1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Какво е тоа мешање во туѓ живот до степен шо знаете колкава плата зема некој, и колку му се стари алиштата?
     
    На resenska, elisabeta, galapce и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Beautiful_girl..

    Beautiful_girl.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секоја девојка а и момче треба да биде среден/а, ма да секој има право по некогаш со несредена коса да оди до продавница или до каде и да е потребно, така мислам :D
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и LittlePinky им се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.488
    Пол:
    Женски
    Колку се пресмешни и бедни муабетиве за тоа кој колкава плата зема и колку дава на облека. Правете разлика помеѓу неуредно, нечисто и ова другово.

    И на крај краева што вас ве интересира кој колку зима плата? Ваша работа е да брцате раце во туѓ џеб?
     
    На cresa-jagoda, Mama25, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Актуелно овој период ми е фарбана коса плава со бајаги подникнат корен, па утната боја која остава едно 5 различни нијанси (да не ја спомнувам онаа апла жолтата како клукајдрвец), а да не зборам дека 90% се метли во косите.Значи не му стои на секој плава, доста тешка е за одржавање, има 300 спреја за осветлување, колор шампони и што уште не за промена, ама кога ќе ги видам гореопишаниве ми иде сите до една лустер.
    Од бланшираниве што ги знам, единствено им стои на една другарка која лупа накај 2000 месечно за фарбање и плус за препарати, и една девојка кај што бев на свадба која има долга коса до газ, како ја одржува не знам, ама дур не видов слики не помислив дека е фарбана.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Де бре што паничите. Форум е ова, нема да одам да ја истепам жената дека работи на место каде платите не се 10.000 денари туку се над 500 евра и носи панталони изветени, излижани и демоде кошули со крагни големи,с мешни, со кругови. Па нели е срамота така да пречекуваш амбасадори?Не викам марка, ама пак да се купу некое ново парче. На што личи со години да не обновиш гардероба при толку пари. Не дека бркам по туѓи џебови, ама се знае каде колку пари се зема, а на пзоиција човек треба да биде претставителен. Не кога ќе додјат старнците да мислат дека е чистачка таа што ги прима. Викате од кај знае старнецот дкеа и е старо. па се познава, таква обелка одамна нема по бутици и продавници. Ѕвонести, вети сомот панталони. Или спорстки панталонки со издувани коленици од носење и плсу се врзуваат на врвка, а на нозете кломпи некои. Осудувајте, ама не личи. Барем едни фармерки и една асална кошула секој може да си пришути годишно, дури и таа што работи во текстилна фабрика.

    И колку се нафрлате веднаш да се карате, па за што е форумот, само да викам “ее ти ќе кажеш“, “еее какво е тоа бркање во туѓи џебови“, еее од кај знаеш колку плата зема. Што треба да мислам дека во таков скетор зима 9000 па не може да си купи облека?
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Сето ова што го кажа сеуште не е критериум за неуредност.
     
    На elisabeta, marama, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Изгледа дека мене си ме видела :lol: Но во самоодбрана (моја и на останатите „сестри“ по темен корен) можам да кажам дека два пати ја затемнував ама џабе, кафената фарба со миење паѓаше и сакала-нејќела, останував со плава коса-веројатно тоа беше знак дека треба да си седам плавуша :rofl: Разговарав со фризерка и ми објасни дека кога косата е презаситена од фарбање се случува да не може да прифати повеќе боја (а јас плава бев повеќе од три години) и нејзин „професионален“ совет беше секој месец да одам кај неа да ми става прелив и така да тераме се додека сосем не ми израсне природната боја. Е арно ама, јас не работам така да небулозно ми беше да фрлам месечно 500 ден за таква тривијална работа па си шетам плава со смеѓ корен 8)

    Да на бидам офф
    За мене неуредност е валкана и замирисана облека, нечисти чевли, мрсна коса и излупен лак за нокти (лакови ми се страшен фетиш и тоа прво го приметувам кај некоја девојка/ жена)
     
    На bittersweet, okcenzi, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.488
    Пол:
    Женски
    Да беше само за оваа тема добро, ама те приметив и по другите теми, постојано го кометираш животот на тие околу тебе, чии деца колку долго учеле факултет, вечни студенти ќе биле и не знам што, затоа и изреагирав затоа што не ти е прв пат.

    Ама жени бре, ако самите меѓу себе не се чепнеме кој друг. Чисто се сомневам дека маживе од страна вака седат и кокодакаат кој од нивната околина колку пати по ред ја олблекол истата маичка, или истите патики за на фудбал :D

    Во однос на темава, се согласувам со повеќето што е пишано. Од лично искуство не можам да кажам, фала богу до сега не сум имала во близина неуредна личност.

    И не не ти се нафрлив на тебе туку не се согласив со тоа што го коментирате/коментираш кој колку зема плата а колку двои за облека. Не знам кој виде да се кара? Самата си кажа форум е ова, треба да има дискусиија. Мене невкусно ми се виде ова од твоја страна. Едното со другото нема врска.

    Сеедно што таа облека е постара, ако е чиста не го гледам проблемот, каде има тука неуредност? Викаш носела кошули со големи краѓни и кругови. И што има врска тоа? Дали се тие нечисти? Изгужвани? Дали мириса непријатно? Ако одговорот е не, тогаш не е местото во темава. На крај краева не сите се замараме како ќе искомбинираме одредено парче облека, или па не сите следиме мода.

    Има и кај мене на факултет постара професорка, си носи кошули со потпунки, и вакви како што ти викаш демопде, ама тоа не значи дека е неуредна. Може да зима не 500 евра и 1500 евра плата, ама само таа си знае на што и одат тие пари, и дали и стигаат да си ја обнови гардеробата. Можеби наместо да даде 500 денари/1000 за кошула рачуна дека е подобро тие пари детето да ги земе и сега што?
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Хаха 500 ден. само за да ти стави прелив ? :rofl: Па таа не е нормална купувај си ти прелив од 40-60 ден. се и само си ставаш после се миеш незнам колку време требаше да постои дали 5-10 мин.тОА Е БАРЕМ ЛЕСНА РАБОТА
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Жолти заби бе луѓе, жолти заби :D
    Како сака нека се облекува, додека не смрди добра си е. Џабе некои издотерани намирисани а кога ќе им се доближиш да се поздравиш бздат на дундоина :D
     
    На dc15, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Не констатирав дека е неуредност, само прашав дали тоа го сметате за неуредност ако некој е постојано во иста облека. Па форум е , што да молчиме ли?Ќе си кажеме свое искуство, ама и туѓ пример зошто да не. Сега ја знам ли јас твојата професорка која е или ти ја знаев женава?Не.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    хахаха ме насмеа
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @Tanjamm праша само дали тоа го сметате за неуредност.
    Јас лично го сметам за неуредност тоа да кога се бавиш со таква професија треба да изгледа пристојно и достојно на професијата, да покажеш авторитет и самодоверба, немој да ми речете дека не се гледа по облеката кога го сочинува првиот впечаток.
    Незнам зашто дотичнава вработена во амбасада не го почитува дрес кодот, јас како што знам за неколку амбасади (па претпоставувам дека кај сите важи истото) самата амбасада на 6 месеци им ја обновува гардеобата односно во договорената продавница може да си земат костум и чевли баш заради тоа, да изгледаат како што доликува на такво работно место...
    И кај мене на факултет имаше доста професори и професорки кои изгледаа како клошари, смрдливи и неуредни, со стари излитени алишта, како и да е, колку и да се нема има ефтина гардероба која може да се најде за да се изгледа средено барем на работа да си бидеш огладало на институцијата.
    Не велам да е модерно и скапо туку едноставно, класично и пристојно.
    Тоа е до луѓето, не е до парата. Таа што сака да е средена и дотерана и со минимална плата ќе го постигне тоа, на другиве ако сакаш 5000 евра давај им месечно исто ќе биде...
    Како и да е мене не ми смета, лично неам ништо против, секој си знае за себе.
     
    На Bozica1980, cresa-jagoda, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Не, не го сметаме за неуредност. Татко ми земаше 1000 евра плата, па ене го уште оди со пантолони стари 20 години, и има два пара чевли, едни за секој ден, едни за на свадба ако треба да оди. Има 3-4 кошули, и тоа старички. Редовно е испран, не смрди, и чевлите му се намачкани со боја. Тој и мене и на мајка ми секогаш ни даваше одврзани раце да се дотеруваме како и кога сакаме, ама тој сметаше дека пари на облека за него нема потреба да се фрла. И уште е така!!! Истото што го кажаа пред мене, нема врска кој колку пари зема, кај сака ќе ги троши.
    А ако во фирмата каде што дотичната пречекува амбасадори им смета нејзиното облекување, можат да набават униформи (кошули, сакоа, сукњи, панотолни), и така нема да има забуни. Очигледно не им смета како се облекуваат вработените, и нема што тука!
     
    На SuperGirl24, Mishela, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Toa e тоа. Нека е чисто, нека мириса убаво, ама ако ти се алиштата како од Црвен Крст, лошо изгледа за установата или институцијата. Има и ефтини работи убави. Секој кој работи може да си приушти пристојна облека, а за некој солидно платен да не зборам. До карактерот е. Сепак не личи да пречекуваш угледни луѓе во фармерки што само не пукале на задникот затоа што се излижани. Да носиш кошули кои се гледа дека се од некое друго време, такви веќе во продавници нема. Точно, некој кој работи добра работа треба да изгледа претставително.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Жената е паметна, вредна, ама па на возрасна жена , мајка на 2 деца не можат туку така да и речат, срам им е. Само ја коментираат сите дека не се замара како изгледа.
     
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Само да прашам, од каде толку информации од кога е облеката, колку време се носи, колку плата се зема, на што се троши платата итнн?
    Ова не е поттик за кавга @Tanjamm, туку ме интересира зошто толку се замараш за туѓи животи а те имам и приметено по други теми само не сум прокоментирала најверојатно до сега. Искрено вака многу си давате за право да правите туѓи пресметки. Жената често си заработува, а нејзин проблем е на што ќе ја тропи платата.

    Мајка ми и татко ми се во брак 18 години па никогаш си немаат купено нешто за себе. Иако не сум блиска воошто со нив ама секогаш гледаат прво мене и брат ми да ни погодат во однос на облеката не дека ни купуваат којзнае што туку стандардни работи од обични продавници, ние да бидеме дотерани, а тие одат во палтиња и панталони стари по неколку години. Така да неможеш да коментираш вака за други луѓе, не си им у кожа па да знаеш како им е.

    Мене неуредност ме асоцира на расфрлана соба со еден куп алишта, книги расфрлани низ соба. Неизмиените заби, нечисти нокти, мириста на пот, неизмиена коса, небањање тоа е веќе нехигиена.
    А подникнатиот корен, нелакирани нокти, без шминка тоа секому му се случува дали од недостик на време, финансии или слично во моментот ама ете се случува, неможе некому да му речеме дека е неуреден само ради ова.
     
    На bittersweet, Bozica1980, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    3.818
    Пол:
    Женски
    Od kade do kade... od neurednost do stari alista ima mnogu! Si videla nekoj denar vo zivotot pa si mislis oblekata e se... se gleda deka imas uste mnogu da izzivees od zivotot. Pozdrav.
    P.s Tie profesorite-klosari sto te pustile da zavrsis se krivi za da gi vrejgas vaka sega ;)
     
    На cresa-jagoda и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Твој личен избор, ако не ти смета арно, ако ти смета смени фризерка, знам една што исто бајаги време накај 2 год беше плава па се врати на кафеава од одма.Јас лично црна што се фарбам не можам да се трпам со никнат корен, ако не ми се познава зашто природната ми е темно кафена, фарбам корен на месед дена - два.Кога стигнав до црна пак :D бетер од плаво со никнат корен ми се црни што ја пуштаат цела коса, и на мене ми е некад смачено ама веќе ако сакам да ја сменам ќе си отидам на фризер ко човек да ме направат.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Од каде информации? Па имам очи и гледам што е вето, одам по бутици и гледам дека таква облека нема, тоа е од времето кога мама била девојка. Од каде инфо за плати? Па сигурно дека на висока позиција во администрација не зема мизерна плата во приватен сектор. Јас со мизерна плата во приватен сектор фармерки ако се издржливи ги носам година или година и пол, а потоа донирам во Црвен крст кога е вето. Нормално дека се нејзини пари и нема да и ги земам, ама срамота е млади луѓе вработени да носат алишта од пред 10 години.