1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Не уредни девојки


    Значи,по дифолт уредна девојка е онаа која е нашминкана?
    Шминката е мерило за уредност?
    За по плитко размислување незнам.. :?:
     
    На blackwave, LittlePinky, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    Јас под уредност не подразбирам 24/7 нашминкана девојка,туку редовно одржување на лична хигиена (редовно бањање,туширање,одржување интимна нега...).Туку јас стварно не сфаќам некои девојки кои можат да шетаат и по две недели со немиена и мрсна коса а битно бутнала 3 кила пудра,потрошила цел кармин за една вечер и се избањала во парфем од 100 денари,за да не и се осети смредата,битно она нашминкана е.Па девојко ало многу ти значи половина час за да се средиш и да се истушираш?Очигледно да.Потоа исто,лакот на ноктите излупен од пред 1 месец,ако до толку те мрзи да се лакираш,барем избриши го,одвратно ми изгледа така,а уште па и црно под ноктот кога видам.Фуј :puke: Неуредност..хм...аа да!Кога ке видам кокошки од по 22 години,цел ден дома хаос,како си дошла од излегување така заспала,штикли на една страна,куп алишта на сосема трета страна и ако не исчисти мајка и нема да и текне да фати нешто по дома.Ете тоа е неуредност за мене,а не да бидеш со кило пудра 24 часа без да ја извадиш и да се измиеш. |(
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Не уредни девојки

    Неуредност као поим - автоматски не асоцира на нехигиена и слично, али мислам дека таа е само мал дел од неуредноста на некои, еве во случајов на девојки. На какви се случаеви налетувам, чудо едно. А еве, знам девојка со прилично високо ниво на хигиена и се пропратно, али така неуредна, занемарлива, негрижлива (тука не мислам само на изглед и околу себе), страшно нешто... Еве пример за неа не можам у никој случај да речам дека е уредна, само затоа што одржава хигиена.

    Тие неуредните као што ги спомнавте погоре, со римели, пудри и кармини неизвадени, и лупање на истите одново и одново, не знам за нив што да кажам, тука гледам тешки комплекси можда.


    И дај бе спојте го насловов, од прееска ми боде очи и ме деконцентрира.
    :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Не уредни девојки

    Има и такви девојки кои светкаат од среденост - модерно се облечени, шминка, маникир и педикир, мирисаат на Наоми К. но прават неколку непростливи грешки кога се во јавност:

    а) си го чепкаат носот,
    б) си ги брчкаат прстите во уши,
    в) се смеат хистерично итн...

    И самите се издаваат дека под таа светкава фасада има само една девојка без никакви манири.

    Мене најмногу од се ми пречи неуредноста која луѓето ја оставаат зад себе откако ќе го напуштат тоалетот. Како мала имав панични напади на повраќање во таквите ситуации. А и сеуште.
     
    На crazylady, tallyweijl, slobodka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Не уредни девојки

    Заклучок ако немаш кремче и шминка и фризура спаѓаш во неуредени.??ех колку е убаво да станиш од кревет па влезиш в купатило и цел саат се Уредуваш,а во меѓувреме мама ти го спрема поручекот и ти го наместила и креветот,а ти така уредена само ќе седниш и ќе се најадеш. потоа само си излеташ низ врата цела Уредена.што правиме еден ден кога уредената девојка се мажи па оформи семејство и се се чека од нејзе,готвење,чистење,па деца кое треба да спремиш за на школо друго пишти во ќош памперс треба да спремиш итн..женските обавези крај си немаат. А треба да се уредиш а време се нема, што правиме тогаш? Или за скинати патики прочитав или кондури и тие спаѓале во неуреденост,ако немаш да купиш нови и скинати ќе ги носиш,што друго ќе правиш.
    Мислам девојката што ја отворила темата ги помешала поимите неуреденост и нехигиена.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не уредни девојки

    Прво, темава си е супер, не знам зошто скрена некој...

    Има многу уредни, најдотерани девојки, ама какви се реално? (Од лично искуство познавам)...
    Легнуваат со шминка, наутро на нечистото лице ставаат нов слој тон пудра, руменило и маскара.
    На мрсната коса малку ја пеглаат и ставаат малку лак за коса.
    Над изедениот лак за нокти, нов слој лак за нокти.
    Под пазуви, Рексона, иако пред тоа се засмрделе можеби..
    И многу парфем.
    Гаќите можеби цела недела ги носат на нив, а прслуците 3-4 недели без перење. (Да, да, знам дека е грдо :tmi: ).
    И однадвор ќе облечи тесни фармерки, со маиче и штикли и си мислиш Вау колку е згодна типкава. :x

    Следно, лоши манири, никаква култура, женственост...Само занесување, преправање, филмање...

    И она најлошото, во јавно вц, не и треба тоалетна за бришење, не мие раце, влошката со крв ја фрла така, ако пушти вода добро, ако не, пак добро... И ставање пак од шминката пред огледалото.

    Е, сега, мене вакви ми биле цимерки, другарки кои преспивале дома, и останати, и имам изнагледано се и сешто, од што ми се згрозил женскиот род.
    А, по пат ги мислиш кој знае какви се... :puke:
     
    На FotoLina3, iHeartVintage, imelda и 6 други им се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Не уредни девојки

    Денес има многу начини да се маскира една неуредна девојка/жена и да мислиш дека е чиста Дана на која мишките и мирисаат на пролет.
    Како јас знам дека лажира? И влегувам во ве-це :D Тоа е за мене показател колку некој држи до хигиена. Видам ли влакна во одвод на лавабо или када, шминки расфрлани насекаде, шолјата да ти е страв да погледнеш, чешли со влакна, када или туш кабина и плочки што сунѓерче не виделе...хорор. Во други соби не обрнувам многу внимание, не ми е битно дали е многу чисто или не, ама ете, по вециња судам...
     
    На JuLleE, Espadrila, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не уредни девојки

    Вецето е огледало на куќата - стара наша поговорка. :lol: И навистина, така е. :)

    Друг пример, најсмешни ми се некои девојчиња сликани напрчени, издотерани, а зад нив цела соба е во хаос, тотален неред. Уште повеќе ме чудат лајкувачите на такви слики. :x
     
  9. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Не уредни девојки

    Воопшто не се согласувам со тоа дека наутро, кога ќе стане девојката, мора да биде нашминкана. Инаку ќе биде неуредна. |(

    Според мене, уредна би била доколку наутро кога ќе стане, има чисто, негувано лице, без остатоци од шминка од претходниот ден. На тој начин ја покажува негата и уредноста кон самата себе. :!:
    Неуредна би била ако,
    косата и е мрсна и заплеткана.

    Не е издепилирана, средена во нокти, веѓи итн. Па во 5 до 12, кога ќе треба да испаѓа да и текне да се средува, а во најлош случај, и воопшто да не се среди.

    Во ташната има 300 непотребни ситници. Многу мразам кога некоја чека на шалтер пред мене па мора да го бара новчаникот, па документите, па ги истуткала...
    Или па во школо/на факултет книгите и се ичкртани, полиени со кафе, измрсени. :x
     
    На FotoLina3 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Абе џабе ви е и хигиена и се, ако ви смрди душата.
    Да појаснам, може вие да сте средени тип - топ, нашминкани, испеглани, избањати и се, ама ако отворите уста и не знаете да бекнете или пак се кикотите како зелени, џабе е.
    Како што кажале старите: Не е злато се што сјае! И во право се.
    Не спорам, фино е да гледаш средени, дотерани, чисти луѓе, ама... глупаво е да се суди само според изгледот. Понекогаш можеби треба да се даде шанса и на оние другите, не толку средени однадвор, ама со прекрасно средена и чиста душа. Можеби ќе се изненадите. ;)
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Бидејќи темава е отворена во категоријата Тело, тоа ќе ми биде почетна точка за мислењево, бидејќи гледам дека дискусијава се расплинала на сите можни страни.
    Во оваа смисла, јас под неуредна девојка подразбирам девојка која не води сметка за личната нега и хигиена. Не зборувам за скапи парфеми, парчиња облека, декоративна козметика и слични работи кои ги прочитав во темава. Основната хигиена не е луксуз (барем не се уште :?: ).
     
    На imelda и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Навистина е жално кога ќе видиш млада личност која не посветува внимание на личната хигиена.
    Мислам на секој од нас му се случило да нема доволно време да се ја среди собата, сите некогаш сме излегле со замрсена косичка, сме биле лошо депилирани и сл. но кога некоја често или уште полошо постојано е таква ти се одмилува животот.
    Имам другарка која кога ќе излезе навечер секогаш е ТОП средена но кога ќе излезе денски е ужас.
    Значи постојано мрсна коса, често лошо исчешлана и уште полошо врзана, недочистени уши (најгрда работа), недопеглана облека и згора на тоа промашена комбинација (знам дека не е многу поврзано со темава но грдо е кога ништо со ништо не се совпаѓа)
    Што е најлошо ако и речеш нешто спремна е да те убие бидејќи како што кажува нема потреба многу да се дотерува преку ден... :o
    Едни од речениците кои се ежам ко ќе ги слушнам...
    - Ако ми е мрсна косата ќе си ја врзам (а не ја измила 6 дена)
    - Место да се мијам заби ќе си земам мастика... :puke:
    - Не се туширам ќе се избришам со влажно марамче... (лето, 40+ , таа со марамче ќе се брише) :emo:
    - Неможам да ја пеглам блузава ама што има веза. темно е никој нема да примети... (камо да е така)
    Никогаш нема да ги сфатам зошто се такви... :geek:
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Дефинитивно под неуредност подразбирам неводење лична хигиена. Но, не ставање шминка или некоја крема не е неуредност. Што дека ќе се нашминка ако е изгужвана, валкана?? Мене искрено многу ми е мака, да треба да одам до продавница за леб и да се шминкам, но не сметам дека сум неуредна. За се постои време и место. Јас сметам дека треба да сум избањата, исчешлана, макар и собрана коса(затоа и најчесто така ја носам зошто тешка е за одржавање, би морала нон стоп да ја пеглам), чиста и испеглана. Кондури да се чисти. А дали ќе ставам парфем од 4000 или од 300 денари воопшто не ми е важно, само да не мириса на алкохол место на парфем. Депилирање, често ми се случило да не се издепилирам добро и да ми остане 3-4 влакненца, ама ако морам да излезам и немам време, облакам нешто што тоа ќе го прекрие за да не се срамам.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Лична хигиена, чешлање, чиста облека, отстранети несакани влакна (депилирање/бричење/чупање). Тоа е за мене уредна девојка. Се` друго може да се опрости и припише на околност, лоша економска состојба и сл. Сум била на мака и закрпувана, прекрпувана сум одела на факс, но никад не сум била твор и врколак. Не сум мирисала на Армани, но на златно сапунче шо се вика секад.
     
    На Rama, Daydream и imelda им се допаѓа ова.
  15. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Под поимот „неуредна“ е девојка која не води грижа за лична хигиена. Мрсна коса, недепилирана и така натаму. А не девојка која не се шминка или не користи козметика.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Уредна девојка,жена,старица тоа е карактерна особина кој е уреден таков ке си остане додека го држи оваа земја.Под поимот уредна подразбирам,на прво место хигената (сабајлешни риуали миење лице заби и сл),редовно капење,а не да смрдиш како твор на 10 метри да неможе човек да се добере до тебе,косата да изгледа свежо и чисто на било кој начин да се носи било пуштена,собрана или со фризура,облеката да е чиста и испеглана.Секако дополнително уз изгледот во уредноста спаѓаат и ред други рабоити како и секоја една работа што ја работиме покажува колку сме уредни по начинот на кој ја правиме.
    Бадиела шминката ако се шеташ со гурелки по очите.
    Бадиела скапата облека кога изгледа како крава да ја џвакала.
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  17. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Тоа што ти го кажуваш е културата, однесувањето, образованието, карактерот на една личност. Не знам дали има некаква врска со неуредноста. Девојката може да биде најзлобната личност, да нема речник и да нема чиста душа, меѓутоа е уредна. Води сметка за изгледот, хигиената каде што живее итн.
    Ова што ти го кажуваш повеќе би одговарало во темата за карактер. Бидејќи нема врска со неуредноста.

    Точно е дека убавото јаболко на изглед, може да е скапано однадвор, ама не се согласувам со ова што го кажа...
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Во средно имавме неколку вакви. Под неуредни подразбирам дојдени неизмиени но со три кила пудра од претходната вечер и размачкан креон, под кој се наоѓаат гурелки и некои мали животинчиња. Значи катастрофа :x . За капење па да не правиме муабет... така си користеа природни ароми на пот за парфем и антиперспирант... Можам да замислам како му е дома, ако тие се такви. Една па... ни заби не се миеше, секој ден косата премрсна и беше и воопшто не се замараше... :x
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Голема слика ми дава чантата.
    Колку сака нека е девојката најсредена, кога во ташната и е прав хаос, лом, се испомешано, несредено, ми дава многу лоша слика.
    Ако си уредна, ќе си уредна. И себе си, и чантата, и собата и вецето зад тебе ќе ги оставаш уредни.

    (И јас си правам хаос во собата кога не знам што да облечам, и во ташната, ама обавезно после тоа ги средувам, што ме чини 5 мин. работа е)
     
  20. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Под неуреден човек подразбирам човек кој не се грижи за личната хигиена.
    Јас имав една колешка која воопшто не водеше сметка за личната хигиена, во цели 4 години ниту еднаш ја немав видено со чиста коса, секогаш и беше мрсна и многу непријатно мирисаше, дури и сега ми се :puke: кога ќе се сетам, ни лице ни заби се миеше наутро, и после 2 часовно вежбање во теретана не се капеше и следниот ден така идеше на факултет, само намирисана со парфем да го покрие мирисот. :sweat: Не можам да сфатам како некој може да издржи да не се искапи 2 недели и да носи облека која мириса на пот и упорно да не ја пери.