Океј девојки, извинете, не знаев дека толку ви значи ова и дека цела Македонија не чита... Преслабите девојки се неверојатно привлечни, а јас сум небитна и лицемерка, у реду е сеа? @Gosh @Feminka22 ? п.с. Фала, многу се смеам моментално
смеј се смеј се Нема ништо смешно у ситуацијава освен твоите глупи затуцани мислења.Ќе дојде некој ден на моето ќе види како е,а не му посакувам на никој.Да не може да облече се што сака..катастрофа не ми се верува што читам ејј
Јас на тебе чорапче да. Незнам дали да плачам или да се смеам.. и више не ме цитирај, неќам да иам проблеми ради тебе.Ќе дојде Реин ќе ја види ситуацијава
По светов сум видела секакви типови на луѓе, од ич неуредни до многу уредни девојки. По мое мислење уредност на прво место е водење на лична хигиена, од миење заби, миење раце, лице, туширање и капење значи на прво место е самата чистота што е најважно и за здравјето на човекот. Секако, секој човек има различен живот, нешта кои може да си ги дозволи и нешта кои неможе да си ги дозволи, но мислам дека во денешно време има све живо и диво што многу ретко има изговор зошто се немало услови за основна лична хигиена.
Од моето искуство со живеење со цимерки можам да кажам дека сум имала прилично неуредни цимерки. Јас излегов од дома, го изнесов ѓубрето и бидејќи немав време да барам ново ќесе директно излегов. Е сега, цимеркава моја си трупала и трупала и претрупала ѓубре во корпата без да стави ново ќесе цел викенд. Кога видов, верувајте ми идеше да ја задавам. Тоа е неуредност. Неуредност е што во собата нејзина има алишта буквално насекаде, не се знае што е чисто, што нечисто. Неуредност е кога нечисти гаќи оставила во купатилото откако излегла од туширање. Неуредност е кога не си мие садови по цела недела. Неуредност е кога мувлосани пластични од јадење и седат во фрижидер и смрдат. Неуредност е кога оставила нечисти гаќи во сред соба. А истата личност, кога излегуваше секогаш се прскаше со кило парфем, се шминкаше, си пеглаше коса и за неа би рекле дека е најуредна личност на цел свет. Една друга цимерка па често си прскаше омекнувач од шишенце со распрскувач врз постелнината и алиштата. А тој чаршавот на креветот од бел имаше црна дамка залакирана од нечисто таму каде најчесто седеше. Во мене си велам тоа сака да се испере, а не само да прскаш омекнувач врз него. Може и мене некогаш ме сметале за неуредна бидејќи не секогаш сум била исчупана, на нозе издепилирана, нашминкана, не секогаш косата ми била уредна, не секогаш мајцата ми била испеглана, ама баш ми било гајле бидејќи знам дека не сум смрдела, алиштата што ги носев беа чисти и знам дека не правев никаков неред (садови, расфрлани работи исл). Според мене основното нешто што укажува на неуредност е смрдеа да се шири од тебе, а килограмите не ми паѓаат ни на крај памет. Сепак, кој колку е навистина уреден не може да знаете додека не земете да живеете со него. Може на пример, некоја личност што никогаш не мириса, дома да расфрла се живо и ништо да не чисти.
Што ви стана бе луѓенца полека малце...смирете ги коњите Ајде погледнете во неодоливото смајли и прекинете со кавги Ајмо чајори шукрије ајмооо
Глеј,со тебе никад не сум се слагала и еве сеа директно ќе ти кажам дека секад ама секад ме нервираат твоите постови и ги игнорирам.За муабетов ....добро од јадење мрсно,благо доцна навечер,немање физичка активност ок јасно е дека тоа е првиот начин за здебелување,ама чекај да се разбереме,никој не е толку у мозок тиииит да јаде секој ден у 7ца хамбургери,без разлика лето зимо.А од болести се накачуваат и 30+ кг,познавам многу луѓе кои добро ги знам и знам дека не е тоа од ЈАДЕЊЕ. АМААН. Некои луѓе судат на првиот впечаток,а не ја знаат целата приказна,и тоа страшно ме нервира. Форумов го просветливте алал да ви е провизија за вицТо//.јашааааааааааааааааааааа ај позз сега .
Во ред тоа што судите дебела е, не видела на што личи, не води сметка за здравјето и сл, но не ја гледате другата страна. Секогаш кај мене кога ќе јави осуда, а се јавува кај сите да не се лажеме помислувам можеби е депресивна, има големи проблеми, можеби е болна, можеби не може да ослабе. И така за било што ја гледам и другата страна. Често позади дебелината се крие заштитеност од надворешниот свет, а сигурно не од убаво. Или пак здраствен проблем, депресија. Ај убеди ти некоја во депресија што не и се живее да вежба. Мало сутра. Ако некој има јака волја и истрајност и после тоа повеќето немаат. Имам видено "подебели" девојки секогаш средени, чисти и обратно. Многу забега темава со коментари некоја па што ако е слаба, убава абе манекенка ама кога ќе отвори уста не е повеќе убава што е тука полошо.
Кaкo тaкa бе пoбрaтиме? Немaше ли пaсус у библијaтa шo велеше don't judge and you will not be judged? Шo стaнa сo пaрoлaтa only God can judge? Oд кaј пa сеa излезе декa имaш избoр ?
Прво,темава отиде во сосема друга насока.Се работи за неуредни девојки,а не за тоа кои девојки се убави,а кои не.Второ,ако една девојка има вишок килограми или е многу слаба,не значи дека е неуредна.За мене неуредна претставува онаа која не одржува пред се лична хигиена. Ама има некои луѓе што колку и да се тушираат,колку и да ставаат декоративна козметика на себе,само за да не мирисаат на пот,па пак ништо.И мене ми се случувало некогаш да немам време да ја измијам косата,ама или ја собирам или и ставам бебешка пудра и решен проблем.Некој поради други проблеми има масна коса.Или пак перут.Ама не ги сфаќам некои што имаат доволно време да измијат коса,а подолго време не ја измиле и неколку дена по ред им е масна и упорно велат „ќе ја фатам“. Неуредност е исто така да одиш со искината (не зборувам за искинатите фармерки,зашто повеќето такви така и се купуваат),извалкана и умирисана облека.Колку сака нека е ретро,пред колку сака време нека и е помината модата,важно да е чисто и здраво.Модерна облека =/=уредност,ниту пак ретро облека = неуредност. И најмодерна нека е облеката, сѐ паѓа во вода ако е умирисана,извалкана и што уште не. Предолги нокти како на една што 8 години не ги исекла. Излупен лак исто така. Подобро нелакирани нокти отколку со излупен лак. Црно под ноктите исто така е одлика на неуредност. И уште многу други работи.
Чиста коса, дискретна шминка, средени нокти, испрана и испеглана облека и чисти обувки се одраз на средени девојки. Под неуредни девојки подразбирам и девојки што собата или куќата( доколку живеат сами) ја оставаат во хаос, кујната им е растурена со нечисти садови, а мијалникот полн. Плакарите им се растурени, а коса ми се крева и од неуредна кола кога има ѓубриња и расфрлани работи насекаде, капак е кога мириса на цигари.
Јас само да кажам пример Има една докторка со можеби +30 кг, ама кога и да појдам кај неа во ординација се сјае, таа секогаш чиста, дитерана, мириса на чисто, средеи нокти, не долги туку средени. Сум била кај неа на кафе неколку пати и се е под конец. Женава е пример за уредност и хигиена. Во разговор кажа дека девојчето од нејзината сестра, а моја познаничка ( учеше во др клас во основно), дека откако влегла во пубертет почнала лошо да мириса. И навистина, девојчево влегува да се тушира, цела се средува и после 5 мин почнува да мириса. Не знам што проблем има, ама стварно ми е жал. А докторкава за нејзината килажа вика дека од дете била дебела и не може да ослабе, а не дека не била на режими или диети. Така да не судете слаб или дебел. Ете дебелава не смрди, ама внука и со едвај 50 кг корне, но не по нејзина вина. А и двете се секогаш во чисто, испрано, испеглано, со срдена коса, нокти, пети, лице. Тоа е. НЕ ВЕРУВАМ ДЕНА НЕКОЈА ДЕВОЈКА КЕ ОБЛЕЧЕ ЧИСТО НА НЕА, КЕ ГИ СРЕДИ НОКТИТЕ И КОСАТА А НЕМА ДА СЕ ИЗБАЊА. Освен оние гнаси кои не се бањаат во циклус уффффф гнаси. Баш тогаш треба почесто да се тушираат.
Значи немам ништо против вештачки/надоградба на трепки. Ама лошо направена,па уште спиење со нив,девојки,изгледате немиени,небањати,прљави. Не знам,како женско,ова во последно време баш ми боде очи.
Mnogu uzivam vo vakvi temi, otsekogas sum sakala da muabetam vakvi raboti. Za mene uredna devojka pretsavuva devojka koja vnimava na higienata ( kako sto kazaa i poveketo). Za mene mnogu e vazno sekoj den da gi menuvaat gakite i corapite, barem dva pati vo den da gi miat zabite i liceto, da mirisaat na cisto, na pereni alista, da vnimavaat na zdivot (treba da ja odvrzuvaat ustata hidrirana i pozelno da koristat gumi za dzvakanje ili bonboni), sekoj den da stavaat stik ili dezdorans za pazuvi I dokolku se vo moznost parfem. Za sminkata ne bi komentirala osven za onie koi ne ja brisat redovno, za tie devojki nemam zborovi.. a toa dali devojkata koristi sminka voopsto ne ja pravi uredna. Podobro ne nasminkana otkolku razmackani senki i karmini.. osven licnata higiena, mnogu e vazno uredno da gi cuvaat svoite alista, da ne gi rasfrluvaat nasekade i da cistat redovno po doma. Nakratko kazav sto mi se dopaga kaj devojkite (ne samo kaj niv, tuku I kaj momcite) iako mnogu mozam da zboruvam na ovaa tema
Има мрзливи девојки,сите ние барем еднаш сме биле неуредни нечешлана коса,не сме смениле фармерки,нокти нелакирани,нокти лакирами ама избледени
Најбитно за хигиена - ДА СЕ ТУШИРАШ. За жал на овој свет има многу жени,девојки што не се туширале со недели па онаа миризба непријатна.. Иронично.
Под неуредна девојка подразбирам девојка која мириса непријатно и чија облека се гледа дека не е перена. Исто така многу неуредно ми изгледа измрсена коса и подрасната коса која ако веќе си почнал да ја фарбаш треба да ја одржуваш а не надолу плава а во коренот десет сантими црно. Баш на факултет имав една колешка која луѓе не можам да ви опишам колку гадно мирисаше. Буквално се на неа труеше, чантата да ја оставеше во предавална а таа да излезеше на пауза повторно миризбата не исчезнуваше. Втор пример, една познаничка од неодамна почнав да ја забележувам, работите на неа не можат да бидат поцрни и попрљави. Се гледа дека откако се купени не се перени, битно прва е да се нашминка. И дечко има и се, само не ми е јасно како не му пречи таа нејзина нечистотија и како ја трпи крај себе а тој секогаш е дотеран и среден. Богами за вакво нешто би му укажала на партнер па не знам што да е. Тука не е во прашање само личната хигиена, може некоја тип топ да биде средена избањата и намирисана ама многу битно е и што остава позади себе. Во неуредност не спаѓа само грижата за личната хигиена, неуредност е на пример и ако домот или собата се нечисти, бирото на работа ти е валкано па дури и непегланата облека е неуредност.