Епа еве јас и едно 5 6 другарки мои се бањаме секој ден а гледам дека има такви и на форумов и супер ни е.Секој ден сме освежени и среќни
А ти беше гајле за членката страници уназад дека не се бања коа има добиено па со страници се вергла едно исто. Секој се бања според своја потреба, сигуно сеа нема некој од тука да се бања секој ден пошо на форум така пишале дека треба. Јас ако се осеќам чисто нема да да се туширам истиот ден 2 пати, ќе се туширам следниот. Ти ако сакаш кисни цел ден под вода, тоа е твоја реалност, за некои не е и точка.
Иста реакција и јас кога прочитав. Не се возбудувај душо јас директно не ја увредив членката сметам дека не е океј ама тоа не значи дела треба да прави работи што јас ги правам опуушти се
Точно тоа ми е поентата. Значи да се имало предрасуди дека ако некој на 3 дена се бања, по дифолт, мора да е смрден, гнасен или не знам каков. Јас на 3, тие 3 пати на ден и сите среќни, весели. Сенкир дома им живеам, па се запнаа да ме бањаат секој ден по 3 пати, од страв да не им засмрдам низ куќа
Дома седам,ништо не работам што се вика па ако не ставам рексона замирисувам под пазуви. 4,5 дена да си смрткам маж ми ќе умре од реата
Кога сме кај тушрањето секој ден се туширам коса мијам на 2-3 дена по што имам проблем со мрсна коса. А инаку не е препорачано туширање секој ден (а двапати во денот тоа па ич) од здравствена гледна точка.Прашајте дерматолог тој ке ви објасни зошто Постојат луѓе што едноставно колку и да не се бањаат не мирисаат ,а постојат и луѓе што секој ден се тушираат па им мириса потта.
Душо , па јас сум скроз смирена за разлика од твоите коментари до сега тука. И не полнам тема више имав што да кажам секој си прави како што сака и тоа е тоа.
Прво тоа за испрани мозоци да се надоврзам секој фала богу знае што ќе прави себе кога и колку.20 години имам не сум слушнала у Скопјево некој да каже дека нема потреба да се избања секој ден на горештиниве.Значи не сум само јас или другаркиве популација е. Второ ќе разберам некој да нема финансиски средства да пази за вода за струја нели се по ред приморани се.Не разбирам некој што ги има сите услови да прашува еј зашо се бањаш секој ден,секој втор ден? Малце ми е несфатливо. Темава не е да ме осудува мене некој или јас некој секој си кажува став и веќе кога го кажуваш биди спремен на ПОФАЛБИ И КРИТИКИ.
Пожелно е да се миеш секој ден ако веќе ептен се потиш и ти работат лојните жлезди. Некои што имаат сува кожа и/или што не се потат толку, не мора да значи дека ќе смрдат ако промашат еден ден да не се истушираат. А и некои едноставно не се чувствуваат убаво во своја кожа ако тој ден не се измијаат. Разбирам. Јас се мијам секој втор ден во лето, и секој трет во зима. Тоа е најмногу заради тоа што ако влегувам да се туширам се туширам целата сосе коса (често ми се мрси), а не само да се прснам со вода на тело ради реда и толку. Ете, не се потам многу. А кога имам физичка активност (во лето) се мијам секогаш после тоа, макар и да е секој ден. За циклус, секој ден барем одмивање на интимните делови ако ништо друго.
Ти благодарам на образложението. Ако нешто сите прават, не значи дека е правилно. Секое добро ти посакувам
Не можеш да знаеш преку коментари и тастатура дали сум возбудена или опуштена. Темава е за коментирање ако не ти одговара едноставно не ги читај моите коментари. Поздрав
@ivi1987 Што има разлика во туширање кај жена и маж и зошто некоја да мисли дали ќе те засрами тебе само затоа што не сака да се тушира секојден? Дали ти се секираш дека можеби другите жени се срамат од некои твои постапки?
Значи до што дојдове до заклучок? Фатите си дечко или девојка да не смрдите на работа и почесто да практикувате хигиена?
Треба редовно туширање не значи само да чекаш да засмрдиш па да се тушираш. Еве за пример ќе ги земам маж ми и мајка ми они се среќлии, нив потта не им мириса дури и кога ќе се испотат како стоки што се вика па сега не треба да се бањаат или да се бањаат на 3-4 дена? Мајка ми вика посебно кога ќе се врати од работа ако не се избањам мислам ќе пукнам се чуствувам лепливо исто и маж ми кога ќе си дојде од работа одма под туш.
Темата е повторно отворена за дискусија и овој пат навистина ве замолувам да се држиме до неа и да не мешаме други проблематики. Без офтопици и без навреди, ве молам. Продолжете да дискутирате.