Убаво кажано. Џабе викаат да е чисто само. Не е така. Што ако е чисто ама вето, старо, размкнато од перење. Не личи така. Убав пример даде со госпоѓата што продава на пазарче. Не може делегации од ЕУ Инфо центар да пречекуваш во никакви алишта. Не дека нешто ќе смениме ама си коментираме.
^^ Да,ама тоа нема врска со неуредност.Со се има врска само со тоа не,не може дури да се поврзи едно со друго. Ако некоја се облекува НЕСООДВЕТНО за работното место,или за социјалниот статус или шотизнам друго,би рекла дека е недисциплиниран,неодговорен,па ако сакаш и модно неосвестен,а во никој случај неуреден.Се согласувам дека работата во одредени институции носи со себе и одговорност за почитување на некаков дрес код,формален или неформален.И мене не ми се допаѓа кога некој ОД БИЛО КАКВИ ПРИЧИНИ,го игнорира.Малку од малку секој треба да се потруди и да се прилагоди на ситуацијата,односно да задоволува некои барања,од естетски аспект.Во тој дел,апсолутно сте во право. Е сега,како ова се поврза со неуредност не ми е јасно. Според мене,неуредна личност има неуредна фризура,не само подраснат корен,туку баш без врска фризура.Едно од првите нешта што забележувам.Понатаму,неуредни нокти.Не мора маникир,но ако не се лакирани,барем кратко исечени и избришани.Друго,делови од долната облека кои се видливи,или стрчат,нешто подискинато или подоштетено,или ако на пример фармерки или пантолони носи без каиш па лошо стојат....некои такви работи,сега не ми текнува баш. Исто така,многумина измешале неуредност со нехигиена.Тоа се сосема различни работи.
Не можам да се воздражам а да не искоментирам за една бивша школска.Абе луѓе вошките по косата и лазеа,а коса имаше многу долга во 21 век жално Тоа веѓи неисчупкани,надусниците изникнале,пазуви небричени,нозе недепилирани.Целото тело и мирисаше непријатно,еднаш ми призна дека се бањала само еднаш неделно...Стикче,дезедоранс абе тоа се непознати поими за неа.Еден ден школските се договоривме да и кажеме некако да ја пострижи косата,да користи шампон,бидејќи вошките и лазеа по коса(страв ни беше до неа да се доближи ме).Таа уште се навреди,почна да плаче и замислете ни по ова не се свести да ја пострижи косата.Собата и беше како атомска бомба да и паднала.Постелнината од бела црна станала,тепихот цеелиот со стапки и влакна од маче што чуваше,облеката наредена убаво ама што дека смрдеше целата на манџа и се останато што се готвело,неиспрана.Еднаш морав да одам итно во тоалет,внатре буквалнно имаше остатоци од измет Ми се згади до степен кафе да се напијам кај неа.Сега помислувам како времето кај неа ништо не променило,дали воопшто се исчисти од вошките
Не можам веќе да поднесам. Да и ρечам, да не и ρечам.. Сρам ми е, незгодно ми е. А ме κρева! Се ρаботи за нова κолешκа. Нова, 2 месеци Од дента κо дојде, може не ви се веρува ама по ЦЕЛА НЕДЕЛА носи едни исти алишта. . Се бања од недела на недела.. Κосата.. леле. Ми се лоши. И κо за малеρ само до мене имаше место и туκа ја тупнаа! На мувла смρди, на стаρо, на мочκа... 21 веκ! Со ваκва κозметиκа, со ваκви пρепаρати.. Бог да чува. Тρеба да си го опеρиρам осетот за миρис. А ја сум κо неκое душκашо. . .
Темава боли… Незнам од каде да почнам… .Како може да има девојки кои пред да стапат во интимни односи со дечко да не се истушираат?Како да ги сватам таквите?А познавам мнолгу такви..Тешки на мажкиот род кој е некогаш со овакви примерока… Како можат некој девојчиња да си дозволат да шетаат со бркови?Да ти се згади животот А најгадно од се е шминка која не е избришана,а како капак на тоа лилјаков фушерски кармин..Влакна..Кога сме веќе кај влакната,океј разбирам зимо,и ти останале 5-6влакненца на нозете(карикирам)ништо страшно..Дечкото нема да те остаи поради тие влакненца..АМА ЛЕТНО ВРЕМЕ Кога највеќе се потиме..Не не и не..Неможам да сватам како некој така се оставаат… Нокти-Признавам 1000пати ми се има случено,да се појавам во јавност со несредени нокти (од недоволно слободно време) За мрсна коса не коментирам.Кога бев во пубертетот јас си знам низ што минев..За среќа помина тоа… Не е благодарно да се рече видија ваа никогаш не си ја мие косата..Хормоните кога сме во пубертет на пр,чуда прават Во врска со пот,неизпеглани алишта,лош здив исто така нејќам да коментирам за девојките шо ги поседуваат овие навики ,не им се смеаам и оговарам АМА БЕГАМ ОД НИВ..Сума сумарум :какви што познавам гнаса од девојчиња,такви машки немам запознаено… Бетер се некој девојчиња и од 60годишни мажи.. А во врска со домашната неуредност,како што е " во собата како бомба да падноло"јас сум прва
^ Јас познавам и мажи со такви особини, како го пуштиле од дома - така. Абе нема да чекам на мајка, жена. Сам земи испери фармерките, гаќите, смени чорапи, скисни ги барем во една вода, не е филозофија. Другар на брат ми не ни доаѓа на гости ако не излегол од дома со чисти чорапи. Ако шетал низ град, или бил цел ден во школо, шанса нема да дојде со истите чорапи. Педантерија. А еднаш колега од факултет ми дојде за семинарска, со патики внатре се улета. Каде бе момче?! Мајка ми да го видеше мислам за уво ќе го извлечеше од дома. Мислам на вакви смрдливи, непедантни машки и женски примероци треба да им се вкрстат патиштата и меѓусебно да си ја шират реата, можда кога ќе им продре туѓата онака длабоко, ќе им текне дека блиц туш се мава секој ден, ѓаки, чорапи исто така. Значи не ме интересираат излитени или нови фармерки, трендови, помодарства и стилови. Пошто често такви накинџурени госпоѓици знаат да се нашприцаат и со Армани парфемот, а тоа што се осеќа силен базд од мишкоини, не им е битно!
Секој ден гледам несредени девојки,исчупани во тоа косите,облека хаос.Здебелни од брзата храна,грижа за себе испод ниво,и послем се чудат зашто немаат дечко,како никој не ги сакал?Вие девојки го имате изгубено значењето на зборот дама,каде е виткото тело?грижата за себе?каде е женственоста?Каде е убавата облека,средените нокти,убавата коса,парфемот?Жално е што сте млади,20-30 години а се понашаат како да имаат 60 години,пропаднати,истрошени,ахххх каде отиде Скопјево мое,жално стварно.
Виткото тело нема врска со женственоста, само да ти кажам.Може да биде и најзгодна али ако нема став, правилно држење , однесување и се тоа, пропаѓа во вода и тело и лепота и се.А некоја пополничка може многу повеќе да зрачи и одвнатре и однадвор, па исто тие неколку килца + да паднат во вода.
Барем према мене, нема смисла нечиј надворешен изглед и карактеристики да ги изедначуваме со женственост или не. Секој се носи како сака и плус живееме во многу брза реалност каде што 15 минути да се успиеш немаш време да јадиш, не па да се нашминкаш за да стигниш навреме да ги завршиш сите обврски, па купваш сендвич или кифла зошто тоа е најблиску и продолжуваш. Се согласувам со @christinnn виткото тело нема врска со тоа да бидиш дама или да бидиш женствена. Добро е да сме средени, ама има и такви и такви денови. Можеби ако не носиме слатко фустанче со цветчиња туку дуксер и хеланки и патики место штикли и имаме три кила плус, не значи дека таа девојка не вреди. Нели, битно е она што е внатре
Пред се изгледот прво привлекува па послем карактерот,да не се лажеме.А виткото тело дава дознаење дека,девојката,жената,се грижи за себе и си посветува внимание на самата себе.Се согласувам за килцата+,но проблемот е што тие килца идат само нагоре и нагоре. А тоа не е од една кифла или сендвич,него тоа е од секојдневно јадење на брзата храна.
Се согласувам со сите мислења погоре и само да кажам оти стварно некогаш приметувам низ град многу мали девојчиња по 18, 19 години така како запуштени, чудни конструкции, во фаците и фризурите како тетки. Па дури се помлади им е времето да се грижат само за себе. Инаку во принцип треба одржување, тело коса и слично. Дали си дебел или слаб треба да си чист и уредно облечен. Јас девојка со влакна на нозе, мрсна коса, искршени нокти не признавам. А за дебелината што да кажам има некои луѓе што едноставно цел живот си се дебели, и ок е ама има некои кои онака од чиста мира се зашуштиле, е па и јас да јадам што треба и не треба ќе бидам дебела ама внимавам. Колку ќе вложиш во своето тело толку и ќе добиеш.
Или јас имам некоја фалинка и се ми смета или стварно некои луѓе немаат осет.Абре во лице да ти се каже дека мирисаш лошо ќе превземеш нешто,нели?Ама не и не,смрди на манџа,пот и незнам уште што секој ден без исклучок ама денес е врвот,цревата ќе ги повратам.Најтрагично е што е жена и не се бања,не мие заби и шета со литро зејтин секој ден на глава а е млада.Канцеларијата на менза со манџа и запршки ни мириса,луѓе се чудат и се гадат од смрдеата а она дига раце за подобро да се осети мирисот ваљда.Е неможам веќе да издржам,ќе си пукнам
Зошто па сите мора да се привлечни и кој е критериумот за тоа? Зошто постои мислењето дека сите жени мора да изгледаат убаво и налицкано? Генерално, не се сите луѓе со ист систем на вредности, таа што не инвестира во скапи штикли и гардероба, можеби инвестира во сопственото знаење и купува книги и е гениј, но ти тоа нема да го дознаеш,затоа што судиш според надворешниот изглед на таа девојка, кој за нејзе е тривијален. Околу исхраната и дебелината - не секогаш се поврзани едно со друго,можеби е во прашање здравствен проблем... Сепак има многу подеформирани млади луѓе во последно време - претпоставувам тоа е од начинот на живот,дремење пред компјутер на социјални мрежи и мала физичка активност. Не е ова реплика кон тебе само мој став на оваа тема
Проблемот е што јас не гледам само мали девојчиња несредени,гледам девојки,возрасни,неубаво средени.Разбирам 2-3 дена да си во брзања и да неможеш да се средиш,ама тие ликови ги гледам 10 години,на едно исто место,и исти се,ама баш исти.Ништо не им е сменето,а мрчат од страна,како они неможат дечко да си фатат,машките биле вакви,машките биле такви.Извини ама на дебелина,и на несреденост ама ни една машко нема да ти се приближи,да не се лажеме и правиме будали(не сакам никого да навредам),ама се знае една девојка,млада како треба да изгледа.
Изгледот привлекува, карактерот задржува. @Скопјетесакам Подобро чисти на душа да сме. Хигиената е неопходна има многу луѓе запуштени ама реалноста е дека училиштето и работата се мини форми на затвор и не секој има време секој ден да се среди (дури и не сфаќам шо точно се мисли под поимот среди ...) зошто онака смачено им е. Јас лично ни шминка носам, ни носам нешто „соодветно“, ама тоа не значи дека не одржавам хигиена, нели? Е сега јас зборувам за средување во смисла си одржава хигиена, ама не внимава што носи, колку килца има и слично. Не зборувам за средување шо отфрла основна хигиена, кој би го оправдал тоа, м? Таман пред да пуштам мислењето го видов мислењето на @ivi1987 - тоа е тоа лошо средување кое не вклучува одржувањње на основна хигиена и е лошо не само за самата жена/ маж туку и за околината околу неа
Поимот на жена што треба да асоцира?Немора да е налицкана,ама основна хигиена да нема?Фатена коса,пристојно облечена,еден парфем од 300-500 денари(немора оргинали),едноставно да даде дознаење дека е жена бре,дека е привлечна бре. Немора да купува скапи штикли,кој го рече тоа?Едноставно да е убаво облечена,не е битно колку пари е таа гардероба,абе жена е бре луѓе еј,треба да изгледа убаво бе,привлечно,да мириса на ЖЕНА. Нека инвестира во знаењето и книгите,тоа е прекрасно ама незначи дека треба да се запушти и да биде запуштеница нели? Јас не судам и не сум судија,јас реков дека тие девојки не изгледаат убаво,и дека треба да си посветат внимание на самите себеси,затоа што други им се криви што немаат партнер.
Дебелинaтa не е знaк нa несреденoст. Имa луѓе кoи имaaт здрaвствени прoблеми и никaкo не мoжaт дa се спрaвaт сo неa, a дaмa не те прaви сaмo oблекaтa и шминкaтa.
Јас под средување ја сваќам хигиената. Немора да носиш марка гадероба нека е чиста, немора фрузура некоја ама косата да не е залепена. Инаку и ние имавме еден колега, лелееее корнеше, среќа сега не е во близина кај нас
Тотално ја промаши мојата поента. Дали една ЖЕНА е убава или не - тоа е многу субјективно. Дали е запуштена или не - можеби во нејзината перцепција си е убава со несредена фризура или не поднесува парфеми? Можеби на таа жена не и е битно како некој како тебе ја доживува кога ќе се разминат на улица,затоа што знае дека изгледот лаже, а побитна е "содржината" И не зборувам за смрдливи,мрсни и небањати какви што се спомнуваат во темава... Зборувам за луѓе кои држат хигиена, но не сметаат дека дотерувањето е битен фактор во нивниот живот, и дали одреден машки примерок тоа ќе го смета за привлечно или не... А за тие што ти кукале дека немаат дечко,а се несредени според твоите критериуми - им посакувам да си најдат соодветен дечко спрема нивните ставови за "привлечен" изглед, а не спрема твоите.