Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.987
    Допаѓања:
    12.685
    Ти носиш иста облека по 10 години? Викаш си видела некој денар. Нема врска со парите. Ние дискутираме луѓе со добри плати кои не се средуваат.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.668
    Добро оставете настрана од каде знае @Tanjamm дотичните луѓе колку плата земаат, дали е мешање во нечии животи и не знам што... Не станува збор за неуредност во ситуациите кои таа ги има споменато, ама веќе кога сме до тука дојдени со дискусијата нема што да се правиме многу паметни и да и даруваме морални вредности на форумџиката, туку дај да бидеме реални барем на форум кога веќе не сме во реалноста. Луѓе, вртете сучете, глумете скромност колку сакате но човек на висока позиција треба КОМПЛЕТНО да биде репрезентативен за функцијата и компанијата. Интелектуално пред се, ама и изгледот не е занемарлив. И чисто и ново(апсолутно не зборувам за маркирани парчиња, машки кошули на пр. има и за помалку од 1000ден.). Угледен човек треба да крца и од внатре и од надвор!
     
    На Rama, okcenzi и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Факт е дека кога си убаво облечен,оставаш подобар впечаток.Едноличноста е навистина здодевна,особено за некој на висока функција како што спомена членката.Не знам што толку и се нафливте.Можеби малце залутала,ова автоматски не значи дека личноста е неуредна,се додека одржува хигиена и тоа што го носи на неа не е скинато.Но треба и за физичкиот изглед да се води сметка дефинитивно.Ете спомена дека е мајка на две деца,што значи е јасно каде и одат парите.Сите знаеме дека нашите родители од многу нешта се лишуваат само за да ни угодат нас.Важно им е ние да имаме и да сме облечени,а за нив што остане.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама не праша дали тоа го сметаш за неуредност туку искоментира дека не ти е јасно како може жена на добра позиција во администрација да се облекува демоде.
    И татко ми може зема висока германска пензија, ама има побитни работи од надворешниот изглед и очигледно е дека тие луѓе си ги фокусираат парите на битни работи. На пример, како јас во чевли. Блузички купувам од по 150 денари, едни фармерки носам по 2 - 3 години ама купувам квалитетни и скапи чизми и патики.
    Имај предвид дека во очите на ваквите едноставни луѓе, ти може си таа што е несредена и неуредна. Штом стигнала до позиција да пречекува амбасадори, значи има други квалитети освен надворешниот изглед.
     
    На Elena69221, crazylady, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.835
    Пол:
    Женски
    Едно е почитување на дрес код, а друго е често купување облека. Првичната дискусија беше дали е океј да се носи истата облека повеќе години, а не дали да се носи искината облека на работа.

    Јас познавам човек што обожава да носи кошули и сигурна сум дека не му е една, ама сите му изгледаат исто, и купува ретко облека, ама сака да е квалитетна и поскапа. Никогаш не ми паднало на памет дека е неуреден, затоа што секој ден изгледа исто, напротив, тоа ми е позитивно и дел од неговиот идентитет.

    Јас лично за себе внимавам што и кога облекувам, ама на друг забележувам единствено ако е нешто неприкладно или нечисто, или ако премногу ми се допаѓа. Облека е последно нешто што би ми паднало на памет кога би помислила на некој човек, што е иронично затоа што имам блог за мода. :D
     
    На senza.parole, crazylady, theowndemon и 15 други им се допаѓа ова.
  6. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    нема полошо од тоа девојка да мириса на пот. НЕМА!
     
    На theowndemon, Tanjamm, alisijad и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ja sto sum videla a sto ne ti nemozes ni vo najlosite kosmari da vidis zatoa ne se pravi mnogu pametna koga ne si sfatila ni zbor od mojot komentar.
    Fakt e deka po oblekata se gleda na prv pogled sto pretstavuvas. A kako jas sum zavrsila fakultet nema veska so garderobata na profesorite ja cesno so ucenje sum si zavrsila, nivni problem sto se oblakaat kako klosari niv gi gledaat luge, oni precekuvaat stranski naucnici ako sakaat goli neka odat...
    Sekoj si pravi izbor vo zivotot, sekoj na sto si saka si gi trosi parite, nekoj saka da izgleda top nekoj ne se zamara, procutaj pak sto pisav deka ne e do parite tuku do lugeto ne tuku ripajte da kazete nesto koga ne razbirate.
     
    На crazylady, Lilit, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Мешате брзини.

    Неуредност нема врска со скапа облека, иако се сложувам дека секој треба да си се облекува соодветно на функцијата, посебно ако е висока. Не зборуваме за терање мода, зборуваме за соодветно облекување и секој знае што подразбира. За жал или не, тоа е прво што паѓа во очи кога ќе го видиш некој за првпат, надворешниот изглед, и може многу да ти помогне/одмогне.

    Ама темата не е за дали некој носел стара или нова облека на толкави плати, аапа може ја донира пола плата, може помага на мајка и на татко ако се постари, може школува внуци, од кај знаеш.

    Еве таа момата што ви пишував последно, пред неколку страници тука, сал нови работи купува, секакви партали изнакупи, дома веќе испрати една тооооооолкава торба со алишта, ама пак смрди. Значи наравоучение, џабе фустанот од XXX долари, џабе полн шифоњер, кога ни го пере тоа што го носи, ни па она се бања. А па да ви кажам право, ни знае да искомбинира тоа што купила, ни знае што и одговара и што треба да носи, еве пред некој ден носеше свечено фустанче со златен ѓердан, со хулахопки и со пластични апостолки......(n) и еве сега, ако веќе навлегуваме во тоа дека купувањето на нови алишта ти помага да изгледаш уредно, како таа, сосе се' џилит ново на неа, изгледаше пристојно и уредно, кога ни се истушира пред да го облече тоа, ни па подразмисли дали деловите одат заедно, а еве, од ѓерданот до апостолките нови и беа?

    Пак ќе речам - редовно мавање туш, екстра затривање со сапунче на свимингсут партс,(fingers) стикче, перени алишта, чешлани, миени заби, косата прибрана и стокмена (не сте Луј, побогу, прибери назад тоа прамените) и топ сте.
     
    На eloves, kim.k, crazylady и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Темава е за неуредни девојки, ама да се надоврзам...
    Јас па што видов еден доктор, со косите ко луди научник, со наочарите облепени со селотејп тој медицински, и тоа не беше нешто моментално, го гледав со денови, сав некако распалтален, се чудев, ете тој не смрдеше, ама ми одаваше впечаток на една неуредна, аљкава личност.

    Имаше мантил бел па не му ја видов облеката, ама впечаток ми е тој.
    За влевање доверба со таквата негова појава да не зборам.

    Некогаш не мора да "почуствуваш" за да претпоставиш каков е кој. Доволно е само да го видиш ко појава. Некој ќе рече е па доктор бил, можеби презафатен, сигурно и тој самиот си кажува такви оправдувања или едноставно не го е гајле.
     
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Се додека некој одржува лична хигиена, мене не ми е гајле ниту проблем, дали облеката му е стара 100 години и дали таа облека сега не е во мода и дали е крпена или не, Важно е да е чиста!
    А кој каков стил на облекување си има, тоа не е мој проблем.
    Џабе некој ако има нова облека, по најнова мода, ако не одржува лична хигиена, све е џабе и све паѓа во вода.
     
    На wanderlust, kim.k, Bojana.20 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Со тоа дека се интересираш премногу несакав да те навредам, тоа е впечаток добиен од читање на повеќе твои мислења. Ако веќе се сака да се започне дискусија на некоја тема најдобро е да се даде личен пример, вака таков впечаток оставаш тоест дека се интересираш многу за другите. Не знам ете, не сум многу шетана и си немам работа со администрации ниту знам што се работи таму, ниту пак како треба да се облекува ама додека обчеката е чиста, испрана и испеглана мислам дека воопшто не е битно дали е од вчера или од пред 10 години.
    И пак ќе се навратам на истото, не сме во туѓа кожа за да знаеме како му е некого и каде му одат парите.

    Друга работа, во моето школо (и клас) има еден куп деца симнати од планина кои буквално СМРДАТ. Смрдат е мал збор. Не ми е поентата да го омаловажувам некого ама тоа е вистината. Се шири реа на пот, на млеко, на урди, на крави па јас ниту еднаш не сум почустувала потреба да седнам на форум и да дискутирам за истото. Не дека не ми пречи тоа, ми пречи ептен многу ама или отворам прозор или излегувам надвор и тоа е тоа.
     
    На cresa-jagoda и simoncelicius им се допаѓа ова.
  12. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Од секоја тема се прави турли тава,некако затоа и не ми се коментира.

    Точно е дека секој треба да има свој став и мислење ама па некако врти,врти се искача ко на гавгање.
    Некако ми бодеа очи неколку коментари па сакав само да дадам еден пример. Еве имаме доста фамилијарни пријатели ,познаници странци дел од нив работат овде дел се ван Македонија.
    Од нив ќе одделам италијанка жена во фини години,која работи во нивната амбасада тука кај нас. Иако е аташе и е стилот и е спортско кежуал секогаш е уредна,средена во смислол на чистота,перено,пеглани алишта,чисти чевли и средена фризура (чиста ,миена коса не секогаш исфенирана ). Зема плата доста голема за наши услови ама затоа пак гардеробата и се сведува на 5-6 парчиња кои ретко ги менува кога самите ке се доносат.Изгледа просечно,ама средено како што и доликува.

    Под поим неуреден сакако дека спаѓа скината, неперена и смрдлива гардероба која шири реа на сите страни.
    Како уште еден пример имам на млада и доста добро ситуирана мајка која добро изгледа фино се носи, користи скапи парфеми и дел од гардеробата и е прилично скапа ама кога ќе ти дојде на гости и соблече брендиран чевел а на двете хулахопки има по два компира и неистругани пети абе џаба све :worried:
    Уште па ако отидеш после неа во тоалет неможеш да излуфтираш едно саат време зошто реата измешана со пот и скап парфем= неподнослива мискоина:doh:
    Значи тука спаѓа и секогаш уреден долен веш,немора да е скап ама доволно е да е чисто зошто чисто на чисто е и Уредно. Ако неможеш да купиш ново во моментот можеш да си го закрпиш.

    Така да џабе ти се примања големи и скапа гардероба кога на нечиста става ке ги облечеш 8-|
     
    На Elena69221, kim.k, Аliсe и 10 други им се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Истово важи и за машкиот пол :D
     
    На wanderlust, eloves, kim.k и 7 други им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Облеката како дел од надворешниот изглед на луѓето ја забележувам во случаи кога е (не) чиста и кога вниманието ќе ми го привлече некое убаво парче облека, па згора на тоа и ако истото соодветствува со физичките пропорции на личноста. Статусот, материјалната состојба и брендираната гардероба немаат никакви допирни точки со облека стара неколку години. Тоа е личен избор на стил и начин на облекување кој не деградира никој се додека истата е добро сочувана. Таквите некако побрзо ми паѓаат во очи, а нивниот необичаен изглед ми станува асоцијација за идентитетот и препознатливоста. И ја почитувам посебноста на тие луѓе што се одделуваат од униформираната толпа затоа што се свои, единствени и индиферентни се на туѓите критички настроени погледи.
    Уредноста не е во доминантноста на модерните текови и да се биде по секоја цена како останатите.
    Таа е многу повеќе од некакви трендови, бидејќи миризбата од нечистата облека што некој (а) ја носи, многу подолго останува во сеќавање, отколку мирисните ноти од парфемот на некоја пријател (ка).
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Чекајте сега, сите спомнувате за неуредните девојки кои немаат време, немаат доволен џепарлак, несреденост кога се будат рано наутро. Сите сме такви мрзоволни кога се будиме, посебно недела наутро кога целиот ден по пиџами го поминуваме. Не можеме да се будиме такви средени цик цак како во реклами.
    Ајде настрана за тие личности. Што да кажеме за тие кои имаат време, имаат пари, а се мрзоволни да се средат? Не се заинтересирани воопшто за својот изглед.. неизмини очи, несредени веѓи, несредени нокти, всушност црнило под ноктите, здивот им труи, а за забите да не зборувам жолти како да им има нанесено боја. Кога излегува, излегува распарталена, со подочњаци до цицки, неиспеглана гардероба, а за косата ко во штекер да има бутнато. А за потта под мишките? на километар труи.. елементарна непогода.. Е ова што го опишав го гледам секој ден кај една девојка, од богата фамилија е, а го има сето она што го набројав..и време, и пари а не сака да се среди. Колку што разбрав на еден роденден во училиште и имаат подарено нивеа стик затоа што миризбата била неподнослива. Ете за мене тоа значи неуредна личност. Оние првите, кои немаат пари и недостаток на време не ги осудувам.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.416
    Пол:
    Женски
    Јас лично немам таков проблем, ама познавам личност која ги мие забите секој ден, и се познава дека нема никакви наслаги на забите или слично но, ете жолти и се и покрај сите пасти за избелување заби.
    Јас имам проблематична коса која не стои на место што и да и правам, буквално пробувам секакви шампони, регенератори и ништо не ми ја поправува, разлетена е и никаква. Се шишам редовно, ја пеглам за да не ми е таква каква што е, но сепак ми се увртува и на крајот на денот ми е разбушавена. Ја мијам секој ден бидејќи ми се мрси после 24 часа, но некогаш се случува да ја оставам и втор ден, кога ми е замрсена и сепак си земам за право да си кажам дека не сум неуредна девојка.
    Знам личност која има неиздепелирани раце и надусници и не ја сметам за неуредна бидејќи нема да плати на салониве да има мазни раце само затоа што тоа некој го смета за неуредно.
    Носам облека која сум ја купила пред неколку години бидејќи сум го купила со намера да го носам повеќе време а не само една сезона или сл.
    Мајка ми има подоќнаци до „цицки“ и не ја сметам за неуредна што отишла на работа таква бидејќи знам зошто ги има тие подоќнаци.

    Уредна личност: измиена, испеглана, избањана.

    Знаете што? Сите кога одиме на пример на некоја забава се шминкаме и се скоцкуваме, се намирисуваме и идеме на забава, играме во највише. По играњето шминката ни се размачкала, косата ни се разбушавила и сме се испотиле, и ако некој те погледне во тој момент ке мисли дека си неуредна девојка, така да, заклучок е дека премногу осудуваме. :)
     
    На littleflower, eloves, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    I mene ova mi e gadno, opshto zheni so evtina farba i podniknat koren mi izgleda gadno, samo kaj veshtachkite plavushi povekje doagja do izraz. Inaku e podednakvo losho, kolku i da nema vrska so higiena.

    Denes shto vidov eden debel smrdlivec duri chekav u banka na shalter :puke: Imashe vosok vo ushite i shireshe mirizba na pot. Mislam deka vo civilizirani drzhavi onakvite gi brkaat od institucii, ustanovi i t.n. A jas bi predlozhila strelanje, ali dobro.
    Zhena do tolku otidena u pametot da si go dozvoli ona ushte ne sum videla.
     
    Последна измена: 1 октомври 2015
  18. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Несменет долен веш и пот најстрашно.Можеш комотно у гужва да се онесвестиш.Имав една школска тровеше на пот.Толку ли не се осекаше незнам.Туку имаше и друга со вошки па не беше толку страшно колку реата на другата.И заби на нив со јадења и изгризани одозгора како жолти :puke:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.506
    Мимс, мора тука да не се согласам дека облеката кажува за човекот што претставува, а за другиот дел од мислењето, сосема ќе се согласувам. Но за облеката дека кажува што претставува човекот, можеби, до некаде. Ама до сега не ми се продал човек кој само изгледа. Сликата ја гледам во првата секунда, во втората веќе му ја капирам цела енергија и намера, во наредните 15 минути ако имам шанса, знам и со каков човек си имам работа. Ако сака и нека во злато опточен, нема да ми се продаде во која и да е смисла. Најискрено.
    Факт е дека и тоа си има удел, ама кај луѓе кои мислат дека убавото кое што изгледа воедно квалитетно и функционира или работи. Исто е со електронските уреди по дома - неретко изгледот не ја следи функцијата.

    Јас сум човек кој сака примери, па пак ќе се послужам со вчерашен пример. Ми доаѓа дечко, можен клиент (бизнисмен), среден од глава до пети (у бос, со клучеви од ауди, со скап парфем, со све, пиц-пец), полн со самодоверба и сега.. батево носи уште двајца негови потчинети. И сега во мои простории, тој почнува мене да ми се однесува како директор. И сега батево мене ми продава прво он тоа што продава, па после она што му треба од мене. И одеднаш станав јас клиентот, а од друга страна ми се поставува како директор. И така си имавме пинг - понг комуникација едно 15 минути. И морав да го прекинам и испратам, прво му објаснив дека он е дојден за мојата услуга, а не за неговиот продукт, второ, дека тој мене не ми е директор, туку на тие двајцата со него и трето, завршив со хумор - апсолутно во право е за се бидејќи он е мој клиент. Џабе му беше Бос сакото... во моите очи тој е сељак, но не губам надеж дека е и небрусен дијаманд чиј сјај допрва ќе го видиме и би ви пишала ако ве интересира во иднина. Но, муабетот ми беше тоа... не ми остави впечаток, ниту ми дозволив да ми ја преземе и издоминира ситуацијата само затоа што тој фино изгледаше, ама да, има луѓе кои реагираат визуелно така на луѓето и одма мислат дека станува збор за човек кој има низа атрибути, а оно некој цреп. Је добра финта во бизнис светот, ама исто така во бизнис светот има и добри комуникатори кои ти читаат многу повеќе од тоа што ти имаш намера да им претставиш. Способност да се облече човек не значи дека има способност да сработи.

    Еј и уште еден пример, мора да го додадам. :D Доаѓа едно типче на колешка и вика, јас и ти мора да зборуваме... И носи поклон парфем диор. Се имале видено негде-некаде и овој и рекол јас и ти имаме конекција по некои роднини или роднини сме, не знам треба некад да се видиме. И тогаш типот дотеран, оваа си рекла, овој... е некој и нешто. Ок. Доаѓа пак така скоцкан нали, му рекла имам 15 минути пауза, штом е хитно дојди и пак истиот глуп муабет, никако да и каже што е работата. Оно на крај испадна немало врска, ја манијачел преку другар и си барал изговори. Нејсе, имаше фора што имаше типов, јер убаво изгледаше нели. И се качуваме во такси еден убав бел ден јас и она... Кога погодете кој беше таксистот? :D

    И оттука па навака да се изјаснам јас така на долго и широки и општо:D...

    Се зависи од личните убедувања. Некој едноставно не сака да купува и да инвестира во облека бре, може верувањето му е дека се џабе фрлени пари. И познавам таква личност и замислете е главна ѕверка во одбор на директори во една јака фирма тука. И?!
    Може јас не би, ама ми има логика и тој став.
    Стив Џобс да се присетиме само како си одеше чоекот со црна ролка цел живот, за греоти.
    Нема врска тоа со неуредност. Тој си беше иноватор, едноставен и тоа е тоа.

    Во денови кога сум во хаос, најбитно ми е мислите и емоциите да ми се уредни, се друго ќе пројде. Ма да реално, ни друго нема да пројде, не можам да се замислам со неизмиена коса и да смрдам на пот, а уште помалку па зафлекана.

    Неуредно ми е - неизмиено. Неуредни ми се луѓе кои се трапави и се во постојан емотивен хаос. Човече, како сакаш изгледај, ме давиш со бившиот дечко, со клиентот од завчера кој ти се развикал и не можеш да се помириш ради его, ме давиш со другарка ти... ТОА Е НЕУРЕДНОСТ ОД КАТАКЛИЗМИЧНИ РАЗМЕРИ. Повеќе труе и од пот. Дави! А и да не збори, дури и да ќути,воздивнува, негодува тумрук, вечно да е таква особата, исто ми е неуредна со се емоции, дух и живот. Ти носи документи искапани, накапани, сармосани, се нешто губи, па уште и кога ќе обвини некој друг.

    А инаку, плата вс облека, нема врска. Кој знае да се среди ќе се среди и со 1000ка у месецот. Си пази на тоа и точка. Јас имам братучетка која зима 12.000 плата, она од дома се гребе, уште 3.000 во месецот, ама 9.000 ќе ги остави во Манго за облека. Потенцирам - секој месец и не работи работа во која па и мора премногу да изгледа тип-топ. Неа афинитетот и е тој - да си се дотера и прави да и е убаво на душата.

    Од друга страна кој завршил економски, ќе му текне на почитуван Таки Фити за комплексот и феноменот кој се јавува со поголемите приходи во однос на трошоците. Во една прилика рече секако низ шега - можеме да заклучиме дека богатите луѓе се искомплексирани, ништо на овој свет нема вредност, толку она што го носиме внатре. И така го засакав. Некој низ поголемата плата гледа можности за патување и други видови на инвестиции... но не и физичкиот изглед. И ок е и тоа.
    А ако сакате повеќе и економски аналитички осврт околу трошењето, приходите и психологијата на купувањето, обратете се у порака, ќе подискутираме, јер теза спремам. :D

    А од колешки најмногу не сакам колешки што коментираат изглед на друга колешка. Не знам кој бил поводот на темава, ама страшно се иритирам кога ќе чујам како се шушкаат - леле ја виде како дошла денес? Добро побогу, од кај знаеш ти што она гледа у огледало? Може си мисли дека е убава и е среќна со тоа. Мене ми пречи само недолично облечен за годините и за приликата. Ама за боите, комбинацијата, модерно или не... сериозно не загледувам...
    А од друга страна истата колешка вика за една нејзина другарка откако сите констатиравме дека си личат со другарка и кога наврати, а она на тоа - леле, сите ни викаат дека личиме. Многу ја сакам, многу ми е убава, таква е нежна... Ја гледате заебанцијата у муабетов... Суптилно си се пофали. А во моите очи... па и не е ништо посебно, во своите очигледно е мис свет.
    И последно од ова мое широко и долго излагање по темава - обично имаме превисоки гледања и очекувања од себе си и нашиот изглед, ама право да ви кажам заклучив дека не сме ни свесни дека 90 посто од времето изгледаме како бајати еклери, макар облечени во Ел Сааб, а сепак во нашите очи и во очите на нашите блиски кои не гледаат со срце, секогаш сме си најубави, а за сите останати е прашање на вкус.

    И така... шо друго да додадам,постов купус ми е. Од све по нешто. Ако сакате и рецепт за купус уствари да напишам. Ама ве зачитав, гледам и дека сте се поткарнале, па да ви кажам дека стварно сите сте во право од која страна и да се на муабетот.

    Ќао, се гледаме за некој ден. Да ми го чувате и да ми го баците ако ми го видите и да ми кажете шо правел, без надзор ќе е!
     
    Последна измена: 2 октомври 2015
    На ForeverYoung, senza.parole, renata77 и 14 други им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @Lilit тотално се согласувам со тебе дека облеката не го прави човекот, зборот ми беше за сликата што ја оставаме додека не сме отвориле уста.
    Абе неможе како сакаш да се појавуваш на работа, посебно ако не е твоја фирма и имаш контакти со клиенти, функционери и што ти знам...
    Биди огледало на институцијата, остави впечаток, авторитет. Факт е дека човек во одело остава повеќе впечаток од човек во фармерки и смикната блуза.

    Ко за пример една комшика која работи на тезга на зелено пазарче, жена во години накај 50тите би рекла е секогаш тип топ скоцкана. Средена, нашминкана, косата исфарбана, собрана, чиста, пријатно изгледа на око, знаете у автобус како со почит и се обраќаат, госпоѓо, госпоѓо... Да не ја знаев ќе си мислев дека негде на шалтер работи, службеничка штознам...
    Другава пак професорка е по физичко во средно училиште, нешто е помлада од другава, воопшто не изгледа средено, така некои кломпи, стари фармерки излитени, ненашминкана и одма остава друг впечаток.
    Не велам јас дека едната е попаметна од другата, дека едната е побогата од другата, дека едната парите ги донира и ги троши на болен човек (не дај боже), а другава ги инвестира у себе и само шминки купува... Не викам јас ништо, самите си оставаат таква слика.
    Среденава ја прашуваат дали е слободно местото до неа дали може да седнат, а другава никој не ја прашува туку си седнува.
    Значи до човекот е, на кој што му е убаво тоа си прави, различни приоритети, вкусови, потерби...
    Меѓутоа почитувај ја институцијата во која работиш, почитувај ги луѓето со кои имаш контакт, не си дозволувај да оставаш лоша слика за себе и за институцијата, на улица и голи шетајте ако сакате.
     
    На senza.parole, Lilit и Tanjamm им се допаѓа ова.