Значи, @kim.k , Постои нешто што се вика естетика, и постојат пропорции... може си слушнала. Има и дефиниција за пропорционалност на физичка убавина на телото.. Sorry али тоа е тоа. Друго е личен вкус, оправдувања и слично... Ништо што е преслабо или предебело не е пропорционално.
Абе може да бидам и најпропорционална на свет, извадена ко од шаблон, ама ако си смрдкам и не одржувам основна лична хигиена сум неуредна смрдла и крај на приказната. Убавината и пропорционалноста на телото ама ни малку немаат допирни точки со уредноста.
отиде темава у друг правец.. Кој со каква девојка сака нека е негов избор, а некој не е виновен што има вишок килограми..јас пример неможам да се здебелам никако,до организмот е.Неуредна сум?
Vaka sega.. Na svoja koza osetiv i debelina i normalna sostojba. Za vreme na bremenost se popraviv mnogu, ne od bremenosta, tuku od nekontrolirano krkanje.. Svesna bev.. Ne treba da se naogja izgovor zosto sum debela i da si ja opravduvam kilazata. Imam malo dete, obvrski kup, sepak izdvojuvam vreme za da spremam zdrav obrok i da pesacam, ke se vratam u normala, ke uspeam! Ako normalna osoba se banja ednas dnevno, osoba so visok na kilogrami treba tri pati, zosto poveke se poti... Lugeto so visok kilogrami poveke treba da se druzat so banjata....
Каква врска има дебелината со неуредноста? Неуредна девојка е онаа што мириса на пот, што нема средена коса, што е облечена во нечиста облека. Во денешно време има еден куп антиперспиранти кои што штитат против потење и срамота е девојка да си дозволи да мириса на пот. Маж ми пред извесно време работеше приватно и запознал баш такви девојки - неуредни. Не можел да дише од што многу мирисале на пот. Косите им биле како на скубана кокошка. Маж ми рече - такво нешто не сум видел.
Хахахахах а онаа што изгледа како кревет на вода и се таласа и одвај оди, таа изгледа уредно? Дај луѓе, да не се лажеме
Девојко, јебизовност и неуредност се различни поими. И не се срами повеќе. Само моли Бога да не се здебелиш еден ден...
Ама нејзина/нивна работа дали таа се грижи или не за своето здравје.Не сме ние Бог да судиме.Можеби им се сака да се исхрануваат нездраво, можеби уживаат во брза храна и благо, може им прави задоволство и слично, и тоа не е нешто заради кое јас лично би ја осудувала или пак би ја сместувала во рангот на неуредни девојки. Се додека не смрди, не шета со мрсна коса секој ден или со жолто на забте, јас не би сместила ниедна девојка со вишок килограми во категоријата неуредна. Додека пак пред причините кои ја "тераат" да биде таква каква што е, ставам граница и не се мешам понатаму.
Негрижата за здравјето, во смисла некапењето, потта залепена за телото цел ден, заби немиени и слично во многу случаи доведува до појава на инфекции. Тоа што некоја излегува до дома со истуткана, валкана или непеглана облека, па и нечупана во веѓите или не депилирана, не доведува до загрозување на здравјето.Само не е пријатно за очи, ете тоа.
A za tebe sho e normalno? Da se osuduva necij izgled? Ne zborete bez da znaete. Jas nemozam da nakacam povekje od 50kg nemozam.Po lekari sum idela i nemozam.Fuj e?Nekoj nemoze da oslabne poradi XX pricini.Znam kako e i ne sme nie krivi dosta napagjate vise aman.
Епа шо тогаш збориш за,пропорционалност ако ни дебелите нислабите не биле пропорционални и фуј?Сите глејте си своја килажа не берете гајле за туѓата..исаф да се немало. Колку кила сака нека има ама ако е пицната од глава до пети не се коментираат килограмите.
@Feminka22 злато ама зошто лично си ги сфаќаш работите? немој така, за џабе се нервираш. Јас само си кажувам мислење, форум е и тоа е мое право. Не треба да ги сфаќаш лично работите ни од луѓе што те знаат, камо ли од форум кај што сме под псевдоними. Ќе пораснеш и ќе сфатиш. @christinnn да не почнам да набројувам за влијанието врз здравјето од прекумерена тежина или неухранетост. И да, јас нигде не реков дека тие шо немаат основна лична хигиена се уредни само затоа што не се дебели... не знам како ги поврзувате работите. @Gosh Океј, мојот псевдоним чорапче ќе престане да се срами сега, зашто од мислењата на форумов ми зависи животот. Дај олабај се со глупите размислувања, форум е, ало!! Како може јас, личноста зад псевдонимов да се срамам и да сфаќам лично, коа тука само ладам мозок... ццц.
Знаеш зашо си земам лично?Пошто без да знаете за нечија мака се дрзнувате да коментирате нечиј изглед. Која си ти да кажеш дека е некој фуј?Никој го нема тоа право да навреди некого за физичкиот изглед.Не сум јас крива што неможам да се здебелам или некој со сличен проблем ко мојот да е наврдуван дека е ваков и таков..Не сме должни да го трпиме тоа.Да секој искажува мислење овде ама пази малце пошо ќе навредиш некој.Три пати мери еднаш сечи.Незнам кој треба да олабави со глупите размислувања,ти или Гош..
Хахаха епа тогаш избриши го акаунтот на форумов. Дали јас или некој друг пак ќе пише нешто што ќе те повреди.Дали тука или во друга тема, сеедно. Се додека не престанеш да сфаќаш лично. А мене и на многу други еве и понатаму преслаби девојки ни се фуј, и сеа што правиме? Можеш да го промениш мислењето? Не ти зборам вака да те нервирам, туку за твое добро. Тек да ги слушнеш мажите како оговараат женски изглед кога се сами у машко друштво, па ќе почнеш да плачеш. Нема љутиш, не сфаќаме лично и си уживкаме смир-смир
Моите мислења тука, се исти и приватно, надвор од форумов. И таквите како тебе, чие мислење не е битно на никого во личното опкружување, си ги лечат комлексите позади аватари. Земи ова кажи го на некој во лице да те видам. Лицемерка.
Акаунт и мислења не се бришат никако а не па по твоја желба.Они у друштво нека зборат шо сакаат ова е јавно и цела Македонија го чита.Незнам до кај со тие мислења за судење на физички изглед.И овде не ме навреди само мене туку сите со ваков проблем.Ако сакам зимам лично ако не не. Другпат пази шо ќе пишеш не после смир-смир..или специјализирај за лекар па збори. Недај Боже да имаш проблем како мојот незнаеш како е.