека ја боли нека си иде на лекар да не е некоја циста или слично а не од туширањето.
     
    На tessie, Daydream, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.484
    И јас го слушнав ова Бриџит што го кажа, мајките и бабите на некои така има кажувале, од топлата вода повеќе се растекувала :^)... Веројатно некои бабини деветини типични за нашите средини, нели. Ама јас не знам како млади умови вакви глупости прифаќаат. Се правиме вакви, такви ама на крајот излегуваме никакви. Нокти и коси надградуваме, шминки и пудри, ама со мензис нема цела недела бањање(facepalm).
     
    На Bozica1980, kjukli, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    @Bridget не знам што прави твојата пријателка додека се тушира искрено, мене таков проблем не ми се случил никогаш. Она можеби внатрешно јас испира под млаз вода или нешто слично што би го пореметил токот на крв. Под „self-cleaning“ се подразбира дека внатрешниот канал не треба да го третираш со средства и да ја нарушувфаш приодната pH вредност, туку дека самата си се прочистува преку протокот на крв за време на менструација и малите количини на слуз кои вообичаено се лачат од околните жлезди...не дека вода и сапун не треба да ти види госпожата.
    Јас искрено не знам како може некој да издржи без пропратна интимна хигиена. Особено при зголемени жештини, носење долна облека од различен состав, редовни сексуални односи и сл. дејствија што сепак влијаат на нарушување на тие баланси.
    На крај краева и животни во дивина се лижат самите за да не оставаат позади себе траги од крв, не за друго мирисот на крв и протеин во распаѓање ќе привлече разни ѕверови...рече некој за диета бил дојден : )))
    Крвта е многу лесно расиплива материја, особено поради тоа што во најголем процен е протеин кој екстремно брзо се расипува и се распаѓа на некои споредни продукти кои создаваат непријатни мириси и привлекуваат бактерии. Мене ми е просто непоимливо ова што ми го кажа за пријателката. Повеќе ми тера паметот на тоа дека она нешто греши, не знам што друго би бил проблемот. На крај краева сигурно гинеколог може да ја посоветува да не си презема такви радикални мерки на своја рака.

    Да редактирам... @Emy867 па нормално ќе протече малку повеќе со оглед на тоа што топлината ги проширува крвните садови, ама тоа нит е нешто страшно ниту ќе искрвариш до смрт. На крај краева не мора да се киснеш со саати под туш, треба да се замиеш.
     
    На kjukli и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.484
    Aбе мене тоа се ми е јасно Џована, ама може тие џенски тушот внатре си го брцаат та ептен темелна да е работата, не само замивање:rofl:.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.