Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Познавам многу луѓе кој биле болни од тироидна жлезда,не викам дека не се здебелувале но од кога дознале дека се болни веднаш преземале мерки и пазат до ден денеска на храната,и се со вишок од 5 до 10 килограми,кој не се познаваат многу на нив.Но не збориме за болести недај боже да дојде до болест нели,збориме за девојки кој храната им е опсесија и неможат без брз храна и шекери.
     
  2. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Многу е полесно да поминеш 15 минути на Гугл, отколку да шириш стереотипни размислувања. Чисто информативно.
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Јас у средно имав една многу верна другарка,ако беше христијанка спиеше кај мене и јас кај неа,се имавме многу ама еден период почна многу неубаво да мириса ;(;(средена беше убаво облечена али како мирисаше ми се идеше да се онесвестам од мирисот башка после и сите ја оговараа,ја приметија али ја немав срце да и кажам незгодно ми беше,али луѓе не ни сакав веќе да и се доближам,како може женско да не си води хигиена бе ;(;(
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Каква врска има болеста со неуредноста?
     
  5. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Бегам како ѓавол од крст од нив!!!
    Им посакувам повеќе памет и да се средат.
     
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Но постои еден феномен што никој ниту овде пиша а ниту во животот се случува некој за себе да каже дека е неуреден/на се нешто другите се лоши, другите се не уредни...ама никако ние самите? Затоа треба да бидеме внимателни со осудата на другите затоа што можеби во нечии очи и ние сме не уредни.
     
    На L.i.n.a.a, Bitter-Sweet, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    @Скопјетесакам на пример тебе ако ти дојде на работа некоја нова колешка или пак на улица се разминеш со девојка која има некој килограм вишок ти никако не можеш да знаеш дали е тоа од невнимание или пак е некој здраствен проблем.
    Начинот на живот на поголем дел од луѓето им е таков, напорен, стресен па и брз, сите брзаат некаде кој во школо, кој на факултет, кој на работа и гледаат успат да апнат нешто да не бидат гладни, притоа не ги интересира дали е тоа здраво или не.
    Или пак голем дел од девојките се влезени во пубертет, па затоа качиле некој килограм, на некои им е генетски тоест наследно тоа, на трети здраствен проблем итн, па затоа не си во ничија кожа и површно ми е тоа некој килограм плус да го сместиме во оваа тема. Никој од нас не знае како му е на другиот.
    Не знам ама мене ми е површно да ги гледам луѓето по физичкиот изглед.
    Прост пример, колку пари само сме виделе некоја убава корица од книга а внатре книгата не чини, без врска напишана епа исто и со луѓето.
    Познавам една девојка навистина е убава, долга коса, висока, убаво тело, секогаш намирисана, абе манекенка. Ама чим отвори уста, пониски, попрости муабети, повеќе глупости тешко можеш да најдеш.
    И не не викам дека не е битно, битно е ама не и најбитно.
    Барем на оваа денешница има разни препарати дури и поефтини што вршат работи и срамота е некој да мириса, со тоа се согласувам.
    Сапунче, шампон, антиперспирант може да си купи и дозволи секој и крај. За мирисање на пот нема оправдување, ми се лоши од таа миризба и затоа избегнувам такви луѓе. Ама тоа нема врска со дебелината или модерна облека, облеката каква сака нека е ама може да и испрана и чиста.
     
    На littleflower, Роберт 7 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам на муабетите за вишокот килограми и неуредноста.
    Едното со другото немаат врска.Ама дефинитивно немаат.Оти има и слаби и дебели неуредни,не е клучот во килограмите.И ај ви се молам, кој сте вие да кажувате за некоја дали била дебела или не?Кој се тие ваши кретериуми за дебелина?Ако за вас нешто е дебело, за другите не е.Па и на самите девојки ако не им смета дебелината и се задоволни од тоа што се, другите се небитен фактор.
    Иначе, имам во клас две девојчиња ете, да не речам дебели, ама со едно 10/15 кг вишок.Разликата е тоа што едната стално е дотерана, со измиена коса и лице,кога и да се доближам до неа па макар и на жешко време таа мирисала убаво.Додека пак другото девојче не се средува воопшто, сосем спротивно од другата.Мрсна коса константо, мирис на пот, бркчиња и нечупани веѓи, и да не набројувам.Такада килограмите воопшто не се спојливи со неуредноста, нема смисла воопшто.
     
    На cresa-jagoda, Valentina.Vaki, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Како тоа кој сме ние да кажуваме,зарем ти ке ми го земеш правото на говор и правото да си го кажеме мислењето?Нормално дека секој човек си има свој критериуми,ете мојте се тие јас не сакам дебели девојки,пунички да но дебели неее.Не ме интересира дали се од болест или од гнетење како да не виделе јадење.Едноставно за све постои лек поготово во 21 век за дебелината има 100 препарати и триста си чуда.
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Скопјетесакам, јас нема да бидам фина како другите девојки тука и отворено ќе ти кажам дека мислењето ти е дрско и површно!

    Ти не знаеш што се случува во нечиј живот па затоа немој многу, многу од страна да судиш за другите. Лесно е да се каже „брза храна и шеќери блабла“ ама си се запрашал зошто некој посегнал по таква нездрава храна? Или по дифолт сите се мрзливи и алчни?

    Нареден пат кога ќе ти текне некоја рендом цура да ја опишеш како неуредна само затоа што има повеќе килограми од манекенка помисли дека можеби таа девојка јаде од стрес зошто мајка и неодамна починала. Тој неуредниот (дебел, нели) дечко пред тебе во редот за каса што има само леб и маргарин во корпата? Сигурна сум дека би сакал да има месо и салата за ручек ама се што може да си дозволи е тој намачкан леб.

    Ама зошто да се ставаме во кожата на другите и да бидеме емпати кога може да се правиме паметни и да осудуваме.
     
    На Belgin1, love11111, theowndemon и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Да јас незнам што се случува во нечиј живот но ако се грижиме за себеси нели нема да дозволиме да дојдеме до линија на свињи,него колку толку ке пазиме на нашата линија.И јас сум изгубил родители и немало кој да ми прави храна и кој да ми готви па сум се снашол,све научив во животот да правам буквално секоја храна,за жал мака ме натера ама ете научив.И вежбам и пазам на све буквално,а јас дали ке судам од страна или не тоа е МОЈ ИЗБОР и ничив друг.

    Таа девојка место да јаде од стрес може да земе и да вежба и да го отргне тој стрес од себе,јас ова го кажувам не од гачки и бачки,него го кажувам од свое лично искуство.Кога ги загубив родителите почнав да вежбам и многу брзо се вратив во нормалниот живот,и никогаш нема да дозволам да бидам дебел,затоа што знаеме дебелината колку е лоша за еден човек.

    Тој дечко на каса со маргарин и леб,седи дома ништо не работи,чека од тато и мама и затоа го има само тоа.Сите знаеме како функционира државата,никој не сака да работи за 200 евра,па затоа и имаат само тоа дома искрено кажано ти е ова.Вакви примери ги има еден тон кај нас во Македонија.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Неисчелшана коса со расцветани врвови(за мрсењето не зборам има некој со таков проблем),нокти 1 долг 3 до живец, лак пред лупење, шминка отстоена размачкана, алишта исфлекани скинати непеглани и замирисани на манџи,цигари и микс од пот и парфеми.Пазуви од кои се шири таква реа што бегаат и ракуните а можеш и плетенка да сплетеш.Надусници што кога ќе ставиш пудра се истакнуваат ала Гоце Длечев.За вишок килограми (како некој член погоре) не разговарам бидејќи тоа не е неуредност!Забите пожолтени четкичка и паста не виделе со денови..Има и девојки кои се бањаат само дур е тетката дојдена е тие не ги сфаќам, другите денови треба да корнеш сестро?:tmi:
    Има и такви,кога ќе ги видиш пицнати од глава до пети намирисани со најскапи парфеми а кога ќе ти отворат уста,три заба нема другите расипани..ама секој си знае како му е најубаво не се мешам.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Тој дечко на каса со леб и маргарин е дечко ми по смртта на татко му, кога дома живееле тројца со една мала плата (неговата).

    Затоа и ти пишав погоре- да бидеме емпати, а не дибеци.
     
    На theowndemon, Priroden, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Не ми објаснувај за смрт жити се,искрено сум поминал премногу лоши работи,за 5 години да изгубиш 5 луѓе од фамилија(од кој едни ти се родители) ке те прашам дали ке преживееш.

    Жал ми е за дечкоти што го оставиле сам да се мачи,но таквите кој го туркаат тој најтежок период 90% стануваат премногу добри луѓе.

    Не навлегувам во неговиот живот и во твојот,и зашто тие други двајца не работеле.
     
    Последна измена: 28 јуни 2016
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.902
    Допаѓања:
    267.376
    Сите од око знаат се` за некого драга. Можеби треба на чело да си ги пишуваме проблемите со кои се соочуваме, па да разбере некој зошто сме какви што сме.

    Пријателов не знае дека до пред 2 години имав 55кг. Сега имам многу повеќе. Одма ќе ми препише и режим на исхрана и на вежбање, онака, од око. Без да знае како јадам или колку вежбам :)
    Ама отрпнав, уво не ме боли.
     
    На okcenzi, Priroden, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  16. romansa

    romansa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Rabotam vo drzavna institucija i megju nas gi ima sekakvi.Ne spagjam vo grupata podebelki no mislam deka higienata i urednosta ne se del od toa.Ziveeme vo vreme koga sekoj moze da si dozvoli da kupi sredstvo za higiena makar i najeftino ako saka da bide cist i ureden a posebno ako raboti so stranki.Da si dozvolis da bides so zamastena kosa i neprijatno da mirisash toa e veke mrzelivost.Da ti se sluci kolegite da te izbegnuvaat i da ne si dobredojden vo drushtvo samo zaradi higienata e strashno i pomalku zalno (a takvi kaj mene na rabota gi ima i toa kolegi i so mnogu povisoka plata koi mozat da si dozvolat i luksuz.)
     
    На jasna83, mami blue и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Скопјетесакам,
    Навистина ми е жал за твојата загуба, нека почиваат во мир.
    *****
    Зошто секогаш тргнуваш од себе? Ти не би вака, ти би онака... Ама тоа си ти, некој друг сосема различно ќе реагира во дадената ситуација. Зарем ти навистина на девојка во траур би и објаснувал дека треба да земе да вежба? Таа главата не знае каде и е од обврски и тага, уште теретана и фали во животот. Ако тебе ти помогнало вежбањето да ја канализираш болката, бесот, разочарувањето, неа можеби и помага кафето со пријателките или гледањето филмови со дечко и. Секој различно се носи со тие страшни ситуации.

    Муабетот ми е, не суди без да знаеш. Ете се истрча за дечко ми, запрашај се колку други си ги ставил во некој калап, притоа не знаејќи ништо за нив. И да, тотално без врска е да донесуваш заклучоци за некого според неговите или нејзините килограми .
     
    Последна измена: 28 јуни 2016
    На Belgin1, Priroden, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Мене ми е жал за секој починат без разлика на вера,сепак секој е човек нели.
    Секако дека нема да и објаснувам во траур дека треба да вежба но би ја извел на прав пат и би и помогнал секоја пречка пред себе да ја помине,и со тек на време да дојде до нормална килажа за да не и прави дебелината проблеми во животот нели.


    Тргнувам од себе затао што јас бев дете кое никогаш ништо не добивало од родителите,никогаш не сум бил разгален,мојте родители беа премногу сиромашни,и кога ке се видам себеси каде сум стигнал и што све сум успеал да постигнам во животот(работа стабилна,добра плата,свој кров над глава,сам си плаќам сметки,сам си купувам за јадење,сам си готвам)никој од роднините и тоа имам пишано во темата сдк повеќе пати,не ми дал едно денарче буквално,кога починаа мојте останав САМ никој не ме погледна,ме фрлија како џукела на улица да ме шутира кој стигне и да си игра мајтап со мене,но станав застанав цврсто на нозе,ја кренав главата горе и реков Господе само ти можеш да ми помогнеш и земеш она што не е мое.И тргнав кон мојте цели далеку од тоа дека ми беше лесно,само јас си знам како ми било и што све сум правел за да преживеам.

    Сакав да кажам чим јас сум успеал да се средам,верувам дека секој може да стигне до својте сонови.
     
    На WarriorAngel, mami blue, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Или што би рекол еден наш познат кардиолог, : Тај газ не е од праз!!
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    Абе све Бечка школа тука!

    Па и темава - Неуредни ДЕВОЈКИ!

    Уреден ЧОВЕК за мене е оној кој не мириса на росна ливада, туку едноставно не смрди, лицето миено, алиштата му се чисти и испеглани, косата миена и исчешлана, без црно под ноктите и талог на забите. Толку.

    А тоа за вишокот килограми, од болест може да се накачи до 40 кг., и тешко се симнуваат ( полицистични јајници, тироидна жлезда ).

    И ако некојА не се шминка, не си ги чупа веѓите, не се депилира, не носи складни бои или има вишок килограми, не знчи дека е неуредна, туку едноставно миже така и е поарно, или пак не и е гајле, може е во депресија и не и се живее, па камоли да се чупа.

    Битно сите што не се како нас, а немаме поима што - како, ќе ги осудуваме.
     
    На Belgin1, Winter Lady, okcenzi и 10 други им се допаѓа ова.