Неодамна имаше некој дерматолог на локалниве телевизии кој кажа дека не е добро за кожата често капење и дека двапати во неделата е сосем доволно. Тоа важело и за косата - 2 до 3 пати, зошто се нарушувал природниот баланс, а кожата станувала сува и надразнета.
Ама сесре, нека стане каква сака, подобро тоа неголи небањата. И мене ми се суши кожата ама ја хидрирам и решен проблем. Плус денес има сапуни и купки наменето за секојдневно капење, не дека се триеме со свинскиот сапун во корито. (мада што сега кога ќе размислам, можеби тој подобар е од обичниве сапунчиња, ама ај, друга тема тоа)
Сигурно неговото мислење се однесувало на употребата на купки/гелови за туширање. Пречеста нивна употреба ја суши кожата.
Затоа постојат неагресивни шампони, сапуни, производи за хигиена кои немаат јака измивачка моќ, па секој ден можеш да ги користиш, не мора секој ден да ја триеш кожата и да и правиш пилинг. Најубаво е секојдневно со некој неагресивен производ, а на секои 10тина дена еден пилинг. Ваљда, што знам јас Се туширам секој ден, во лето и почесто. Па и во зима кога се запотиме со Шиме, ми се фаќа некогаш и по 3 пати на ден да се туширам На одмор кога сум од вода во вода само И користење на парфем не е чистота, џабе ако се намирисаш, а си нетуширан. Плус има луѓе што не користат парфем, а никогаш не смрдат.
И тоа плус, ама најмногу од моментот што може да закачиш еден куп бактерии, во најмала рака кандида, тогаш сме најчувствителни. Од менување на прашок не можеш да се управиш а не пак ова
Јас само се надевам дека некој ме зеза у здрав мозок со овие изјави за бањање на 4 дена сода бикарбона под пазуви и не бањање за време на мнс...се надевам
Имав професор кој тврдеше дека не треба да се бањаме секој ден ако сакаме да си најдеме дечко. Се одмивале природните мириси па затоа сме биле сами. Да пробам и јас на 5-6 дена да се бањам, може и јас маж ќе си најдам. По можност исто усмрден да биде, па да си смрдиме заедно.
На професорот му се допаѓаат очигледно природните мириси како пот вагинални секрети и киселост.Леле ќе повратам што се слушам
Јас не можам да сфатам како некој може да се трпи со денови да не се избања па едно туширање трае 5 мин не мора да се триеш рѓа нема да вадиш, не можам да разберам како ги мрзи. Зарем уште мислите дека кожата ке ви се истенчи или ќе настинете ако се бањате секој ден? Посебно летно време и за време на циклус нема шанса да не се истуширам па луѓе бе циклусот мириса па уште и неколку дена неизмиено природна катастрофа ќе предзвикаш од што ќе смрдиш. Имав и сеуште имам луѓе во моја близина кој мислат дека секој ден бањање предизвикува настинка... и не се бањаат па си смрдат наоколу и ич не им е гајле за другите што мора да ги трпат смрдени.
Сабајле се избањав. Сега си дојдов дома од цел ден на работа на нозе и за саат ипол пак излегувам и се спремам да се истуширам уште еднаш затоа што се осеќам лепливо и грозно. Ама да оставам уште 4-5 дена, шо. Ако ме сака дечко ми и испотена ќе ме сака.
малата ми е 4 години.Зимава у најладното ја бањав месец дена секој ден без прекин.После си викам ај да не ја настинам ке ја туширам секој втор ден.Човече на сред лето да се бањаш на секои 5 дена башка за време на циклус не.Сериозно???
Боже што читам. Сериозно? Мрза или суеверие. Дај бе жени освестете се, никој не ве сака такви мрзливи и запуштени, башка смрденки. Како бе и на туширање ви течело без престан, чешма ли е тоа Ако е така сите во болница ќе завршиме, крвната слика ќе ни биде лом. И мене ми тече, ама на туширање толку не, и да е така, тоа ли е причина? Вака изгледате ко нешто да ви пцоисало внатре, па ако вие се трпите терајте. На нас другите да ни платите оштета што мораме да ги трпиме вашите телесни сектети.
Мрза или суеверие?Сепак мислам дека е воспитание. Памтам мала бев мајка ми обавезно секој ден ме бањаше и ми се лутеше ако не сум го сменила долниот веш(значи секој ден нови гаќички) Сега сум 20 години ништо не се сменило се туширав сабајле а накај 7 ќе се избањам значи драги дами два пати во денот дури имам допир со шампон сапун и вода
Суверие не е секако или ги мрзи или не сакаат да настинат или пак не сакаат вода да трошат. Неможам да се замислам да не се туширам неколку дена нема шанси тоа, посебно па кога имам циклус. Иако циклусот не е ми е обилен секој ден се туширам, не е важно дали е прв или втор ден, дали зима или лето не е важно. На пример сега 8 саати на работа седам залепена влошка цел ден (ги сменувам не сум со една цел ден) и пешки си доаѓам накај дома а надвор 40 степени што ќе биде ако не се туширам има да засмрдам ко не знам што. Дојдеш истушираш се, ем освежена ем чиста нема поубаво. Нема нешто специфично во тоа, тоа е нормално основна хигиена е. Една колешка пред некој ден колку смрдеше тоа чудо беше, сигурно место во вц завршила е некоја работа во гаќи, па колешки прскаа дезедоранс абе не пак смрдеше. Потоа едно време ја снема сигурно некој и е кажал и сега смрди може човек да примети што ручек е направила вчера, облеката и смрди на храна,на пржено нешто. Не знам има ли проблем со осет или не знам што.
А арно де, не е добро и да се јадат прскани овошја и зеленчуци, и што да правиме? Гладни да останеме јер органско е скапо а не секој живее во село па сам да си одгледува на нива? Можеби во теорија навистина е така, ама временските услови налагаат туширање најмалку еднаш дневно.