Прво и основно во лето не може да не се истушираш и да поминеш само со подзамивање долу, зошто целосно се потиме, особено кога сме во движење. Едино може да поминеш небањат ако лежиш пред клима и си ја ладиш цел ден, се зезам. Имав една колешка нон стоп смрдеше на застарен пот во комбинација со манџа, дури и книгите што ги раззмнувавме мирисаа на неа. Под уредна девојка подразбирам бањата со чиста и испеглана облека на себе, редовно менување долен веш, редовно бањање, дискретна шминка на 50 степени кога е надвор, оти грозно е тон шминка , а испотена и направена за никаде, да нема мрсна и одвратна коса. А она промивање со вода ми е, ај долу, ама газот како? И тој само со вода? Гадно е.... Истото важи и за маживе, познавам многу млади со влакна под мишки и смрди ко прчеви, има што не менуваат гаќи по неколку дена не биле жени па да се преоблекуваат везден и тоа сум го видела или жена му писка да се бања оти смрди , а овој не сака да не настинел.... Свашта има....
Ма какви неагресивни купки и шампони, да иритирам кожа секој ден! Самите сапуни имаат висока Ph вредност која предизвикува иритација, а подоцна и рак на кожа. Од тука и застапеноста на толку кожни болести, токму од тие купки и средства за хигиена. Дома кај нас исто се знае ред, по еднаш до три пати месечно туширање, а еднаш целосно бањање, и оваа навика ја практикуваме веќе 23 години, па сум многу горда што имам семејство со здрави телесни мириси. Мензисот им смрдел бе, Боже сачувај. Па, како ќе имате природна женска арома на путките ако ја одмивате секој ден, па и уште по два пати. После не сте им биле на момците привлечни, ве варале. Нормално ќе ве вараат кога одбивате да мирисате на смрдено железо. Средствата за хигиена се зло на денешницата, тоа се треба да се укине со закон, и да се воведе ред во државава со слоган кој ќе гласи ,,Полов орган бзди, сите колективно копаме" ! Мора од негде да се почне со промени, дефинитивно.
Кога имам менструација се капам секој ден,и не ми прекинува како што ве читам јас имам слушнато и за луѓе кои не пијат апчиња за време на циклус оти ќе им прекинело крварењето Му доаѓа нешто како погорното суеверие ова Во лето се капам само еднаш на ден,шуќур не потам ич,и немам потреба како некои што ги читам по три-четири пати на ден Во зима се капам на два дена Фала многу,пријатно
Бриџет, основна работа е хигиена кај луѓето, без разлика маж или жена. Не ми е логично жена да се тушира или само замива еднаш во 4 дена или да не стави вода на себе зошто има добиено, смрди, плус сите знаеме влошките колку ја иритираат кожата. Колку и да не се поти човек, туширање или бањање секој ден е основна работа. Коса миење еднаш во неделата зошто не се мрсела, муабетов стварно не ми иде. Колку и да не се мрси сепак се ни се лепи на косата, навечер на перница ставаме глава. Влези во јавен женски тоалет и се ќе ти стане јасно. Жени излегуваат од вц и не си мијат раце, имам со свои очи видено. Па уште гордо кажуваат, и на крај будали биле тие што секој ден се туширале. Срамота е.
Неуредност и нехигиена се два различни поими да се разбереме, пошто гледам сте измешале и баби и жаби. Според мене неуредност е расфрлана соба. гардероба итн. а реално мислам дека сите понекогаш сме биле такви. Тоа и не е толку страшно, јас пример сакам да ми е се под конец ама не ретко се случува да брзам за некаде па ќе направам лом се, секако после тоа се средува. А нехигиена е друга тема веќе. Не само жените, туку и мажи 21 век сме, пазарот ни нуди разни препарати сметам дека секоја просечен човек може да си дозволи да си купи за да не мириса. Додека бев ученичка, на работа и не ретко се случувало да се најдам во друштво на личност која навистина мириса непријатно, што дури и мене ми било незгодно зошто не поднесувам. За бањањето сум читала и јас дека е штетно сепак колку и да е штетно ја зимо лето се туширам секој ден, а косата на два дена, а кога има потреба и неа ја мијам секој ден. Како девојка колку и да сум зафатена сепак наоѓам време да и ја средам косата, веѓите, гардеробата итн. Сум се изнагледала сешто и кратка облека на недепилирани нозе и раце, блузи на кимони на недепилирани пазуви, неизмиени очи со шминка од синоќа, фризура носена по една недела зошто скапо била платена мислам катастрофа. И сето тоа не од немање основни услови туку незаинтересираност.
Јас знам девојка што 3 дена носеше шминка затоа што ја платила и за 3 дена треба пак да плаќа, ти за една фризура се фати.
Знам и јас уште многубројни примети ама не би да пишувам не сакам некој навреден да се најде. Фризура како фризура после свадба нормално дека се мие, едно главата чеша од лакот други нехигиенски е да спијам на иста перница со денови со таква коса.
Најјако е кога некој ќе испадне на телевизија и ќе каже дека бањањето секој ден е штетно и опппппп! Луѓево како одма да чекаат изговор за да не се бањаат. А ако се коментира дека цигарите се штетни, воздухот е загаден, нездрава храна насекае, и сл. одма се доаѓа со коментар - ех, па мора од нешто да се умре. Значи секој како сака си толкува некои работи. А реално не знам некој од многу бањање да умрел, евентуално ако не се удавил. Абе знаете дека порано (таму 16-17 век мислам беше) само еднаш годишно се бањале? Затоа и почнале да се носат тие големите перики (нешто во стил Луј 14). Затоа што полесни им биле за одржување. Косата и еднаш годишно си ја миеле, инаку ја тапкале само со талк и ја чешлале, да упие мрсно. Ама ова не значи дека неколку века подоцна треба да се практикува истото. Наравоучение по трети пат од вчера - бањајте се.
јас па не можам да се замислам коса да не измијам. Како да не миеш коса повеќе од 2 дена? Па кој и да те види ќе ти се чуди кај идеш со мрсотија на глава. Посебно летно време. Јас па сум љубител на негувани и лакирани нокти посебно во лето. Инаку користам само база за лак. касно си сватила зошто луѓето шират непринатна миризба. Почекај некое циганче да помине покрај тебе па после почни дискусија. оди докажи им немој не кажувај мене за истово ме "нападнаа" као којзнае што е. Не знам јас скоро и да не се потам,нормално ако копам не може да не се испотам. Како бе наутро ќе се тушираат и за 2 саата се сосмирисуваат? ќути не кажувај. не замерувам јас,секој си кажува мислење. Како што некој ми се чуди мене јас им се чудам што прават што сосмирисуваар 2 саата после капење. Да не одат на нива да копаат или што? Али да таков народ сме проклета семка. и јас,ништо не мо фали. Нема немиени да си знаете никој не е будала да не се мие
Али озбилно, бојлер во лето за 2 сата се загрева доволно за еден брзински туш од 5-10 мин,а сапунче и шампон има за помалку од 100 ден. Не(хигиената) не може да биде изговор за никого.Буквално за никого. И не зависи од тоа колку живееш на висока нога или скромно,има луѓе што прежувуваат едвај,носат стара облека ама закрепена,испеглана,испрана,заби,лице тело,коса измијани. Не мирисаат на парфеми луксузни,ама имаат еден дезодоранс од 60 ден што го КОРИСТАТ. Има други,што плаќаат скапи шминки и фризури,и не мијат лице,коса како погоре наведениот пример. Не е до финансиите,денес хигиената не е скапа,до менталитетот е. Не мора да избричам мишки де,не море да ставам дезодоранс,не мора да се избањам...тоа многу кажува за нечиј карактер.Мрза? Не знам,неби рекла. Ми се гади.Не знам како не им е непријатно да им зборат и припаѓаат други после секое поминвање нивно. Јака им душа. Јас се капам секој ден,и пак се помирисувам под мишки бе ,пот е бе,пот ебате чек да видам да не се смирисав,оти потта мириса,без разлика дали си се туширал пред 2 сати или пред 2 дена. И да не ти мириса потта силно,мене психа не ми работи ако не се осетам чисто. И пот е пот,сечија пот мириса.Немој некој да речи мене не ми мириса И уше ова ае,и да спиеш се потиш.Особено лето,евентуално ако не е -20 ради клима али сепак мислам поекономично е вода и сапун,од ЕВН
Ќе оди под клуч темава ко што гледам. Мене од дискусијава едно нешто ме заинтригира, како ви тече под туш и одма кога ќе искочите, јас по бањарка си искачам одам во соба ќе си поседам така и ставам улошка па тек за некое време протекува, да не сум нешто не салам За туширање не коментирам зашто може и до 3 4 пати да стигнам дневно ова ако е ептен жешко, повеќе за да се разладами дезодоранс плус цело време (ко да не сум бањата без дезодоранс) е коса можам да оставам и до 5 дена ако сум дома, ама обично на 3-4 мијам.
Леле, ич не можам да се истуширам само, а коса да не се измијам. Уште погадно ми е, Не можам да разберам на пример, жени кои на фризер прават фризура за цела недела, со 5 тона лак. Алал да им е
Ајде вака, гледам не сме се разбрале претходниот пат: Најучтиво ве замолувам идните мислења да бидат без меѓусебни буцкања и ниски доскочици. Не личи да се дискутира на такво ниво. Значи доволно беше, да се вратиме на темата, без лични преписки.
Некогаш и тие се почисти од жени со кои имам секојдневна комуникација и соработка. Валкана и умирисана облека на манџа и цигари, мрсна коса со бели наслаги, немиени заби и ред други работи секојдневно гледам и тоа на жени. Фризура со еден тон лак по цела недела, професионална шминка исто, греота било да се измие зошто била перфектна. Ако се прокоментира дека има лош мирис во канцеларија, се вади дездоранс од ташна и ја прска цела просторија, ама џабе е, смрдеата на телото останува. Кој како сака нека прави, ама не е хумано за околината човек да не се избања цела недела, исто и за косата важи, секој човек се поти и се валка.
Ајде еве да речеме дека не се умирисуваме за два саати, ете на нервна база се бањаме сите. Просто, не мирисаме, си бањаме од кеиф. Туку, кажи ми ти како не се умирисуваш преку лето додека имаш циклус? Ова најсериозно те прашувам. Еве ке бидам искрена, јас се умирисувам. Пример, ако не се измијам кога ке станам од спиење, а имам циклус, јас самата ке паднам во несвест, а не пак некој друг... Значи зборам за 8-10 часа спиење. Кај тебе како, со денови не се бањаш?
Не беее не мирисаат они остај така си замислуваат сигурно се у несвест да падниш еј циклус +40 степени и ти 4дена да не се изтушираш и не смделе цццццц како па да не смрдли едни
Се избањав и сабајле и сега кога си дојдов од искачање и таман ја читам темава, па си викам бреј будала, трошам вода 2 пати на ден, кога можам еднаш неделно да се бањам.