Вие бе многу брзо се усмрдувате сите? Од еден ден не туширање б'здите ли? Јас не се туширам никогаш, под претпоставка дека под туширање подразбирате, телото да го измиете, а косата не. Ако влезам под туш, се бањам цела и точка. И не се бањам секој ден. За да се усмрдиш треба барем 4-5 дена да поминат и тоа во лето, во зима и 10 дена да е, нема да смрдиш. Освен ако немаш некое хормонално пореметување ... не знам Се бањам еднаш на 3 дена (од прилика) во лето, еднаш на 5 дена (од прилика) во зима. Се одмивам секој ден на интимните делови. И кога имам добиено и кога немам, иста процедура. За шминки, влакна, парфеми (не дезодоранси, парфеми значи), коса фарбана, ич не ме занима.
Не можам да сфатам небањање за време на циклус Абе навистина? Колку и да течи,какво и да е,абе 2 пати денот ќе се бањаш.Посебно летно време,ем циклус,ем жешко...Така усмрдена да се шетам,уфф гадно Цурициве како си шетаат така не разбирам Па и да немаш циклус,летно време секој ден туширање,ако не и два пати во денот.Се потиш цело тело ,и мирисаш непријатно.Јас лично не можам да се замислам така усмрдена по цела недела.Или она бањање во зима само во недела?Озбилно? Па стари жени се почисти од цурициве кои се промовираат со карминчиња,а небањати. А дечковците како ве сакаат такви? Самата помисла на менување влошка на влошка,уфф Сериозно,жал ми е што во 21 век има вакви луѓе.Абе сите услови ги имаш,и топла вода,и џакузи,и чуда,и шампони и купки...Што да се каже повеќе? Порано немале толку услови па пак почисти биле. Еве јас немам дечко па не дозволувам усмрдена да бидам,а не пак со дечко да не може да ме гушне Исто и за машки,ама ај дека за девојки темава Тоа е,свеста не се менува.Се надеваме во иднина на почиста нација
Сериозно не се бањаш кога имаш?Не замирисуваш?Поготово кога е лето? @Minci13 мрсна коса немора да значи дека е неуредна.Јас секој ден се туширам,но мислам оти не е убаво за косата да се мие секој ден,се уништува влакното.Се мијам на секој трет или зимоска кога помалку се мрси на четврти ден (но собрана ми е уште вториот ден,) тоа оти имам мрсна коса.Другарки мои педантни се па косата ја мијат еднаш неделно,едноставно имаат суво влакно.Да не рекле оти се за миење не би им приметила.
Абе луѓе што ви бидна бе? Што ја нападнавте сите девојката и сите едно исто прашање и го поставувате? Ајде гледајте си работа и дискутирајте за темата која носи наслов Неуредни девојки. Од еднаш @marchi-cool стана тема на дискусија, смирете ја топката и гледајте вие за вас да си водите лична хигиена и убаво да мирисате. Што народ ќе бевме со таква проклета семка?
Девојко во летен период истражувања има дека треба секој ден потта не значи секогаш смрдеа се абсорбира на кожата излегуваат акни склон си кон инфекции не те разбирам? Да се бањам секој ден а лето дури и два пати се бањам да сум си чиста и свежа. Не те осудувам ни тебе ни таа што не се бања за време на мнс ама ГАДНО Е и тоа е мој став. Секој си изнесува став и мислење за оваа тема не е напаѓање дискутирање е.
Интересно. Немам акни, нити некакви кожни инфекции. Ама знаеш од што сум добила гадни чирови, поткожни влакна и такви глупости? Од депилирање.
Јас не реков дека е проблем дискутирањето во врска со темата. Туку за тоа што се фативте за @marchi-cool како слеп за стап. Никој не ви брани да дискутирате на темата, ама глупаво изгледа од страна вашата реакција на нејзиниот коментар.
Маживе станаа почисти од нрко Секако дека прочитав ама зошто некој би чекал да се усмрди за да се избања? Маживе станаа почисти од некои жени барем во моја околина секој ден бањање намирисани мерак да ти е таков дечко да имаш но треба и другата страна да е таква најпрвин за себе а потоа за други.
Значи девојко даваш лош пример за помали девојчиња што има на форумов ДЕВОЈКА МОРА ДА Е ЧИСТА И ИЗБАЊАТА ако не секој барем секој ВТОР ДЕН не вилам никој да применува два пати на ден тоа е моја желба кај се видело на три или четири дена а зимски период на 10????Летен период абе да имаш најсува кожа на светов и да не се потиш ќе се избањаш секој ден да се освежиш од секакви честички од надвор Не можам да верувам што читам баби и тетки постари секој ден се бањаат а не девојчиња?
Кај читаш ти бре дека се бањам во зима на 10??? Прво читај убаво, после коментирај. Не можам на секој пост да ти реплицирам со: Прочитај прво! И не е точно дека треба СЕКОЈ ДЕН да се бањаш. Нема потреба. На два дена, ај, и јас често на два дена се случува да се избањам во лето. Ама секој ден??? Многу ретко искрено.
Твое право е што ќе правиш со својата лична хигиена ама пишуваш глупости некој се усмрдува од сабајле до вечер некој за ден два три некој па не се ни усмрдува па се бања два пати на ден или секој ден.
Упорно ја полниш темата без потреба значи нигде она не пиша дека се бања на 10 дена ни у лето ни у зима аман, прочитај убаво.
Јас познавам такви едноставно им работат лојните жлезди или се под стрес и се усмрдуваат. Мое право е дали ќе полнам некоја тема или не. Не ми е гајле колку се бања и кога се бања едноставно мислам дека пишува глупости и дека нема везе со реалноста.
Епа, таквите, нека се бањаат секој ден. Не им бранам. Ја кажувам за себе. Така правам веќе 40 години и фала Богу, до сега, никој не ми искоментирал дека сум смрдена.