Ја сметам за неуредна секоја девојка која не се бања секој ден или секој втор ден и тоа резултира со мрсна коса и непријатен мирис,девојка која во период летен и се носат полежерни работи е неиздепилирана(а да се гледа баш поради таквата облека),девојка која не си ја чисти собата секој ден (барем проветрување и прашина затоа што за тоа има потреба кај секој) и не само собата општо станот или куќата не можам да разберам да гледаш неуредно и ѓубре а да немаш потреба да средиш и последно од што се гадам најмногу кога ќе каже некој дека не се бања за време на менструација разбирам болки разбирам се ослободуваш од бактерии ама да не се бањаш???? Обично приметувам прво коса нокти и чевли и се ми е јасно Не осудувам едноставно имам свој став дека девојка мора да мириса убаво и да изгледа убаво(секако ова е втор фактор првиот е во главата)
јас не се бањам кога имам добиено. Си водам евиденција кога треба да добијам и се бањам пред тоа и после тоатоа. Најмногу што мразам е да се избањам да излезам чиста и тоа да си ми тече по нозе да не можам убаво да се избришам и облечам. А неуредни девојки е широк поим
Не е потенцирано за какви неуредни девојки станува збор. Дали оние кои спијат и живеат во соба полна со ѓубре, расфрлани алишта и слично односно како бомба да паднала во собата. Или се мисли за девојки кои не водат грижа за личната хигиена. Се е до навиката и карактерот на личноста. Како и да е да ги земеме и двете ситуации во предвид. ПС: Девојки вадете се на фактот дека и момците не се поарни.
И 5-7 дена не се бањаш? 10 секунди се потребни да облечеш гаќи со влошка или да ставиш тампон како ти се растекува не ми е јасно
Имам менструација 7 дена без престан и болна менструација за која ако не земам таблети не се издржува.Додека се бањаш не "протекува" кога ќе завршам веднаш седнувам на шоља(морам во детали) и ставам влошка. Ама добро секој различно не поднесувам да крварам цел ден а да не се истуширам барем посвежо да се чувствувам. Плус првите три дена има моменти каде ноќни влошки на саат време морам да ги сменам да не ми протече јас со ваква обилна менструација тие 7 дена се бањам како што кажав секој различно не осудувам
Ставаш тампон, влегуваш под туш и ниту ти тече, ниту пак имаш потреба да се трпиш валкана за време на циклус. Дури и да не е ставен скроз длабоко и да го чувствуваш - за 10 минутно туширање се издржува. Мене ми е незамисливо да не се бањам за време на циклус. Посебно пак во лето, нема шанси...ма кога било, ми смета. Колку и да бришеш со интимни марамици (а тие пак се ужасни за секојдневна употреба и ниту еден гинеколог не ги препорачува) или да подмиваш со вода - бањато си е бањато. Нема врска дека во вода не протекува, не знам кој ви кажал така. Мене ми тече без разлика дали сум во вода или не. Затоа тампон додека се туширам и се нема гајле. За сè има решение.
Мене не ми протекува додека се бањам ама чим завршам за пола минута ете го хаха а и да ми протекува пак ќе се бањам !!!!!
За време на циклус хигиената дури на повисоко ниво треба да биде. И да протекува не тече ко чешма ваљда. Имаш време да седнеш на шоља, па потоа да облечеш долен веш и наместиш влошка на него.
па јас и без тоа се бањам на 5-6 дена. Налето на 4 дена најмногу. По потреба. Инаку за време на циклус првите 3 дена тече доста обилно,4тиои онака и веќе 5тиот ден ептен минимално. Тогаш можам да си се олеснам со вода и после 7миот секако да "покиснам" убаво јас никогаш не сум користела тампон нити сум помислила да користам. А не ни знам како правилно се користат,знам одприлика.
па колку? Секој ден ли треба??? јас разбирам хигиена капење бањање миење одмивање ама да се капам секој ден? Практикувам на 3 до 4 дена летен период не знам останато ми е од мала. Капењето ни е како традиција зимно време еднаш неделно стрикно во недела а пролетно и летно време капење на 3-4 дена навечер и нозе миење секоја вечер пред спиење
@marchi-cool најверојатно секој според навиката. Јас косата мора секој втор ден да ја мијам, а туширање секој ден особено лето. Инаку шубе ми е да одам на работа меѓу колеги и колешки в канцеларија. 4 дена не би издржала во никој случај.
Како издржуваш во лето, особено во жештините на 4 дена да се бањаш? Јас се туширам некогаш и по 2 пати во денот од што не можам да се поднесам. Колку и да не сакаш, жешко е, се потиш.
јас па не се потам толку. Да не речам скоро ич. Единствено под пазуви каде секој ден се измивам со вода и сода бикарбона.
Јас сум фрапирана луѓе, како така еднаш- два пати неделно бањање? На тема менструација и бањање, ајде јас да ви ја кажам финтата. Прво да ви кажам дека имам обилен циклус, првите два дена носам always ultra night постојано - ова да ме разберете колку ми 'тече'. Значи вака оди процесот - пред туширање спремам хартиена влошка или поточно мотам 4-5 коцки од тоалетна хартија и ги ставам на капакот од wc шољата. Влегувам да се туширам и прво коса, па мишки, па тело и на крај интима. Ако тече и при бањање, одмивам со вода се додека не истече се'. Брзински вадам рака од туш-кабина и претходно спремената хартија ја ставам на местото од кај што тече. Се бришам, облекувам гаќи, ставам влошка, облекувам гаќи и во погоден момент ја вадам хартиената влошка. Преку лето се мијам на секое менување на влошка. Јер ФМП.
Како можеш да издржиш 4 дена во лето без да се бањаш? И во зима цела недела? Имаш некаква активност? Пешачиш? Вежбаш? Или само лежиш па воопшто не се потиш? Навистина не разбирам како сама можеш да се поднесеш толку денови без да се бањаш. Па на лето и при спиење може да се испоти човек, жешко е побогу на телото му треба освежување. И да, под неуредност се подразбира кога не се тушира девојка при менструација. Не знам какво е тоа течење по нозе како од чешма. Не верувам дека некоја нема време да седне на шолја после туш и убаво да се избрише. Плус има начини со тампони, тоалетни, влошки...Не разбирам како не ве нервира и како ви е згодно да седите небањати при циклус. Друго е да се капеш, друго е само да менуваш влошки а интимата е пак со крв. Им даваш простор на бактериие и инфекциите да се размножуваат. Едноставно кажете си ве мрзи. Само пазете да не ви се одрази врз здравјето.