1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Знам дека не зборуваше за тебе, така се изразив само, ко да попувам :lol:
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.111
    Допаѓања:
    112.683
    Пол:
    Женски
    Мене не интересира тие што велат дека кога спремаат испити не можат да најдат време ни да се избањаат. Што мислат дека тушот ќе им го измие од памет она што го научиле? Или за 20 минути многу ќе пропуштат. И јас сум била студент па не сум се запстила до толку.
     
    На blackwave, Doozy, mims-89 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.366
    Пол:
    Женски
    Јас кога имам, ради то шо имам обилно и болно постојано се туширам со ептен врела вода за побрзо да ми руши и да ми олесни, така да то топлото на стомакот само добро прај, во никој случај лошо.

    Да се изразам на темата, за да искажите дали некоја е уредна или неуредна има од повеќе од еден аспект.
    - користи премногу миризливи сретства, секогаш е средена, нашминкана и сл
    и
    - користи најосновна хигиена колку да не шири реа околу неа.
    Двете не се однесуваат на некоја неуредна, нели?
    Неуредна, барем према мене е кога од некој/а се шири реа, лоша миризба. Не би коментирала повеќе околу ова.
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Се', се' ама кога ќе ми речат: Испити имам, па немам време да се избањам... (facepalm)

    Добро вие 24 часа учите? Ниту еднаш не станувате од столче? Ама баш, баш ниту еднаш? Како имате време да станете кафе да направите? Како имате време да јадете? Вода да пиете? До тоалет не одите 24 часа? Трпите? Не спиете ниту два саати? Ако имате време за кафе, јадење и мочање, имате време и да се истуширате. Нема ништо да пропуштите за 15 минути. Не се два саати. Не збориме за триста третмани, збориме за туширање од 15 минути. Доволно за да одржувате хигиена. На трепки застанете ама никој не може да ме убеди во спротивното. Сите сме имале испити не сме ние од Марс паднати. Па сите сме се бањале дури и за време на испити. Ама баш никакво оправдување нема за ова. Никакво.

    Единствено можам да сфатам доколку се работи за здравствени проблеми, лежите во кревет па не сте способни да станете да се истуширате. Тоа можам да сфатам, ама здрави, прави, млади луѓе, со секојдневни обврски и со секојдневни контакти со луѓе да не се бањаат во 21 век кога се' имаме и ни е на дофат е срамота.
     
    На blackwave, Doozy, Marossa и 18 други им се допаѓа ова.
  5. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Сарказам е душо, тонот во пишување не може да се пренесе. И јас не можам да се воздржам и да не пишам, кога ќе прочитам толку постови во кои се жалат за се нешто. Само некој им пречи, од се нешто им се гади. Толеранција нула. Никој да се замисли која е позадината на нечие однесување, на нечиј изглед. Истите луѓе во најразлични теми плукаат ли плукаат.
     
    На ku4ence и MiloMalo им се допаѓа ова.
  6. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Нема теоретски шанси, а ниту практични, да ти се прекине мензисот со обично туширање. Тоа е факт. Се прекинува само реата која се шири од таму. :!:
    Што знам, може јас сум нешто посебно, ама ви гарантирам дека сеуште ништо ми се нема случено, и тоа во тек на лето, се туширам на 2-3 саати.
     
    На ku4ence, kjukli, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    4.806
    Пол:
    Женски
    И мене ми се нема случено да ми се прекине со туширање, а преку лето се туширам на секое ставање на нова влошка. Знам многу девојчиња што не се тушираат кога имаат менструација. Која совет од мајка, која совет од другарки...ама еве не знам, како само се трпат самите себе една недела без да се одмијат, дали си мислат дека е нормално да се шири реа од нив, дали си мислат дека е нормално да си седи закоравена крв... :puke:
     
    На mims-89 и Cka им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    За жал мене за време на циклус често ми се случува после туширање дупло да прокрварам, и така јако да ме заболат јајниците, да не знам како се викам. Значи од лично искуство ви кажувам дека не се ''бабини деветини''. Иако температурата на водата ја прилагодувам според потребите на телото, повторно се случува. Ваљда болката се должи на моите чувствителни јајници, не знам. Но, секако тоа никогаш не ми послужило како изговор за да не се искапам. Иако, имало моменти кога не сум можела да се движам од болка, ама пак не сум дозволила да мирисам или лепам првенствено бидејќи мене ми пречи, а не пак на другите околу мене. Поготово сега во лето. Значи од толкава палета на сапуни, гелови за туширање, купки и ролони да не се бањаш мислам страшно...Како за беља пак, мојот далечен поранешен така ужасно мирисаше, ви се колнам луѓе, имам чувство дека мреата сеуште ја чувствувам. Среќа што поодевме само некоја недела зошто мислев на мене ќе се пренесе. Никогаш нема да си простам што не му купив сет за лична хигиена откако прекинавме, голема грешка..
     
    Последна измена: 23 август 2015
    На Nausicaa, 1209 и kjukli им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Некогаш хигиената се сведуваше на миење лице, миена и чешлана коса, пеглан веш

    Сега стандардите се качени далеку повисоко
    Овде спаѓа

    -мазна мишка
    -нога што ,,свети,, со некое ситно тату
    -НЕГУВАНА коса
    -минимална шминка но негувано лице без капка пудер
    -правлно чупани веѓи
    -нежни дланки
    -цврсти нокти
    -цветен мирис
    -средени стапала

    ова онака нафрлив колку да доловам како јас ја сваќам хигиената и средената девојка.
    Хигиената одамна не е само миени заби и лице
    Тоа важеше за ,,камено доба,,
     
    На Doozy, mims-89, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    со се се согласувам,освен со болдираното.. Некои девојки имаат нокти кои секогаш им се средени но не се цврсти.. тоа уопште не ми спаѓа под терминот „уреден“.
    Да бидеш уреден, доволно е и да ти се исчистени, и убаво обликувани. Ако и се кршат секој втор ден, и не и се цврсти ноктите, не значи дека е неуредна :)
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Мислам дека сфативте што сакам да кажам со постот.
    Се сложувам за ноктите
     
    На thegirld му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.699
    Пол:
    Женски
    Не ми се јасни оправдувања од типот : Имав многу испити,идам на факс,работам многу,мајка сум на мало дете и немам време да се истуширам.Колку сака човек нека има обврски,доволни се 5 минути насабајле за миење лице и заби и чешлање коса или 5 минути навечер за брз туш или 10 и за миење коса.Тоа се тие основни работи.И јас сум мајка на мало дете и идам на работа па имам време и детето секој ден да го избањан и јас да се средам.Не се шминкам ич ама не дозволувам да смрдам или да не се истуширам.
    И пак ќе кажам,боље ненашминкана ама чиста,боље само исечени нокти без лак отколку орли со кал под ноктите и изребан лак неизбришан.и да,боље 3 маици чисти и испеглани него 10 маици ама усмрдени на немиена мишка и манџа.И пак ќе потенцирам,акни на лицето не значат нечисто и немиено лице туку здравствен проблем исто како и мрсното лице или премногу сува кожа која се перута,тоа не значи дека човекот не се избањал,тоа е состојба.Исто како и за првут во коса,итоа не значи дека е од немиена коса...
     
    На katalina, <3 pleza4e <3, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Имав школска во средно која корнеше луге :puke: и вошките и шетаа на чело апла.

    Кажуваше кога прв пат и пружиле орален ја фатил дечко и неспремна.Цитирам:доле ми беше ко шума (facepalm)
    Нејзе и беше пресмешно.

    А имаше дечко бомба.Како ли го улови до ден денес се прашувам?
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Убавите круши свињите ги јадат :*:*:*
     
    На Sunshine_1979, kjukli, Mekuska и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Само да додадам уште ова. Значи да го разбиеме митот околу туширањето т.е одмивањето и менструацијата. Девојки, слободно одмивајте се пред секое менување на улошката и нема да ви прекине ниту ќе се случи нешто страшно напреотив, ќе се чувствувате свежо и вие и оние околу вас. Тоа дека прекинува менструацијата доколку се туширате е мит од минатото кој нема никаква логика. Единствено ако влезете во када полна со грч ладна вода може да повлијае на менструацијата се останато е само мит.
    Се согласувам со рефка во првиот дел од нејзиниот пост што значело хигиена во минатото а што сега, мислам дека првото што го наведе е хигиена вториот дел е луксуз и помодарство. За жал многу деојки повеќе внимание и пари трошат на мириси и разни глупости отколку на основна хигиена.
    Да се разбереме, депилацијата не спага во хигиена иако скоро сите ја сместувате таму. Ако е така тогаш сите треба да се шишаме ќелави од хигиенски причини нели? Депилацијата спага во естетика а не во хигиена.
     
    На blackwave, kjukli, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Ништо без бебешка повраќаница не правиш. Не си хард кор. :D
     
  17. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Под неуредност подразбирам
    - мрсна коса - не би се осудила да излезам со коса од која масло се цеди
    - немиени заби - ако барем 2 пати во денот не ги измијам се чувствувам непријатно и не разбирам како можат по 3 дена да не ги мијат
    - мирис на пот - лето е, жешко е ама за 5/10 минути туш може да се најде време
    - обраснатост со влакна - знам дека е дискутабилно но ако веќе шетаат полуголи нека се средат
    - нечисти алишта - немора да се носи блузата што се накапала за ручек без разлика што стои топ
    - лоша шминка - она кога се става слој врз слој неколку дена по ред па и уште ќе глумат дами :puke:
     
    На Daydream, cresa-jagoda, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Читам и не можам да поверувам...зошто кога некоја има циклус не се тушира? Стварно не разбирам, кои се тие бабини деветини? Како може да си се поднесе сама некоја во тие денови да не се тушира?
    Јас лично ако не се истуширам еднаш до два пати дневно, во тие денови мислам ќе споулавам. Прво хигиена е во прашање на интимните делови, второ убаво му доаѓа на цел организам малку освежување. Ако некоја ја слуша баба и или мајка и што и кажуваат тогаш не знам што да речам...Среќа мене мајка ми уште на почеток кога почнав да добивам ми кажуваше како редовно да одржувам хигиена и на цело тело, а посебно таму долу.
    И јас се сложувам со повеќето овде. Како може некоја за време на испити да не се тушира? Еден туш набрзина да манеш одзема најсила 10 мин..ете ни 10 мин не можат да одвојат? Не дека не можат, туку мрза е во прашање, а испитите се само изговор....
    И многу ме нервираат мрзливи девојки (под тоа се подразбира и неуредни). Како може да си дозволи да оди со коса мрсна, 6 дена вода не видела, ни дезодоранси, ни парфем (едно обично парфемче на точење 20 ден е) ни обична крема, помада ништо. Па женско си или што си, мајку му стара. Не се во прашање ни пари, ни време туку мрза...огромна мрза ги обзела тие девојки.
     
    На blackwave, Daydream, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ova e bez dilemi najgnasnata tema shto sum ja videla na forumot. So potpolno promashen naslov. Jas pod neurednost podrazbiram rasfrlana soba, neispeglani alishta.. sho znam, chkrtani uchebnici ili tetratki. Navedenive primeri ne spagjaat vo neurednost tuku vo nechistotija/gnasotija, izvor na rea i bolesti. Btw, nedepiliranje i javna eksponiranost na istoto mozhebi ne znachi nehigiena, ama e sramota. A i zasho da veruvam deka nekoj sho "ne naogja vreme" da gi sredi izrastocite, naogja vreme za zadovoluvanje osnovni higienski potrebi?
    Nikakvo razbiranje i nikakvo opravduvanje za ovie sluchai. Srekja nemam bliski poznanici vakvi lugje, sum nemala iskustvo, osven na minuvanje sho sum osetila neprijaten miris od nepoznati, taka da nemam mnogu sho da pishuvam.
    I drugo shto ne mi e jasno e zoshto samo za devojki da se pishuva koga sum sigurna deka postojat i pripadnici na mashki pol isti vakvi. Ako ne se pozastapeni.
     
    Последна измена: 23 август 2015
    На Tanjamm, Daydream, Priroden и 2 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.111
    Допаѓања:
    112.683
    Пол:
    Женски
    Ако нешто е можам да поднесам е жена не избричена / депилирана под пазуви и блуза на бретели!! Аууу одвратно! Грозота! Е тоа е за мене еден од показателите за неуредност.
     
    На Tanjamm, Daydream, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.